Conference PaperPDF Available

МОТИВАЦИОНАТА ФУНКЦИЈА НА ПОВРАТНАТА ИНФОРМАЦИЈА ВО НАСТАВАТА ПО ЗО, ПРИРОДА, ОПШТЕСТВО И ПОДОБРУВАЊЕТО НА УСПЕХОТ НА УЧЕНИЦИТЕ

Authors:

Abstract

Целта на овој труд е да се укаже на тоа дека повратната информација, преку која учениците се известуваат за ефектите од процесот на учење и за резултатите од вложениот труд, влијае мотивационо на нивното понатамошно учење и работа по ЗО и природа и општество, како и по останатите предмети воопшто. Исто така, се анализира проблемот на охрабрување на учениците за постигнување на подобри резултати со давање на ефикасна и ефективна повратна информација, било таа да биде дадена во вид на оценка, или како слободен коментар, при секоја активност во наставата. Повратната информација е неопходна при усно образложување на постигнувањата на учениците, а посебно неизоставна треба да биде при писмено оценување на постигањата. Повратната информација е неизоставен дел од формативното оценување и наставникот повратната информација треба да ја дава на секој ученик во континуитет.
Адријана Тодорова
КОНТИНУИРАНОТО ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ - МОТИВАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ
Аида Петровска
ПРИМЕНА НА THINKQUEST ВО ПРОГРАМATA ЗА ОЦЕНУВАЊЕ ЗА УЧEЊЕ ВО 21 ВЕК
Андријана Мигуловска
САМООЦЕНУВАЊЕТО И МЕЃУСЕБНОТО ОЦЕНУВАЊЕ
ВО ФАЗИТЕ НА ПРОЕКТНАТА НАСТАВА
Андријана Тасевска
ОЦЕНУВАЊЕТО ВО ФУНКЦИЈА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВАТА
Аница Алексова, Џефри А. Новак, Џонатан А. Плакер
ОЦЕНУВАЊЕТО ВО УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Аница Златевска
СAМООЦЕНУВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ
Анита Ангеловска
МЕТОДИТЕ ЗА ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ ВО НАСТАВАТА ПО ИСТОРИЈА
Армира Гаваз Абедини
МОТИВИРАНОСТ И УЧЕЊЕ ПРЕКУ ИГРИ
Асен Прличков, Сања Гуџова
ВРЕДНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОТЕШКОТИИ ВО РАЗВОЈОТ
Атанас Пеев
ОЦЕНУВАЊЕ ИЗВЕДБЕНИ АКТИВНОСТИ ПО ПРЕДМЕТОТ ИНФОРМАТИКА
Билјана Печипајковска
ОЦЕНУВАЊЕТО ВО ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА
Билјана Стојановска
ВЛИЈАНИЕТО НА ОЦЕНУВАЊЕТО НА СЕКОЈА ОД ФАЗИТЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА
ЧАСОТ, ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА АКТИВНОСТИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Бисера Костадиновска
ОЦЕНУВАЊЕТО КАЈ АКАДЕМСКОТО ПИШУВАЊЕ
Burim Hidri
NOTIMI I NDËRSJELLTË NDËRMJET NXËNËSVE PËR SUKSES MË TË MIRË
Елена Апостолоска, Николина Ѓорчевска, Верче Петрова
УЧЕЊЕТО ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „ОД CAMERA OBSCURA ДО ЦРТАН ФИЛМ“
Елена Аспровска, Маре Ж.Трајковски
ЗНАЧЕЊЕТО НА ИЗВЕДБЕНАТА АКТИВНОСТ ВО НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Елизабета Ѓорѓиева
ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА ПО МАТЕМАТИКА ВО ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ
Емилија Паункоска
ВЗАЕМНО ОЦЕНУВАЊЕ НА ИЗВЕДБЕНА АКТИВНОСТ ВРЗ ОСНОВА НА ПРЕТХОДНО
ЗАДАДЕНИ КРИТЕРИУМИ
Ѓорѓина Димова
КОРИСТЕЊЕ НА WIKI ПРИ РЕФЛЕКСИЈАТА И САМООЦЕНУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ
Гордана Билбилоска
САМООЦЕНУВАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ ОД СОУЧЕНИЦИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА
ПОСТИГНУВАЊАТА
Игор Стојчевски
ВЛИЈАНИЕТО НА ОЦЕНУВАЊЕТО КАКО ФАКТОР
ЗА УЧЕЊЕ И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧЕНИЦИТЕ
Илче Соклевски
ОЦЕНУВАЊЕТО КАКО КОНТИНУИРАН ПРОЦЕС
Иванка Славковска
ВЛИЈАНИЕТО НА САМООЦЕНУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ НА СТЕКНУВАЊЕ НА
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И НА РАЗНИ ИСКУСТВА ВО ЖИВОТОТ
Јагода Арсовска
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ТЕСТ ЗАДАЧИ ПО МАТЕМАТИКА СПОРЕД БЛУМОВА ТАКСОНОМИЈА И
