ArticlePDF Available

COOPERATIVE LEARNING - SYNERGIC APPROACH TOWARDS SUCCESS IN LEARNING

Authors:
Битола, 2012
Bitola, 2012
Битола, 2012
Bitola, 2012
Универзитет „Св. Климент Охридски“
Педагошки факултет – Битола
University “St. Kliment Ohridski”
Faculty of Education Bitola
Меѓународно списание „УЧИТЕЛ“
International journal “TEACHER”
Издавач
Педагошки факултет – Битола
Декан проф. д-р Јове Димитрија Талевски
Уредувачки одбор
акад. Грозданка Гојков, Србија
акад. Марјан Блажич, Словенија
проф. д-р Милан Матијевиќ, Хрватска
проф. д-р Светлана Куртеш, Англија
проф. д-р Антон Илица, Романија
проф. д-р Ева Сорадова, Словачка
проф. д-р Том Јовановски, САД
проф. д-р Златко Жоглев, Македонија
проф. д-р Јордан Стојановски, Македонија
проф. д-р Добри Петровски, Македонија
проф. д-р Методија Стојановски, Македонија
Главен и одговорен уредник
проф. д-р Љупчо Кеверески
Лектор
доц. д-р Виолета Јанушева
Преведувач
лектор м-р Бисера Костадиновска
Корица
доц. д-р Биљана Цветкова Димов
Техничка и компјутерска обработка
м-р Јосиф Петровски
CIP Каталогизација во публикација, Национална установа
Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Битола.
УЧИТЕЛ: Списание на Педагошкиот факултет – Битола/
[Уредувачки одбор акад. Грозданка Гојков ... ] Год XI, бр.1 (2012) - .
- Битола: Педагошки факултет, 2012 - . 24 см., 303 стр.
Неопределeна
ISSN 1409-6870
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
Адреса: Педагошки факултет
ул. „Васко Карангелески“ бб
7000 Битола, Р. Македонија
Тел/факс. ++ 389 47 253 652; 203 385
Со мислење на Министерството за култура бр. 07-2699/2 од 15.04.1998
година, за списанието „Учител“ се плаќа повластена даночна стапка.
Во согласност со член 20, точка 8 од Законот за ДДВ (Службен весник на РМ
44/99), за списанието „Учител“ платен е данок од 5%. Списанието нема
комерцијален карактер.
П Р Е Д ГО В О Р
Поимот Учител претставува единствен универзален, уникатен и
легитимен предзнак во сферата на образованието и воспитувањето кој
ја обликува и креира многугодишната педагошка епопеја. Да се
размислува и да се говори за рефлексиите на учителот значи да се
признае неговата семоќ во еден непрекинат општествено-историски
континуум.
Интернационалното списание Учител претставува
мултидисциплинарен спектар на трудови кои ги актуализираат
рефлексиите на голем број традиционални педагошки теми во
современ микро и макропедагошки амбиент во нашето поблиско и
подалечно окружување.
Различните педагошко-психолошки, едукативни, развојно-
динамички, филозофски, етички, лингвистички и други содржинско-
концепциски ориентации Списанието го прават функционално и
целисходно. Педагошката вредност на трудовите се забележува во
нивната очигледна тенденција да се дистанцираат од ригидните
педагошки опсервации и елаборации на голем број современи
мултидимензионални феномени.
Интернационалните погледи на актуелни, исти и зеднички
педагошки проблеми се доказ дека тие постојат и опстојуваат, односно
дека се вечни, вечни како базичните универзални постулати
образование и воспитание.
Теориско-емпириските експликации во трудовите
дијагностицираат состојби, изградуваат хипотетички конструкти,
отвораат дилеми, апострофираат најразлични дивергентни пристапи и
нудат нови концептуални решенија. Со тоа тие гравитираат кон еден
континуум наречен минато-сегашност-иднина како кон еден постојан
педагошки круг.
Посебна благодарност до рецензентите и до авторите на
трудовите кои покажаа педагошки сензибилитет да ги споделат своите
теориски и емпириски искуства со сите нас, а посебно со оние на кои
им се најпотребни.
Редакциски одбор
P R E F A C E
The term Teacher presents a universal, unique and legitimate
predictor in the field of education that shapes and creates a multi-year
pedagogical epic. To think and to talk about the reflections of the teacher is
to recognize his omnipotence in an ongoing socio-historical continuum.
The International journal Teacher is a multidisciplinary range of
papers that actualize the reflections of many traditional pedagogical topics
in modern micro and macro pedagogical environment in our immediate and
distant environment.
