Гостувачки предавања од Амбасадата на Р.Франција

Kostoska, Olivera (2019) Гостувачки предавања од Амбасадата на Р.Франција. Еквилибриум (28). pp. 7-10. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

„Кој е патот за Балканот кон Европската Унија?“...„Европската Унија во пресрет на изборите (предизвици и надежи) – француско гледиште!“...Ова се само дел од насловите на предавањата коишто, пред студентите на Економскиот факултет - Прилеп, беа презентирани од страна на г-динот Франсоа Лафонд, советник на Вицепремиерот задолжен за европски прашања и Н.Е. г-динот Кристиан Тимоние, амбасадор на Франција во Република Северна Македонија. Целта на овој серијал предавања е да се поттикне критичкото размислување на студентите за европската интеграција на земјата и нивно изворно запознавање со институциите и политиките на Европската Унија. Не постои сомнеж дека Унијата е исклучително сложена - нејзината институционална архитектура, процедурите за донесување одлуки и нејзините регулаторни политики се комплексни, заплеткани, и понекогаш, погрешно разбрани. Но, како се започна...? Пред да стане реална политичка цел, идејата за обединување на Европа претставувала само сон во размислувањата на филозофите и визионерите. Овој сон бил нарушен од страшните војни коишто го опустошиле континентот во текот на првата половина од 20. век. Но, токму од овие урнатини на Втората светска војна се појави нова надеж... луѓето коишто се спротивставиле на тоталитаризмот биле решени да стават крај на омразата и ривалството во Европа и да создадат услови за траен мир. Помеѓу 1945 и 1950 година, неколку храбри државници, меѓу коишто и Роберт Шуман, Конрад Аденауер, Алкиде де Гаспери и Винстон Черчил започнале да ги убедуваат луѓето дека е потребно да влезат во нова епоха. Новите структури би биле креирани во Западна Европа, врз основа на заеднички интереси и договори коишто ќе го гарантираат владеењето на правото и еднаквоста меѓу сите земји. „Европа нема да биде создадена одеднаш, или во согласност со единствен план. Таа ќе биде изградена преку конкретни достигнувања коишто, најпрвин, ќе создадат де факто солидарност“, подвлекол министерот за надворешни работи на Франција, Роберт Шуман, во неговата позната декларација од 9 мај 1950 година - декларација којашто, всушност, го започна проектот за европската интеграција. И после седумдесет години, неговите зборови, сè уште, се вистинити! Солидарноста меѓу луѓето и земјите во Европа мора постојано да се прилагодува за да се справи со новите предизвици наметнати од промените во светот. Комплетирањето на единствениот пазар во раните 1990-ти години претставуваше големо, но сепак, недоволно достигнување – за да пазарот функционира ефективно, беше неопходно да се воведе еврото! Европската централна банка е создадена за менаџирање на валутата и за обезбедување ценовна стабилност, но финансиската криза од 2008-09 година и должничката криза од 2010 година, јасно, демонстрираа дека еврото е чувствително на нападите од страна на глобалните шпекуланти. Со други зборови, паралелно со Европската централна банка, потребна е координација на националните економски политики, и тоа многу поблиска од онаа што тековно ја обезбедува Еврогрупата.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 18:59
Last Modified: 29 Feb 2020 18:59
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3670

Actions (login required)

View Item View Item