Лексичките иновации во прозата на Малески и нивниот статус во стандардниот македонски јазик

Јанушева, Виолета (2015) Лексичките иновации во прозата на Малески и нивниот статус во стандардниот македонски јазик. Mundo Eslavo, 14. pp. 131-142. ISSN 2255-517X

[img] Text
Лексичките иновации во прозата на Малески и нивниот статус во стандардниот македонски јазик.pdf

Download (423kB)

Abstract

Непосредно по кодификацијата на македонскиот јазик, во 1945 г., се појавија Речникот на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања, кој го покажа високиот степен на стабилност на речникот на македонскиот јазик и на неговата стандардизација, но и многу автори кои, со својот јазичен израз, преку различни лекисчки иновации, го афирмираат македонскиот јазик како средство со кое се создаваат врвни уметнички дела. Јазикот на едно литературно дело не може да се разгледува изолирано од општествениот контекст во кој е пишувано делото, тој не може да се разгледува ниту одделно од општонародниот јазик, зашто во јазикот на уметничката литература се рефлектира целокупниот речнички фонд на еден јазик. Во трудот се анализираат одредени лексички единици присутни во романот „Разбој“ на македонскиот писател, В. Малески, кои во докторската дисертација на Паноска се определени како лексеми со кои се актуализира народната лексика и како зборообразувачки иновации, од гледна точка на нивниот статус во македонскиот стандарден јазик, денес, во однос на нивното значење и на нивната употреба и се потврдува дека тие го губат статусот што го имаат во тој период, а се покажува и дека лексиката како дел од јазичниот систем е постојано подложна на промени. Во трудот се наведени лексеми кои можат да се употребат како примери при обработка на поглавја од македонската лексикологија.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Mr Josif Petrovski
Date Deposited: 16 Jul 2018 13:22
Last Modified: 16 Jul 2018 13:22
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1188

Actions (login required)

View Item View Item