НИВНО ОЦЕНУВАЊЕ
Јове Талевски
САМООЦЕНУВАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ ОД СОУЧЕНИЦИ
Јулија Бекриќ
ВЛИЈАНИЕТО НА САМООЦЕНУВАЊЕТО НА ДОМАШНАТА РАБОТА И ПОВРАТНАТА
ИНФОРМАЦИЈА ВРЗ ПОДОБРУВАЊЕТО НА УЧЕЊЕТО
Каролина Неделковска
ОЦЕНУВАЊЕ НА ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ
Лидија Манушева
НОВ ПРИОД ВО ОДДРЖУВАЊЕ НА ОДДЕЛЕНСКИТЕ СОВЕТИ
Лидија Недановска, Каролина Неделковска
ПРИМЕНА НА ИНТЕГРАЦИЈА ВО НАСТАВАТА, ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА
ИНТЕГРИРАНИ ЧАСОВИ
Лидија Павловска
ФОРМАТИВНО И СУМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ
Лиле Сарваноска
ЗАЕМНОТО ОЦЕНУВАЊЕ ОД СОУЧЕНИЦИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА УЧЕЊЕТО
Лилјана Сипкоска - Алабаковска, Снежана Стефановска, Виолета Стевановска
СУМАТИВНО И ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ
Магдалена Б.Сајкова
ОЦЕНУВАЊЕ НА ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
- БЕЗ И СО ПРИМЕНА НА КРИТЕРИУМИ
Маја Виденовиќ
КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ ДНЕВНИЦИ ЗА НАСОЧУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА УЧЕЊЕ
Маре Ж. Трајковски, Елена Аспровска
СУМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ПРИ РАБОТА ВО ГРУПИ
Марија Пупиноска-Гогова
КОРИСТЕЊЕ РАЗЛИЧНИ МЕТОДИ НА ОЦЕНУВАЊЕ ЗА УЧЕЊЕ НА ЕДЕН НАСТАВЕН ЧАС
Марина Пејковска
ЗАЕМНОТО ОЦЕНУВАЊЕ ОД СОУЧЕНИЦИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА УЧЕЊЕТО
Марина Петревска
КОРЕЛАЦИЈА МЕЃУ САМООЦЕНУВАЊЕТО И ОЦЕНУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ
Матилда Бајкова
РУБРИКА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ ПИСМЕНИ СОСТАВИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Милена Пејчиновска
МОТИВАЦИОНАТА ФУНКЦИЈА НА ПОВРАТНАТА ИНФОРМАЦИЈА ВО НАСТАВАТА ПО ЗО,
ПРИРОДА, ОПШТЕСТВО И ПОДОБРУВАЊЕТО НА УСПЕХОТ НА УЧЕНИЦИТЕ
Мирјана Малјановска
УЛОГАТА НА ПИШАНАТА ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС
Надежда Апостоловска, Маја Јанакиевска
ФОРМАТИВНОТО ОЦЕНУВАЊЕ НА ЧИТАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ТЕКСТ ПРИДОНЕСУВА ЗА
МОТИВИРАЊЕ И ФОРМИРАЊЕ НА СУМАТИВНАТА ОЦЕНКА
Надица Петровска, Вера Панковска
ПРИМЕНА НА СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И САМООЦЕНУВАЊЕ
НА НАСТАВНИКОТ ВЛИЈАЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА УЧЕЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ
Николина Ѓорчевска
ВЕСЕЛИ КОЦКИ
Павлина Талевска
ПОВРАТНАТА ИНФОРМАЦИЈА ВО НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА
Павлинка Вељаноска
ФОРМАТИВНОТО НАСПРОТИ СУМАТИВНОТО ОЦЕНУВАЊЕ ВО НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС
ПО ПРЕДМЕТОТ МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПРЕДМЕТНА НАСТАВА ВО ОСНОВНИТЕ
УЧИЛИШТА
Родна Стоилевска
ПОДДРШКАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ ГО ПОДОБРУВА ОЦЕНУВАЊЕТО
Сашко Стефановски
КРИТЕРИУМИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ЕСЕЈСКИ ПРАШАЊА
Сашо Кузев
ПРАВИЛНОТО ОЦЕНУВАЊЕ КАКО ЗНАЧАЕН ЕЛЕМЕНТ
ВРЗ РАЗВОЈОТ НА ЛИЧНОСТА НА УЧЕНИКОТ
Слаѓана Т. Стаменкова
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ - ИЗВЕДБЕНА АКТИВНОСТ СО УСНА ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА
Славица Костевска
ПИСМЕНО ПРОВЕРУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ - ПОВРАТНО ИНФОРМИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
ПО ПРОВЕРКАТА НА НИВНИТЕ ПИСМЕНИ РАБОТИ (ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ)
Снежана Ристовска
ПРИМЕНА НА ГРАФИЧКИ ОРГАНИЗАТОРИ (за oценување и самооценување)
Соња Иловска
УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА НАСТАВНИОТ ЧАС И ОЦЕНУВАЊЕТО НА СОПСТВЕНОТО
УЧЕЊЕ
Стојан Манолев