Various pedagogical-psychological, educational, developmental
dynamic, philosophical, ethical, linguistic, and other content-conceptual
orientations magazine do a functionally meaningful whole. Pedagogical
values of the works can be seen in their apparent tendency to distance
themselves from the rigid pedagogical observations and elaborations of a
large number of modern multidimensional phenomena.
International views on the current, the same and the common
pedagogical problems are a proof that they exist and persist or are eternal,
eternal as basic universal tenets of education and upbringing.
Theoretical and empirical explications in the papers diagnose
conditions, build hypothetical constructions, open dilemmas, emphasize
various divergent conceptual approaches and offer new solutions. Thus they
gravitate towards a continuum called past-present-future as to a permanent
pedagogical circle.
Special thanks to the reviewers and the authors of papers that
showed pedagogical sensibility to share their theoretical and empirical
experiences with all of us, especially those who are most needed.
Editorial Board
С О Д Р Ж И Н А
Милан Матијевиќ
МЕДИУМИТЕ ВО НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС И ВО
УЧЕЊЕТО ............................................................................................... 12
Иван Фербежер
МИТОВИ ЗА МАТЕМАТИЧКИ ТАЛЕНТИРАНИТЕ
УЧЕНИЦИ............................................................................................... 53
Јасмина Старц
ИЗБОР НА ПРОФЕСИОНАЛНA КОМУНИКАЦИСКA
КОМПЕТЕНЦИЈА НА МЕНАЏЕРИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА
ОБРАЗОВАНИЕ – ПРАКТИЧНИ СОСТОЈБИ .................................. 67
Љупчо Кеверески
КОГНИТИВНИТЕ СТИЛОВИ, СТИЛОВИТЕ НА МИСЛЕЊЕ
И МЕТОДИТЕ ЗА ПОУЧУВАЊЕ ...................................................... 77
Виолета Арнаудова
СТИМУЛИРАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА КРЕАТИВНО
МИСЛЕЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИ ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА .......... 87
Татјана Крстевска Ковачевска
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО
МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА НИЗ РАЗВОЈНИТЕ ПЕРИОДИ ОД 1958 ДО
2007 ГОДИНА ...................................................................................... 103
Валентина Гулевска
БАЛАНСИРАЊЕ МЕЃУ СИСТЕМИТЕ НА ВРЕДНОСТИ И
МОДЕРНАТА ОБРАЗОВНА ПОЛИТИКА ....................................... 121
Ирина Петровска
ЛЕКСИЧКАТА ИНВЕНТИВНОСТ И ПОЗАЈМУВАЊЕТО
ВО МАКЕДОНСКАТА КУЛИНАРСКА ЛЕКСИКА........................ 127
Милица Андевски
УЧЕЊЕ ОД КОНСТРУКТИВЕН ДИСКУРС .................................... 135
Агим Рушити
МАТЕМАТИЧКИ МОДЕЛИ ЗА РАЗВОЈ НА
МАТЕМАТИЧКИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ ............................................ 150
Бојо Колонџовски
Мирослав Кука
НЕКОИ АСПЕКТИ НА ПОТТИКНУВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ
НА КРЕАТИВНОСТА КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ВО НАСТАВАТА
ПО ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО ........................................................ 170
Миле Д. Миќуновиќ
ВОСПИТНАТА ФУНКЦИЈА НА ПРОСТУВАЊЕТО ..................... 178
Катарина Ванчикова
СООЧУВАЊЕТО НА РОМСКИТЕ ДЕЦА СО БАРИЕРИ ВО
ОБРАЗОВАНИЕТО - НЕКОЛКУ ИДЕИ ЗА ПРАВДА - .................. 181
Виолета Јанушева
ВАЛЕНЦИЈАТА НА НЕПРЕФИКСИРАНИТЕ
ЕДНОАРГУМЕНТСКИ ГЛАГОЛСКИ ПРЕДИКАТИ СО СЕ
ВО СВОЈОТ СОСТАВ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ВО
ГОВОРОТ НА БИТОЛА ...................................................................... 192
Даниела Андоновска Трајковска
РАЗВОЈ НА ГОВОРОТ КАЈ ДЕТЕТО: ИСТОРИСКИ,
ТЕОРИСКИ И МЕТОДИЧКИ ПРИСТАП ......................................... 209
Марија Ристевска
ПОСТАПКИ ЗА ПОЛЕСНО УЧЕЊЕ КАЈ ДЕЦАТА ОД
ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ ........................................................... 219
Милена Пејчиновска
КООПЕРАТИВНОТО УЧЕЊЕ - СИНЕРГИЧЕН ПРИСТАП
КОН УСПЕСИ ВО УЧЕЊЕТО ........................................................... 227
Бисера Костадиновска
Виолета Јанушева
ЗА ПРЕВОДОТ НА ФРАЗЕОЛОШКИТЕ ИЗРАЗИ ......................... 236
Фросина Денкова
Софија Арнаудова
EФИКАСНОСТ И МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА СО
УЧЕНИЦИ КАЈ НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОСНОВНО И
СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ .................................................................. 241
Александар Н. Тодоровски
ПЕРМАНЕНТНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА
АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАДАР ВО (ВИСОКО)
ОБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ - СОСТОЈБИ И
ПЕРСПЕКТИВИ -................................................................................. 251
