Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2018) Воведен збор. Еквилибриум (26). p. 3. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Крајот на академската година претставува период кога се сумираат резултатите од претходниот период пред долго очекуваниот летен одмор. Економскиот факултет-Прилеп, покрај редовните наставно-научни активности, и овој пат изобилуваше со настани коишто го збогатија неговото работење, а за коишто поопширно пишуваме во овој број на Еквилибриум.
Во тој контекст, информираме за традиционалниот отворен ден на Факултетот, промоцијата на Европската недела на стартапи и наградата за социјално претприемништво за кои соодветно пишуваат Андријана Црвенкоска, Ана Дајовска и Гоце Маркоски. Во Факултетот гостуваа претседателот на МАНУ, академик Таки Фити за што информира проф. д-р Оливера Костоска потоа, повеќе странски професори во рамките на програмата Еразмус+ за што пишува проф. д-р Снежана Мојсовска-Саламовска, како и економистот од канцеларијата на Светска банка во Скопје, Бојан Шимбов. Во склоп на традиционалните рубрики во Еквилибриум, преку „Профил 13“ ве запознаваме со профилот на нашиот колега проф. д-р Мирослав Андоновски, а Универзитетската хроника вообичаено ја подготвува нашата соработничка Елизабета Ангелеска-Атанасоска. Активностите на студентите на Економски факултет-Прилеп се претставени со повеќе текстови и тоа: Натпреварот по ораторство, УКЛО Тривиум 2018, за што пишува Сара Димеска, Мотивациските предавања на тема: „Нахрани го својот ум“ за коишто информира Ивана Сурлаџиоска додека пак, Кристина Николова ги пренесува најновите случувања во АИЕСЕК-Прилеп. За своето искуство од Еразмус+ мобилноста на Универзитетот во Ополе пишува нашата студентка Десанка Димитрова. Неколку текстови на наши колеги заслужуваат внимание како што се: „Творците на новата менаџмент парадигма“ од доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска и „Улогата на малите бизниси во Општина Прилеп“ од Стефана Ристеска. На крајот, не помалку возбудливи се и рубриката „Препорачуваме“ со интересни содржини за книги и филмови која ја подготвува проф. д-р Мери Бошкоска, како и неизбежната Забавна страна.
Од името на Редакцискиот одбор на Еквилибриум на сите студенти и професори на Економскиот факултет-Прилеп им посакувам пријатен летен одмор.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 17:49
Last Modified: 29 Feb 2020 17:49
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3643

Actions (login required)

View Item View Item