ПРИМЕНА НА БЛУМОВАТА ТАКСОНОМИЈА ЗА ИСПРАШУВАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА
УЧЕНИЦИТЕ ПО ФИЗИКА
Тања Богатинова, Мирјана Петрушевска, Зага Колодезни
ИНДИВИДУАЛЕН ОБРАЗОВЕН ПЛАН (ИОП) – ОСНОВА ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ
НА НАСТАВАТА НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ И РАЗВОЈНИ ПРОБЛЕМИ
Татјана Ѓорѓиевска
ФОРМАТИВНО OЦЕНУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА МАЛА ВОЗРАСТ
Трајче Бјадов
ЕСЕЈСКО ПРАШАЊЕ ВО НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК КАКО ПИСМЕНА РАБОТА
Убавка Бутлеска, Даница Талимџиоска
ПРОМЕНИ ВО ОЦЕНУВАЊЕТО СОГЛАСНО ПРАВИЛАТА ЗА ПОУЧУВАЊЕ ВО 21 ВЕК
(КОМПЛЕКСНО ВРЕДНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ)
Вецко Стојчевски, Билјана Крстеска
ПРИМЕНА НА СТРУКТУРА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ ВО НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО
ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ОД ДЕВЕТГОДИШНОТО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ – ПОДРАЧЈА:
СЛУШАЊЕ СО РАЗБИРАЊЕ, ГОВОРЕЊЕ, ЧИТАЊЕ СО РАЗБИРАЊЕ И ПИШУВАЊЕ
Весна Димитровска
ДИЛЕМИ ЗА ПРИМЕНАТА НА ОПИСНОТО ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Viktorija Petkovska
TEACHING ENGLISH AS FOREIGN LANGUAGE: WHAT PROSPECTS FOR ACCOMPLISHING
OBJECTIVITY IN ASSESSING DEVELOPMENT OF MULTICULTURALISM AND STUDENTS’
SKILLS FOR ITS LEARNING
Viktorija Petkovska
MËSIMI I GJUHËS ANGLEZE SI GJUHË E HUAJ: PIKËPAMJET NË LIDHJE ME PËRMBUSH-
JEN E OBJEKTIVITETIT TË NOTIMIT NË LIDHJE ME ZHVILLIMIN E MULTIKULTURALIZMIT
DHE AFTËSIVE TË NXËNËSVE PËR MËSIM TË TIJ
Викторија Петковска
ЗА НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК: КАКВИ СЕ ПОГЛЕДИТЕ
ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ ОБЈЕКТИВНОСТ ВО ОЦЕНУВАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ НА
МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И СПОСОБНОСТИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА НЕГОВОТО ИЗУЧУВАЊЕ
Виолета Петроска-Бешка
ПЕРЦИПИРАНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ
Виолета Поповска
АЛТЕРНАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ - ТЕСТОВИ ИЗРАБОТЕНИ ОД УЧЕНИЦИ
Виолета Ристовска
ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА И ПРИФАЌАЊЕТО НА ОЦЕНКАТА ОД СТРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ
Виолета Стевановска
ВЛИЈAНИЕТО НА НАЧИНОТ НА ОЦЕНУВАЊЕ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА КАЈ
УЧЕНИЦИТЕ
Влатко Секулоски, Лидија Самарџиоска
БАЗА НА ТЕСТОВИ
Џеладин Мурати
КВАЛИТЕТНОТО ОЦЕНУВАЊЕ ДЕНЕС: ФАКТОРИ И ОБУСЛОВУВАЊА
Злата Анчевска
КОЕГЗИСТЕНТНОСТ НА ПОВРАТНАТА ИНФОРМАЦИЈА, ПРЕКУ АНАЛИТИЧКО ОЦЕНУВАЊЕ
МОТИВАЦИОНАТА ФУНКЦИЈА НА ПОВРАТНАТА
ИНФОРМАЦИЈА ВО НАСТАВАТА ПО ЗО, ПРИРОДА,
ОПШТЕСТВО И ПОДОБРУВАЊЕТО НА УСПЕХОТ НА УЧЕНИЦИТЕ
м-р Пејчиновска Милена
Република Македонија, Педагошки факултетБитола
Резиме
Целта на овој труд е да се укаже на тоа дека повратната информација, преку која учениците се
известуваат за ефектите од процесот на учење и за резултатите од вложениот труд, влијае
мотивационо на нивното понатамошно учење и работа по ЗО и природа и општество, како и по
останатите предмети воопшто. Исто така, се анализира проблемот на охрабрување на
учениците за постигнување на подобри резултати со давање на ефикасна и ефективна
повратна информација, било таа да биде дадена во вид на оценка, или како слободен
коментар, при секоја активност во наставата. Повратната информација е неопходна при усно
образложување на постигнувањата на учениците, а посебно неизоставна треба да биде при
писмено оценување на постигањата. Повратната информација е неизоставен дел од
формативното оценување и наставникот повратната информација треба да ја дава на секој
ученик во континуитет.