Наташа Петрова - Поповски
ПОТРЕБА ОД ПОСТАВУВАЊЕ СТАНДАРДИ ЗА
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ ВО ВИСОКОТО
ОБРАЗОВАНИЕ ................................................................................... 262
Весна Стојановска
КАРИЕРНОТО ПЛАНИРАЊЕ И УЛОГАТА НА
РАЗЛИЧНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА ..................... 278
Кристина Петровска
УЛОГАТА НА НАСТАВНИКОТ ПРИ ИДЕНТИФИКАЦИЈА
НА НАДАРЕНИТЕ УЧЕНИЦИ .......................................................... 292
C O N T E N T S
Milan Matijević
MEDIA IN THE TEACHING PROCESS AND LEARNING ................ 12
Ivan Ferbeţer
MYTHS ABOUT MATHEMATICALLY TALENTED STUDENTS ... 53
Jasmina Starc
PREFERENCE OF THE PROFESSIONAL COMMUNICATIONAL
COMPETENCE OF THE MANAGERS IN THE PROCESS OF
EDUCATION PRACTICAL CONDITIONS ....................................... 67
Ljupcho Kevereski
COGNITIVE STYLES, STYLES OF THINKING AND TEACHING
METHODS ............................................................................................... 77
Violeta Arnaudova
STIMULATING SKILLS FOR CREATIVE THINKING TO
STUDENTS FROM LOWER GRADES ................................................. 87
Tatjana Krstevska Kovachevska
PRESENTATION OF THE CURRICULA FOR TEACHING
MUSIC IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA THROUGH THE
DEVELOPING PERIODS FROM 1958 UNTIL 2007 .......................... 103
Valentina Gulevska
BALANCING BETWEEN SYSTEMS OF VALUES AND
MODERN EDUCATION POLICY ....................................................... 121
Irina Petrovska
LEXICAL INVENTIVENESS AND PROCESS OF BORROWING
IN THE MACEDONIAN COOKING TERMINOLOGY ..................... 127
Milica Andevski
LEARNING THROUGH CONSTRUCTIVIST DISCOURSE ............. 135
Agim Rushiti
MATHEMATICAL MODELS FOR THE DEVELOPMENT OF
MATHEMATICAL COMPETENCIES ................................................ 150
Bojo Kolondzovski
Miroslav Kuka
SOME ASPECTS OF ENCOURAGEMENT AND
DEVELOPMENT OF THE CREATIVITY WITHIN THE CLASSES
OF NATURE AND SOCIETY .............................................................. 170
Mile D. Michunovich
FORGIVENESS AND ITS PEDAGOGICAL FUNCTION ................. 178
Katarína Vančíková
ROMA CHILDREN FACE BARRIERS TO EDUCATION -
SEVERAL IDEAS ABOUT JUSTICE .................................................. 181
Violeta Janusheva
THE VALENCY OF UNPREFIXED ONE-ARGUMENT VERB
PREDICATES WITH REFLEXIVE PRONOUN IN THEIR
STRUCTURE IN MACEDONIAN LANGUAGE, IN BITOLA
DIALECT ............................................................................................... 192
Daniela Andonovska Trajkovska
DEVELOPMENT OF THE SPEECH WITH CHILDREN:
HISTORICAL, THEORETICAL AND METHODOLOGICAL
APPROACH ........................................................................................... 209
Marija Ristevska
EASIER LEARNING PROCEDURES FOR PRESCHOOL
CHILDREN ............................................................................................ 219
Milena Pejchinovska
COOPERATIVE LEARNING- SYNERGIC APPROACH
TOWARDS SUCCESS IN LEARNING ............................................... 227
Bisera Kostadinovska
Violeta Janusheva
ABOUT THE TRANSLATION OF PHRASEOLOGICAL
EXPRESSIONS...................................................................................... 236
Frosina Denkova
Sofija Arnaudova
EFFICIENCY AND MOTIVATION WITH TEACHERS FOR
WORKING WITH STUDENTS IN PRIMARY AND SECONDARY
SCHOOL ................................................................................................ 241
Aleksandar N. Todorovski
PERMANENT EDUCATION OF THE ADMINISTRATIVE
STAFF IN (HIGHER) EDUCATION - STATES AND
PERSPECTIVES .................................................................................... 251
Natasha Petrova - Popovski
THE NEED FOR SETTING STANDARDS FOR ENSURING
QUALITY IN THE HIGHER EDUCATION ........................................ 262
Vesna Stojanovska
CAREER PLANNING AND THE ROLE OF VARIOUS
SUBJECTS IN ORGANIZATION ........................................................ 278
Kristina Petrovska
THE ROLE OF THE TEACHER WHEN IDENTIFYING THE
GIFTED CHILDREN............................................................................. 292
227
Milena Pejchinovska1
COOPERATIVE LEARNING- SYNERGIC APPROACH TOWARDS
SUCCESS IN LEARNING2
Abstract
Cooperative learning has different approach from those of the individual
and competitive learning. The cooperative learning is based on cooperation, mutual
relationship in which the students put themselves in the service of satisfying their
own needs, and taking into account the needs of the others. The research shows
that, unlike the individual and competitive learning, when practicing the
cooperative learning, students understand and master the study programs better.
