Заштитата за животната средина во остварување на безбедноста во Република Македонија (теоретски, нормативни и институционални аспекти)

Иванов, Александар (2013) Заштитата за животната средина во остварување на безбедноста во Република Македонија (теоретски, нормативни и институционални аспекти). Doctoral thesis, Факултет за безбедност- Скопје.

This is the latest version of this item.

[thumbnail of Иванов Дисертација Конечна 07.10.2013.pdf] Text
Иванов Дисертација Конечна 07.10.2013.pdf

Download (7MB)

Abstract

Прашањата кои имаат заедничко значење за општествата ставени во безбедносна дилема покажуваат повисок степен на реализација и мобилизација на јавното мислење. Заштитата на животната средина во таа смисла се наметнува како важно прашање во изминатите децении. Покрај тоа што заштитата на
животната средина во себе содржи длабока морална димензија несомнено неопходни се конкретни оперативни и практични активности на заштита. Промените по животната средина како резултат на модерниот начин на живот се видливи и оставаат силни последици. Во Република Македонија повеќе од една деценија постои организиран институционален пристап кон заштитата на животната средина. Како резултат на „зелените“ политики во изминатите години, животната средина филозофијата на своето значење ја најде во многу области на
животот на човекот. Интердисциплинарната природа на екологијата како наука во поглед на животната средина не е единствена. По сè изгледа природата на животната средина го наоѓа своето место во рамки на многу научни области. Безбедноста како поле на истражување која исто така претставува поле на интердисциплинарни „пресеци“ на сознанија на бројни природни и општествени науки успешно се
„вкрстува“ со некои од полињата на научен, општествен (политички, економски, социјален) интерес на она што претставува животна средина. Трудот отвора теоретски прашања поврзани со безбедноста, ризиците, кризите и животната средина во филозофска смисла. Нормативно – институционална анализа на решенијата и надлежностите се прави во дел од
системот за заштита на животната средина кој истовремено претставува и потсистем на безбедносниот систем во Републиката. Перцепцијата за безбедносни прашања на оние кои работат (вработените во надлежните институции) во остварување на определена заштита (во случајот животната средина) има исклучителна важност во практичните и оперативни мерки на доследност на спроведување на законските решенија. Во оваа смисла значење за нас имаат и ставовите и перцепциите на студентите како идни носители на општествените активности. Министерството за животна средина и просторно планирање, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи комплементарно со општините и градот Скопје имаат централна улога во заштитата на животната средина во својата диференцирана надлежност, но комплементарна во однос на идејата на своето постоење.
Во трудот е нагласена безбедносната димензија на животната средина која на индивидуално ниво сè повеќе ќе зазема значајно место кај луѓето што понатаму неопходно се пресликува (ќе се пресликува) во општите политики при што истата ќе стане еден од главните фактори на создавање на перцепција за безбедноста кај луѓето. Во однос на општите политики во трудот се нагласува безбедноста на животната средина како безбедносна варијабла во доктрината на национална безбедност.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Ms. Olivera Trajanova
Date Deposited: 10 Jul 2023 19:52
Last Modified: 10 Jul 2023 19:52
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/8615

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item