Клучни зборови: мотивација, повратна информација, подобрување на успехот на учениците
ВОВЕД
Имајќи ја предвид комплексната природа на процесот на оценување на учениците, уште на
почетокот се поставува прашањето што сè може да направи наставникот за да го подобри
процесот на оценување и да овозможи подобрување на успехот на учениците во наставата.
Одговорот на ова прашање и на бројни други прашања поврзани со суштината на оценувањето
се наоѓаат во знаењето на наставникот за мултифункционалноста на училишната оценка, и во
солидната основа и познавањето како на педагошката, така и на психолошката проблематика,
поаѓајќи од фактот дека оценувањето освен својата педагошка и социјална, има и психолошка
смисла и значење. Оттаму, мотивационата компонента е неизоставен сегмент на процесот на
оценување, а ефективната повратна информација (понатаму во трудот ПИ) поткрепена со
конструктивна интеракција може многу да придонесе за подобрување на успехот на учениците
во наставата по ЗО, природа и општество, како и воопшто во наставата по сите предмети.
Во таа смисла формативното оценување, чиј неизоставен дел е ПИ, е доста значајно за
понатамошна работа и постигнувања во учењето. Тоа е квалитативна анализа и оценување на
процесот на учење, при што како критериум служи степенот, количината и квалитетот на она
што ученикот го учи, и треба да му помогне на ученикот да напредува и да постигнува успеси во
учењето [1]. Оценувањето на резултатите од учењето односно сумативното оценување, со
конкретна бројчана оценка, треба да покаже во колкава мера кај ученикот се достигнале
образовните и воспитните цели, и исто така, претставува важен мотив за понатамошна работа
на учениците. Кај голем број ученици оценката од која не се задоволни, предизвикува губење на
волјата за учење или едноставно незаинтересираност за учењето на содржините од
соодветниот предмет или предмети, посебно ако таа не е придружена со соодветно
објаснување и коментирање на резултатите. Кога ПИ се дава во форма на бројчана оценка која
не е проследена со анализа на резултатите и укажување за постигнувањата, таа ќе биде
неефективна, ограничена и нејасна. Трудот на учениците треба постојано да се оценува, а
оценката е важна ПИ со која учениците се известуваат за своите постигнувања. ПИ може да
биде дадена во писмена или усна форма.
1 ДЕФИНИРАЊЕ НА МОТИВАЦИЈАТА И ПОВРЗУВАЊЕ НА
МОТИВАЦИЈАТА СО УСПЕХОТ ВО УЧЕЊЕТО
Мотивацијата се дефинира како процес на поттикнување, насочување и одржување на
однесувањето кон одредена цел. Појдовна точка на наставата е кај учениците да развие желба
за учење, но без поттикнување на интересот, без можноста за задржување на нивното
внимание, односно без соодветно мотивирање не е возможно учениците да покажат желба за
совладување на наставните содржини, а со тоа и успех во учењето воопшто. Кај учениците
треба да се развие чувство на задоволство од работата во училиштето, тие треба да уживаат и
да издржат во работата, и да ги извршуваат активностите без никаква присила, со согледување
на смислата и целта на она што го учат и да бидат мотивирани за постигнување солидни
резултати. Оттаму главната улога ја има наставникот кој преку добро осмислени активности
треба да ја развива мотивацијата за учење кај учениците, притоа поткрепувајќи ги нивните
одговори и резултати со ефективна ПИ, обезбедувајќи интегрирање на мотивацијата во
личноста на ученикот, зошто мотивацијата е услов за успешно учење, а успешното учење
мотивира уште подобро учење.