Also, the divided responsibility and the established interaction lead to much easier
executing of the assignments and create better relationships in the group, and to
those students that show weaker success, it becomes easier to form a better picture
about themselves. The synergy that is made in the cooperative learning creates a
much motivating atmosphere, connection and feeling of belonging in reaching the
goal. The successful communication at cooperative learning leads to good
partnership and friendly relationships and with that, a better emotional and social
climate, will create better conditions for realization of the process of learning.
Keywords: cooperative learning, effects from cooperative learning,
communication and interaction
КООПЕРАТИВНОТО УЧЕЊЕ - СИНЕРГИЧЕН ПРИСТАП КОН
УСПЕСИ ВО УЧЕЊЕТО
Апстракт
Кооперативното учење има поинаков пристап од индивидуалното и
компетитивното учење. Кооперативното учење се заснова на соработка, на
меѓусебен однос во кој учениците се ставаат во функција на задоволување на
сопствените потреби, а притоа, водат сметка да бидат задоволени потребите и
на останатите. Истражувањата покажуваат дека, за разлика од
индивидуалното и компетитивното учење, при практикување на
1 ас. м-р Милена Пејчиновска, Педагошки факултет - Битола, Универзитет „Св.
Климент Охридски“- Битола, Република Македонија
Teaching assistant Milena Pejchinovska, MEd., Faculty of Education - Bitola, University
St. Kliment Ohridski Bitola, Republic of Macedonia
2 Стручен труд / Specialized paper
228
кооперативното учење учениците подобро ги разбираат и совладуваат
наставните содржини. Исто така, поделената одговорност и воспоставената
интеракција, доведуваат до полесно прифаќање на задачите, се создаваат
подобри односи во групата, а на оние ученици кои покажуваат помалку
задоволителен успех, им овозможуваат да формираат подобра слика за себе.
Синергијата создадена во кооперативното учење произведува мотивирачка
атмосфера, поврзаност и чувство на припадност во постигнувањето на целта.
Успешната комуникација при кооперативното учење води кон добри партнер-
ски и пријателски односи и притоа, создадената поволна емоционална и
социјална клима, создава добри услови за реализирање на процесот на учење.
Клучни зборови: кооперативно учење, ефекти од кооперативното
учење, комуникација и интеракција
КООПЕРАТИВНОТО НАСПРОТИ ИНДИВИДУАЛНОТО
И КОМПЕТИТИВНОТО УЧЕЊЕ ВО НАСТАВАТА
Кооперативното учење3 подразбира учење преку соработка, при
што учениците ја комбинираат својата енергија и ја насочуваат кон за-
едничка цел што треба да се реализира. Кооперативното учење својата
основа ја има во хуманистичките теории, имено, самата хуманистичка
концепција укажува на потребата од здрави интеракциски односи и на
соработување помеѓу учениците, кои најдобро се остваруваат во кола-
боративни групи.