Значаен за успехот во учењето е мотивот за постигнување [2], кој според повеќе автори, е во
корелација со училишниот успех на учениците. За развојот на овој мотив влијаат повеќе
фактори. Но, тоа што треба да се нагласи како особено значајно за развојот на мотивот на
постигнување е неопходноста од ефективна ПИ со која учениците се запознаваат со ефектите
од процесот на учење и со резултатите од учењето и која им помага да ги подобрат конкретните
активности и да ги намалат пропустите. Тоа значи дека наставникот треба да го оценува секое
однесување, одговор и постигнување, емоционално да го наградува успехот на ученикот преку
искажување радост, истакнување, пофалба и сè она што кај ученикот ќе побуди пријатно
чувство и задоволство во учењето, а да покаже верба кон учениците кои постигнале помалку
задоволителни резултати. Така, наставникот кај нив ќе овозможи развој и задоволување на
сложените мотиви како што е мотивот за постигнување, кој пак, ќе му помогне на ученикот да
постигне успех во учењето. Учениците со просечни способности, но со голема верба во успехот
се поуспешни од оние ученици кои имаат повисоки интелектуални способности, а кои не
веруваат во успехот кој можат да го постигнат. Првите имаат позитивна слика за себе која е
поткрепена од дотогашните успеси, имаат чувство на сигурност и изразена самопочит.
1.1 Мотивациона функција на оценувањето
Оценувањето во наставата (на процесот на учење и на резултатите од учењето) во својата
суштина, меѓу другото, подразбира ученикот да биде информиран за неговите постигнувања и
за напредокот од вложениот труд. Тоа значи дека ученикот на таков начин сфаќа што е битно
во тоа што го учи и притоа е информиран за постигнувањето на поставената цел, или до каде е
во постигнувањето на таа цел, при што кај него се јавува чувство на задоволство, извесност,
поткрепено со верба во сопствените можности и ученикот е поттикнат за понатамошна работа и
учење. Оттука сосем извесно може да се зборува за мултифункционалноста на оценувањето, и
неговата мошне важна психолошка смисла и значење. Мотивационата компонента на
оценувањето е неизоставен дел од процесот на оценување, а навремената, соодветна и
корективна ПИ поткрепена со конструктивна интеракција има позитивно влијание на
мотивацијата за подобрување на постигањата на учениците. Високата оценка е информација
дека ученикот бил успешен во одредена активност, директно соопштување на ученикот дека е
успешен, и индиректно дека е способна, вредна и компетентна личност. Ниската оценка му
укажува на ученикот дека постигнатиот успех не е доволен, но доколку добиената ниска оценка
е проследена со ефективна ПИ што ќе се однесува на целите што ученикот требало да ги
постигне за да го подобри постигнувањето, со конкретно укажување низ кои активности, во кои
делови од конкретните задачи (таму каде што покажал помалку задоволителни постигнувања),
нема да се случи кај него да се појави конфузија и несигурност, односно ученикот прецизно ќе
разбере што треба да поправи, коригира и доработи за да го подобри успехот. Со таков пристап
при оценувањето треба да се истакнат добрите ученици, а посебно да се искаже верба во
учениците кои се повлечени, како и во учениците кои покажуваат помалку задоволителни
резултати, со цел кај едните да се развие и зајакне свеста за сопствените можности, а другите
да се уверат дека можат и подобро.
2 ЕФЕКТИВНА ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА [3]
Ефективната ПИ треба да му помагне на ученикот да ги согледа добрите страни на сопственото
учење и напредок, да ја согледа разликата меѓу планираната и реализираната цел, да ги
спознае сопствените слабости и причините за нив, му дава насока како да ги надмине уочените
слабости и пропусти во знаењето, му овозможува самостојност во учењето и самостојно
вреднување на постигањата и поставување на соодветно ниво на постигања и, што е многу
важно, го мотивира ученикот за понатамошно учење. Ефективната ПИ не прави споредба меѓу
учениците и секогаш поаѓа од целите на наставата. За да биде ефикасна и ефективна ПИ треба
да биде корективна што подразбира конкретни постапки и насоки кои треба да му овозможат на
учениците навремено да го подобрат постигнувањето. Ефективната ПИ е навремена, а тоа
значи дека ПИ се дава за да им биде корисна на учениците додека тие сè уште се засегнати со
резултатите, и додека сеуште работат на одреден проблем, кај кој, благодарение на ПИ ќе
можат да коригираат одредени грешки и да ги расчистат постојните дилеми. На пр., ако ПИ е
дадена само на крајот од одредена тема, кога учениците веќе нема да се сретнат со
содржините од темата, таа за нив би била безначајна со оглед на тоа што тие нема да се
навратат на проблемите, а со тоа и нема да ги разјаснат. Ефективната ПИ е
индивидуализирана и поаѓа од индивидуалните карактеристики на учениците. Формите во кои
може да биде искажана ПИ се усно и писмено, што зависи од конкретната ситуација.
Практиката покажува дека мал е бројот на наставниците кои даваат ефективна усна ПИ (УПИ).
Најчесто, УПИ се сведува на неколку зборови или реченици: одлично, добро е, седи слабо, а
може да биде проследена со прекор или потсмев од страна на наставникот. За да може да биде
ефективна УПИ треба да биде однапред испланирана така што ќе се предвидат можните
одговори и реакции на ученикот на одредено прашање кое е поставено во текот на часот.
Доколку е спонтана УПИ наставникот треба да знае како да реагира на одговорот на ученикот.
УПИ треба да биде колку што може поконкретна и да ја опишува прецизно природата на
постигнувањата, како на пр.: „Јасно ти се опишани карактеристиките на реката, местото од каде
што извира реката, местото низ кое тече и каде што се влива“. УПИ треба да биде насочена на
клучните пропусти на учениците и на најважниот аспект на проблемот кој се анализира, а што е
корисен за ученикот и се однесува на поставените цели. На пр., при оспособувањето на
учениците да се ориентираат со помош на Сонцето, најголемо внимание треба да се посвети на
поставеноста на телото и на деловите од телото во однос на Сонцето, односно, ликот треба да
е свртен кон изгревот на Сонцето, испружената лева и десна рака да покажуваат правец север
југ, итн., како и на периодот од денот кога се врши ориентацијата (претпладне или попладне),
(во случајов, УПИ е проследена со практична изведба на наставникот).
УПИ вклучува и невербална комуникација, на пример, ако наставникот врти со главата, или
прави цццц, или со прст дава сигнал дека одговорот не е задоволителен итн. Со УПИ можат да
се дополнуваат објаснувањата на учениците веднаш штом се јави потреба и да се разменуваат
идеи. Таа се дава и преку поставување прашања и преку објаснување за време на
поучувањето, а на ученикот му дава можност веднаш да реагира на УПИ во текот на учењето.
УПИ секогаш треба да го вреднува она што е сработено и да е развојна, односно да понуди
насоки за понатамошно учење. УПИ не смее да го критикува ученикот или да му припишува
одредени особини: не е добро, како можеш тоа да го кажеш, браво и сл.
За ефикасна и ефективна писмена повратна информација (ППИ) важат сите веќе посочени
карактеристики. При ППИ учениците треба јасно да ги знаат стандардите и критериумите
според кои ќе бидат оценувани нивните постигнувања, што треба да доведе до полесни и
појасно толкување на резултатите.
2.1 Мотивационата функција на ефективната пофалба
Наставникот многу често ја користи пофалбата која е силно мотивационо средство ако е
ефективна, што впрочем важи и сите други видови на ПИ. Пофалбата е екстринзично средство
за мотивирање и има голема улога во постигнувањето на успех во учењето бидејќи е поврзана
со желбата за афирмација и потврдување на личните вредности на ученикот. Пофалбата ќе
биде ефективна ако го насочува вниманието кон напредокот на ученикот и особено е значајна
ако го акцентира напорот кој ученикот го вложува за да ги поправи своите пропусти. Пофалбата
не смее да биде дадена случајно, за успех поврзан со среќа и треба да го следи вложениот
труд и заложба на ученикот и навремено да биде дадена. Пофалбата ја придружува и ППИ.
Наставникот со помош на пофалбата што ја насочува кон одредена цел ја развива
мотивацијата преку задоволување на потребата за истакнување, побудување на чувство на
пријатност и задоволство со потврдување на успехот, преку задоволување на потребата за
прифаќање и признавање во групата и обезбедување на место и положба во истата, преку
задоволување на потребата за супериорност во смисла поединецот да ги развие и изрази
своите способности [4] и преку развој на самодовербата.
Пофалбата е најефективна кога се искажува спонтано со едноставен јазик и вклучува кокретен
опис на вештина или резултат кој се посакува. Во тонот на наставникот не смее да се забележи
сентименталност или драматизам, туку едноставност и декларатизам, како на пр., „Твојот
изработен модел на околниот релјеф е одличен, јасно си ги претставил облиците што го
сочинуваат релјефот на околното место, и соодветно си ги прикажал со помош на боите“, или
Имаш силни и добро објаснети аргументи, се гледа дека сериозно си работел на проблемот на
загадување и заштита на водата и си се потрудил да дојдеш до податоци кои се оригинални“.
Пофалбата треба да биде секогаш различна и да се внимава на тоа учениците да не добиваат
исти пофалби, бидејќи за нив таа би изгубила значење и вредност, како и да се води сметка да
се избегнуваат тривијални пофалби и едноставни генерализации како солидно, одлично и сл.
Исто така, треба да се каже дека вербалното однесување на наставникот треба да
соодветствува со невербалните реакции. Ако навистина е постигнат напредок, пофалбата е
придружена со насмевка, а тонот и коментарот на наставникот треба да се топли и искрени,
што е основа за заемна доверба и почитување.