Индивидуалното учење подразбира работа на секој ученик со
свое темпо во насока на остварување на индивидуални цели. За
разлика од кооперативното учење, индивидуалното учење го
оневозможува развојот на социо-когнитивните4 компетенции, поради
отсуството на директната интеракцијата со останатите ученици. При
индивидуалното учење учениците, кои по природа се комуникативни и
друштвени, работат во изолација и самостојно ги изведуваат
3 Истражувањата покажуваат дека кооперативното учење, како облик на учење, има и
недостатоци, но тие во трудот нема да се разгледуваат. Во трудот се зема предвид
придобивката од примената на кооперативното учење тргнувајќи од претпоставката
дека во групата постои мотивација за работа и желба секој да придонесе за
целокупниот ефект на групата. Притоа, се претпоставува дека се исполнети и
релевантните услови за работа во група: тимска работа, комуникативни вештини,
решавање на проблеми, соработка, лидерство итн.
4 Способност за изразување на ставот и на гледиштето; дијалог; соработка и
споделување; ефикасно комуницирање; поддршка; прифаќање на одговорност; почи-
тување на туѓото мислење; слушање итн. в. Ивиќ, (2001): 36.
229
целокупните активности. Понатаму, при индивидуалното учење голем
дел од времето на наставникот се троши на поправање на
индивидуалните грешки, на тестирање на постигнувањата, со што во
голема мера се намалува времето за поучување. Во индивидуалното
учење единствени односи кои се воспоставуваат се односот на
ученикот со поставената цел и односот на ученикот со наставникот. Но
и покрај ваквите забелешки кои му се припишуваат на индивидуалното
учење, овој облик на организирање на наставната работа се јавува како
ефикасен начин за развој на самостојноста кај учениците, за
стекнување на верба во сопствените можности, а наставникот, како и
ученикот многу побрзо добиваат повратна информација за
постигнатите резултати.
Друг начин за организирање на наставната работа е оној во
духот на натпреварот. Учениците го следат напредокот на своите
„противници“ - соученици со кои ги споредуваат своите способности,
вештини и знаење. Во компетитивното учење постои борба за доаѓање
до целта, која може да ја постигне само еден, т.е. има само еден
победник, а тој е оној што е најдобар, најталентиран, често
екстровертна личност, сигурна во сопствените можности. Сите
останати ученици се споредуваат со постигнувањата на најдобриот
ученик и нивната цел е да го достигнат, или да бидат подобри од него.
Поставеноста на компетитивното учење на овој начин наведува на
заклучок дека нема некој голем проблем, постои динамика, живост,
борбеност за постигнување и подобрување на сопствените
достигнувања. Но што се случува со оние ученици кои се со поскромни
способности, кои во ваквата натпреварувачка атмосфера се постојано
осудени да бидат на дното, што е со оние кои немаат доминантна
природа, се субмисивни, со слаба самодоверба, дали тие би се
впуштиле во предизвиците на натпреварот? Одговорот е едноставен,
кај нив натпреварувачката атмосфера доведува до страв од повторен
неуспех, вознемиреност и повлекување.
Многу добар начин да се надминат недостатоците на вака орга-
низираното учење, и, притоа, да се стави акцент на социјалниот развој
на учениците, на размената на знаење и искуство и на постигнување на
добри резултати преку соработка, е кооперативното учење.
Кооперативното учење изградено е врз основа на конструктивното
знаење на учениците и промовира активен начин на учење, што не би
можел да се постигне со индивидуалното или компетитивното учење.
230
ЗОШТО КООПЕРАТИВНО УЧЕЊЕ?
Во стручната литература се истакнуваат неколку поважни
карактеристики на кооперативното учење, кои претставуваат
придобивка на истото. Прво, кооперативното учење подразбира
интеракција која се одвива директно помеѓу членовите на групата што
е особено важна како за стекнување на ново знаење така и за
развивање на критичките мисловни способности, а во согласност со
тоа и физичката организација во групата е во функција на стимулирање
на интеракцијата. Потоа, меѓусебната соработка и разменувањето на
задачите, обврските, работните материјали итн., подразбира движење
кон остварување на поставената цел (заедничка за сите, но со
структурирани активности и со заемна зависност во улогите) и ваквото
синергично функционирање за остварување на целта треба да се сфати
како постигнување на групата. Трето, во кооперативното учење важен
е индивидуалниот ефект на секој поединец кој треба да сноси лична
одговорност за она што го сработува самостојно, бидејќи од неговиот
придонес има корист целата група и зависи квалитетот на она што се
работи во групата. Четврто, преку кооперативното учење се развиваат
комуникациски вештини, мотивациони облици и вештината на
дијалогот, како најхуман облик на меѓусебно општење и разрешување
на постојните ситуации. Учениците работејќи во мали групи, поддржу-
вајќи се меѓу себе и комуницирајќи, развиваат чувство на припадност и
грижа и кај нив се развиваат социјални вештини. Петто,
кооперативното учење бара вреднување на групната работа и на
ефектите од истата. Во ова учење се оценува резултатот до кој доаѓа
групата, но и способноста и можноста за примена на она што се
научило, на пр., начин на решавање на некој проблем,
иницијативноста, дивергентното мислење итн.