3 ПОВРАТНАТА ИНФОРМАЦИЈА Е НЕИЗОСТАВЕН ДЕЛ ОД
ФОРМАТИВНОТО ОЦЕНУВАЊЕ
ПИ е неизоставен дел од формативното оценување, и слободно може да се каже дека
успешноста на формативното оценување зависи од ефикасноста на ПИ. ПИ при формативното
оценување може да се разгледува од двоен аспект и тоа како средство за когнитивен развој и
она што е предмет на испитување на трудот, а тоа е како моќно мотивационо средство. И како
што веќе е споменато, најпрво, ПИ го информира ученикот за оствареното напредување или,
евентуално, за евидентираното назадување, при што ученикот е свесен за тоа до каде е и што
треба следно да направи, така што кај него се јавува чувство на сигурност, контрола над
учењето и јасна цел кон која треба да се движи, што претставува силен мотивациски фактор.
Преку ПИ, согледувајќи го остварениот ефект кај учениците, наставникот може подобро да ја
планира својата работа, а учениците, стекнуваат увид во сопствените постигнувања, врз основа
на што, потоа, сами или со помош на наставникот, го планираат своето учење во насока на
негово натамошно унапредување. При формативното оценување наставникот во континуитет
нуди ПИ за постигањата на учениците, на пример, за квалитетот и точноста на одговорот на
одредени прашања, за успешноста на решениот тест и добива ПИ преку реакциите на
учениците, на пример, преку нивните одговори и сл.
4 ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА СОДРЖИНИ ОД
ТЕМАТА ОРИЕНТАЦИЈА ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ
При реализирањето на содржинитеВидик и видикова линијаиШто го сочинува релјефотод
тематаОриентација во времето и просторот“, како дел од магистерско истражување, една од
претпоставките во експерименталната група беше ефективна ПИ, и запознавање на учениците
со резултатите од нивниот труд, а крајното оценување резултира со подобар успех во задачите
[5] [6]. Постигнатите подобри резултати, меѓудругото, се должат и на доброто и постапно
водење на учениците во набљудувањето на целта, проследено со насоки и поткрепено со
забелешки и навремени коментари, како и со соодветни прашања што се ефективен начин
учениците да разберат што е предмет на испитување и кои насочуваат на важните аспекти на
целта. На таков начин учениците имаа јасна цел и точно беа запознати со предметот на
набљудување, како и со аспектите на целта (битните елементи на географските објекти, појави
и процеси) кои ќе се набљудуваат, со што во извесна смисла имаа контрола над сопственото
учење и беа мотивирани за работа. При обработката на наставната содржинаВидик и
видикова линија“, и запознавањето на учениците со видик, видикова линија, хоризонт,
оспособување за одредување на страните на светот од местото на набљудување
(стојалиштето), наставникот ги насочи учениците со соодветни прашања и коментари на
важните аспекти на целта во конкретниот случај на положбата (локација, релација, сооднос со
други објекти). При обработката на наставната содржинаШто го сочинува релјефот, при
проширувањето на знаењата за планини, рамнини и реки и нивната положба во пошироката
околина, при уочувањето на основните географски објекти, рамнина, котлина, поле, ритче, рид,
планина, висорамнина, подножје итн., вниманието на учениците беше насочено на изгледот
(боја, големина, форма, висина), потоа структурата (градба, делови, нивна поврзаност) и
положбата (локација, локациска релација, сооднос со други објекти итн.).
Табела 1. Позитивна УПИ при обработка на наставната содржинаВидик и видикова линија
Цел Проблем - примери на УПИ
Корекција на грешка Што е видик?
Она за што зборуваш се нарекува...а видик е...
Добивање информација Видикова линија е...
Точно е дека тоа е видик, а видиковата линија е...
Вреднување и пофалување Обележи ја во својот лист видиковата линија.
Сигурно е така, тоа е видикова линија, а сега да се задржиме на тоа бидејќи е важно...
Предизвик Што забележуваш кога ја набљудуваш околината од рид или повисока зграда? Што забележуваш
кога ја набљудуваш околината од дворот или улицат а?
Обиди се, откако ќе ја набљудуваш околината од ридот, зградата, дворот да ги прикажеш своите
гледишта...
Поттикнување, бара
појаснување
Од каде можеш да видиш поголем дел од местото на живеење?
Зошто сметаш дека тоа е така? Можеш ли да дадеш пример?
Насочување на учењето За да бидеш подобар треба...
Пренасочување на активноста Убав приказ, сега продолжи со... зашто тоа е важно
Продолжување со учењето Така, сега можеш да продолжиш со...
Поттикнува рефлексија Можеш ли да ми кажеш што мислиш за
Фокус на начинот на учење Одлично успеа тоа да го научиш, совладаш, направиш.
ЗАКЛУЧОЦИ
Наставникот треба уште во процесот на учење во континуитет вложениот труд на учениците да
го поткрепува со ефикасна и ефективна ПИ. Учениците треба постојано да се поттикнуваат на
учење со оценување или коментирање на резултатите кои ги добиваат. Мотивационата улогата
на ПИ било таа да биде дадена во вид на оценка, или како слободен коментар, при секоја
активност во наставниот процес и процесот на учење е значајна. Бројните истражувања, како и
секојдневната практика укажуваат дека ПИ е неопходна за понатамошно успешно учење на
учениците, и навремената, одмерена и корективна ПИ, насочена кон вложениот труд на
учениците влијае мотивационо. ПИ овозможува ученикот да го подобри своето учење нудејќи
му информација за неговите постигнувања, и му овозможува на ученикот да направи споредба
со своите претходни успеси и да ја согледа разликата меѓу планираната и постигнатата цел.
Ефикасната ПИ е корективна и му овозможува на ученикот да ги увиди пропустите и слабостите
во учењето, да преземе соодветни акции, да напредува и да ги подобри резултатите од
учењето. Навремената УПИ и ППИ дава насоки и упатства за надминување на проблемите и
нивно соодветно решавање, додека сеуште се актуелни и важни за ученикот.
РЕФЕРЕНЦИ
[1] Исто така треба да му помага и на наставникот, на основа на информациите за напредокот
на учениците, да ја подобрува наставата и учењето.
[2] Според одредени стручњаци пак, за успех во училиштето важен е овој мотив, но не и
доволен, при што, мотивацијата која поттикнува активност зависи од меѓусебниот однос на
компонентите: силата на мотивот за постигнување; очекување и проценување на веројатноста
дека таа активност ќе доведе до саканата цел; проценување на вредноста на целта.
[3] ПИ е организирана, планирана, осмислена, целисходно насочена информација која испраќач
на пр., наставник му ја соопштува на примач, на пр., ученик, во вид на порака, исказ, тврдење,
суд, прашање итн. за тоа како едната личност го доживеала некое однесување или ситуација.
[4] Rot N. (1972) Osnovi socijalne psihologije, Zavod za ucbenike i nastavna sredstava, Beograd, стр.
222.
[5] Со експериментот како дел од магистерскиот труд беа опфатени 160 ученици од III
одделение од пет основни училишта од урбаното и руралното подрачје на општина Битола.
[6] Пејчиновска М. (2010) Методика на формирање на географски поими во наставата по
ПиО, П, О, Магистерски труд, Педагошки факултет, Битола, стр. 159-166.
Danilovic M. (1998) Tehnologija ucenja i nastave, Institut za pedagoska istrazivanja, Beograd.
Havelka N. (2000) Ucenik i nastavnik u obrazovnom procesu, Zavod za ucbenike i nastavna
sredstava, Beograd.
Роберт Л., Мерење и оценување во наставата, Њу Џерси.
ResearchGate has not been able to resolve any citations for this publication.
за успех во училиштето важен е овој мотив, но не и доволен, при што, мотивацијата која поттикнува активност зависи од меѓусебниот однос на компонентите: силата на мотивот за постигнување; очекување и проценување на веројатноста дека таа активност ќе доведе до саканата цел
  • Според Одредени Стручњаци Пак
Според одредени стручњаци пак, за успех во училиштето важен е овој мотив, но не и доволен, при што, мотивацијата која поттикнува активност зависи од меѓусебниот однос на компонентите: силата на мотивот за постигнување; очекување и проценување на веројатноста дека таа активност ќе доведе до саканата цел; проценување на вредноста на целта.
планирана, осмислена, целисходно насочена информација која испраќач на пр., наставник му ја соопштува на примач, на пр., ученик, во вид на порака, исказ, тврдење, суд, прашање итн
  • Пи Е Организирана
ПИ е организирана, планирана, осмислена, целисходно насочена информација која испраќач на пр., наставник му ја соопштува на примач, на пр., ученик, во вид на порака, исказ, тврдење, суд, прашање итн. за тоа како едната личност го доживеала некое однесување или ситуација.
Osnovi socijalne psihologije, Zavod za ucbenike i nastavna sredstava
  • N Rot
Rot N. (1972) Osnovi socijalne psihologije, Zavod za ucbenike i nastavna sredstava, Beograd, стр. 222.
Методика на формирање на географски поими во наставата по ПиО, П, О, Магистерски труд, Педагошки факултет, Битола, стр
  • М Пејчиновска
Пејчиновска М. (2010) Методика на формирање на географски поими во наставата по ПиО, П, О, Магистерски труд, Педагошки факултет, Битола, стр. 159-166.
Ucenik i nastavnik u obrazovnom procesu, Zavod za ucbenike i nastavna sredstava
  • M Danilovic
Danilovic M. (1998) Tehnologija ucenja i nastave, Institut za pedagoska istrazivanja, Beograd. Havelka N. (2000) Ucenik i nastavnik u obrazovnom procesu, Zavod za ucbenike i nastavna sredstava, Beograd.
Мерење и оценување во наставата, Њу Џерси
  • Л Роберт
Роберт Л., Мерење и оценување во наставата, Њу Џерси.