Истражувањата посветени на кооперативните модели на учење
меѓу кои се и оние на Б. Џојс, Е. Калоун и Д. Хопкинс (B. Joyse, E.
Calhoun и D. Hopkins)5, потврдиле дека кооперативните групи водат
кон подобрување на учењето. Резултатите од нашите истражувања ја
потврдуваат претпоставката на која се темели употребата на
кооперативните методи6.
5 Bruce Joise, Emily Calhoun, David Hopkins, (2002): 99.
6 Во рамките на проектот „Модернизација на образованието“, реализиран во 2010 г.
(и обуката „Учење преку истражување“ во реализација на Педагошкиот факултет од
Битола), од добиените резултати од анкетните прашалници и неформалните
разговори со 87 наставници вклучени во обуката, се уочи важноста на работата во
групи првенствено кога се применуваат активни методи во истражувачките постапки,
231
Ефектите и придобивките од кооперативното учење, како
социјален облик на учење, според Б. Џојс, Е. Келоун и Д. Хопкинс, со
кои се сложуваат и други застапници на овој облик, можеме да ги
групираме во следниве поставки:
- Синергијата создадена во кооперативното учење произведува
повеќе мотивирачка атмосфера, за разлика од онаа во
компетитивното учење. Интегративните социјални групи, пак, во кои
постои поврзаност и чувство на припадност, се поефективни во
постигнување на целта (членовите на групата преземаат како
индивидуална така и колективна одговорност и секој има обврска да ги
изврши задачите и да биде осигурен дека сите во групата ќе го
направат истото).
- Членовите во кооперативната група учат едни од други, секој
ученик има помошници, за разлика од структурите на учење кои гене-
рираат изолирана работа.
- Меѓусебната интеракција води кон когнитивен и социјален
развој, креирајќи повеќе интелектуална активност.
- Соработката во кооперативното учење води кон зголемување
на позитивните чувства помеѓу членовите во групата, ја редуцира
поделеноста и осаменоста, помага во градењето пријателства и
обезбедува самопотврдување.
- Соработката во кооперативното учење ја зголемува
самодовербата, не само преку учењето туку и преку чувството на
припадност и на грижа за другите во групата.
- Учениците подобро ќе одговараат на поставените задачи во
кои се бара кооперативност, и притоа ќе ги развиваат способностите
за заедничко продуктивно работење. Колку повеќе на учениците им се
дава можност да работат заедно, толку ќе бидат подобри во тоа.
Токму со практикување на активности во кооперативни групи
учениците ќе ги развиваат своите можности да работат заедно.
Комбинацијата на меѓусебната поддршка и зголемената
сознајна комплексност создадена од социјалната интеракција има
тивки, но брзи ефекти во учењето на нови содржини и вештини.
Партнерството во учењето претставува добар начин за развој на
социјалните вештини и емпатијата и води кон значително зголемување
на фокусираноста кон проблемот. Учениците кои покажуваат помалку
како и кога се учи преку проект и преку решавање на проблеми. Истовремено
исказите од неформалните разговори укажаа на комплексноста на работата во групи
во повеќе сегменти, в. Jove D. Talevski, Violeta Janusheva, Milena Pejchinovska, (2010):
251-255.
232
задоволителен или незадоволителен успех, постигнуваат добри
резултати многу брзо. Партнерствата ја зголемуваат вклученоста и
концентрацијата на соработката и притоа, се избегнува доминирањето
на еден ученик над другите, а се зголемува одговорноста за
сопственото учење7.
Кооперативното учење е посебно погодно при повторување на
обработени содржини, при практично проверување на знаењата итн.,
но тоа не треба да биде и единствениот пристап во наставата преку кој
учениците ќе доаѓаат до знаења, ќе развиваат вештини и ќе стекнуваат
навики.
КОМУНИКАЦИЈАТА ВО КООПЕРАТИВНОТО УЧЕЊЕ
Комуникацискиот аспект успешно се реализира преку групни
игри кои овозможуваат природност и отвореност на меѓучовечките
врски. Во овој поглед доста е корисно играњето на улоги кое
овозможува развој на емпатичност8 кон другите, и решавање на
конфликтите и намалување на тензиите, а учениците среќавајќи се со
одредени ситуации учат како да се справат со проблемите. Преку
кооперативната групна работа, учениците полесно се поттикнуваат
отворено да ги изразат своите чувства, да разменуваат мислења, да
дискутираат за одредени проблеми и задачи. Примената на
дискусијата, која подразбира заземање на одреден став во однос на
некое прашање или проблем и одбрана на истиот, води кон развој на
критичкото мислење и на способноста за слушање на другите.
Кооперативното учење подразбира директна интеракција9
помеѓу членовите на групата, при што учениците се гледаат, се
слушаат меѓусебно и споделуваат материјали. Воспоставената
интеракција лице в лице помеѓу членовите на групата е особено важна
и претставува можност за стекнување на ново знаење и е основа за
7 Одредени автори наведуваат дека има родители и наставници кои веруваат дека
учениците кои се успешни во индивидуалното остварување на задачите, нема да
профитираат во кооперативна околина, како и дека талентираните ученици претпочи-
таат да работат сами. в. Dennis Adams, Mary Hamm, (1994). Но имајќи го предвид
развојот на социјалните компетенции и значењето на позитивните интеракциско-
комуникациски односи, овој вид на учење е погоден за сите ученици во регуларните
одделенија.
8 Стратегии за развој на емпатијата во процесот на учење во групи в. Pejchinovska,
Janusheva, (2011): 441-443.
9 Според одредени автори, кооперативното учење се нарекува уште и интерактивно
учење, токму поради фактот што учениците ги развиваат своите, првенствено, социо-
когнитивни компетенции во интерперсоналните односи.
233
социјализација на личноста. При кооперативното учење, учениците ги
извршуваат барањата кои ги поставува наставникот, работејќи во
парови, или мали групи (4 до 6 ученици), хетерогени по својот состав,
со што се промовираат разликите и се склопуваат пријателства помеѓу
ученици од различна верска, расна и етничка припадност. Наставникот
директно или индиректно комуницира со учениците преку давање на
инструкции, охрабрување, поддржување, поучувајќи ги, воспитно
влијаејќи и промовирајќи ги добрите односи.
Воспоставената интеракција помеѓу членовите на групата дове-
дува до полесно прифаќање на задачите и обврските, дава елан за
работа, а меѓусебната поддршка и зголемената сознајна комплексност,
создадена од социјалната интеракција, води кон ефективно учење на
нови содржини, вештини и навики. Меѓусебната интеракција
овозможува побрз когнитивен и социјален развој на личноста.
Успешната комуникација во кооперативното учење води кон
зголемување на позитивните чувства помеѓу членовите во групата, ја
редуцира поделеноста и осаменоста, помага во градењето на
пријателства и обезбедува афирмација. Од друга страна пак, преку
кооперативното учење се развиваат и усовршуваат комуникациски
вештини, посебно вештината на дијалог, како најхуман облик на
меѓусебно општење и разрешување на постојните проблемски
ситуации. Учениците комуницирајќи, развиваат чувство на припадност
и грижа, развивајќи ги притоа, и социјалните вештини: моќ на
комуницирање, доверба во своите можности, почит кон другите,
чувство за вредност итн., кои стануваат сè попотребни во современиот,
постојано променлив живот.
ЗАКЛУЧОЦИ
Истражувањата и практиката покажале дека учениците учат
повеќе кога активно се ангажирани преку решавање на проблеми и
кога откриваат со примена на истражувачките постапки во наставата.
Во кооперативните групи учениците меѓусебно разменуваат идеи и
расудуваат, решавајќи одреден проблем, или извршувајќи некоја
задача, и мисловно се ангажираат. Во таа смисла кооперативното
учење доведува до будност на умот, што не може да се постигне преку
пасивно слушање.
Кооперативното учење ги промовира разликите. Учениците кои
работат заедно во хетерогени групи имаат поголема можност да
стекнат познаници и да создадат пријателства.
234
Кооперативното учење ја промовира писменоста и јазичните
способности. Учењето во група им овозможува на учениците повеќе да
го користат говорот и со тоа да ги подобрат говорните вештини.
Вербалната комуникација е основа на групната работа.
Кооперативното учење ги подготвува учениците за денешното
општество. Тимската работа овозможува синергично извршување на
активностите и решавање на проблемите и претставува значајна
претпоставка за успешно функционирање на поединецот во
секојдневниот живот. Кооперативното учење ја начнува социјалната
природа на поединецот, ги изградува самодовербата и општественото
разбирање. Од друга страна, развојот на индивидуалните потенцијали
и себереализацијата преку заедничката соработка, создаваат чувство на
пријатност во групата и ја зголемуваат мотивираноста за работа.
Кооперативното учење ги подобрува ефектите на поучувањето.
Преку активното ангажирање на учениците во процесот на учење,
наставниците доаѓаат до многу важни сознанија за стиловите на учење
на учениците, како и за степенот на совладаност на содржините. Колку
повеќе учениците преземаат одговорност за учењето, толку
поучувачката сила на наставниците се зголемува.
Во кооперативното учење, важно е да се стави акцент на
комуникациските и интеракциските односи, од чија успешност зависат
односите помеѓу членовите во групите, соработката и социјалниот
развој на личноста.
Користена литература
Adams D., Hamm M. (1994). New designs for teaching and learning. San Francisko:
Jossey Bass Publishers.
Andrilovič V., Čudina M. (1985). Psihologija učenja i nastave. Zagreb: Školska knjiga.
Bratanič M. (1993): Mikropedagogija: interakcijsko-komunikacijski aspekt odgojа. Zagreb.
Školska knjiga.
Ивиќ И. (2001). Активно учење. Београд: Институт за психологију.
Janusheva V., Pejchinovska M. (2011). Тhe Teacher - a Succesfull Comunicator and
Promoter of the Students Achievements, Int’l Journal of Arts & Sciences (IJAS)
Conference, Germany: Int’l Journal of Arts & Sciences CD-Rom. ISSN: 1944-
6934: 4(16): 437-449 (2011).
Joise B., Calhoun E., Hopkins D. (2002). Models for learning - tools for teaching. Second
edition, Philadelphia: Open University Press.
Пејчиновска М. (2011). Погодната клима во регуларните одделенија и моралната
чувствителност на надарените ученици, Вршац: 17 Округли сто:
Даровитост и моралност. ISBN 978-86-7372-148-4, 17 (2012): 668-673.
235
Попоски К. (1997). Психолошки основи на современата настава. Скопје: Просветно
дело.
Rot N. (2004). Znakovi i značenja. Beograd: Plato.
Talevski D., J. Januseva V., Pejchinovska M. (2010). Learning through Research, a
Possibility for Permanent Professional Improvement of the Teaching Staff in the
Elementary Education, Educational Technologies, Sliven, Vol. 17, pp. 251-255.
Havelka N. (2000). Učenik i nastavnik u obrazovnom procesu. Beograd: Zavod za učbenike
i nastavna sredstava.
ResearchGate has not been able to resolve any citations for this publication.
Conference Paper
Full-text available
The aim of the program Learning through research is an in-depth cognition with teachers for the importance and the role of the research tools in the educational process and the professional improvement of the teachers for their effective use. The idea for this kind of education came as a result from the need of the teacher to organize the curricula in an optimal way, to make the right choice for the research tools depending on the content that is being taught and with that, to improve the activity and the participation of the students in the Educational Process (EP), and that is part of the tenets of the permanent improvement of the teaching staff. The program, in its core, amounts to the improvement and professional improvement of the teaching staff which will be able to effectualize the process of learning, and with that the students will be actively involved in the process of learning, will develop their creativity, independence, critical thinking, will plan by themselves, evaluate, improve the communication through mutual interaction relations, will take initiatives and est., which will further on, influence their motivation and making bigger their interest for the curricula in general.
New designs for teaching and learning
  • D Adams
  • M Hamm
Adams D., Hamm M. (1994). New designs for teaching and learning. San Francisko: Jossey Bass Publishers.
Psihologija učenja i nastave
  • V Andrilovič
  • M Čudina
Andrilovič V., Čudina M. (1985). Psihologija učenja i nastave. Zagreb: Školska knjiga.
Mikropedagogija: interakcijsko-komunikacijski aspekt odgojа
  • M Bratanič
Bratanič M. (1993): Mikropedagogija: interakcijsko-komunikacijski aspekt odgojа. Zagreb. Školska knjiga.
Активно учење. Београд: Институт за психологију
  • И Ивиќ
Ивиќ И. (2001). Активно учење. Београд: Институт за психологију.
Погодната клима во регуларните одделенија и моралната чувствителност на надарените ученици, Вршац: 17 Округли сто: Даровитост и моралност
  • М Пејчиновска
Пејчиновска М. (2011). Погодната клима во регуларните одделенија и моралната чувствителност на надарените ученици, Вршац: 17 Округли сто: Даровитост и моралност. ISBN 978-86-7372-148-4, 17 (2012): 668-673.
Психолошки основи на современата настава. Скопје: Просветно дело
  • К Попоски
Попоски К. (1997). Психолошки основи на современата настава. Скопје: Просветно дело.
Učenik i nastavnik u obrazovnom procesu. Beograd: Zavod za učbenike i nastavna sredstava
  • N Havelka
Havelka N. (2000). Učenik i nastavnik u obrazovnom procesu. Beograd: Zavod za učbenike i nastavna sredstava.