Двојна диплома на докторските студии на Економски факултет-Прилеп

Basheska Gjorgjieska, Marika (2017) Двојна диплома на докторските студии на Економски факултет-Прилеп. Еквилибриум (24). pp. 5-6. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Во академската 2011/12 година, Економскиот факултет-Прилеп меѓу првите факултети во Република Македонија имплементира Докторски програми како трет циклус на студии согласно Болоњската декларација и Законот за високо образование на Република Македонија. Впрочем, треба да се истакне дека нашиот Факултет даде значителен придонес во креирањето на моделот на докторски студии во рамките на проект од Темпус програмата чиј координатор беше токму Факултетот. Првата докторска програма по Претприемништво и менаџмент на мали и средни претпријатија беше креирана и реализирана во соработка со три универзитети од земјите на Европската Унија и пет од регионот на Југоисточна Европа. Програмата се одвива на англиски јазик, а според бројот и потеклото на вклучените професори и докторанти, оваа програма сосема го оправдува епитетот „меѓународна“. За атрактивноста на програмата зборува фактот на големиот број добиени менторства и 21 докторант запишани во првата генерација. До овој момент шест докторанти ја одбранија својата докторска дисертација, а уште шест се во фаза на финализација и се очекува нивно докторирање до крајот на оваа академска година. Успешната приказна продолжи и во академската 2013/14 година кога Факултетот ја запиша втора генерација докторанти од повеќе земји во регионот. Oд дванаесет запишани студенти во втората геенерација еден е докториран, еден е пред одбрана на дисертацијата, а останатите се во фаза на истражување за нивните докторски дисертации.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 20:16
Last Modified: 28 Feb 2020 20:16
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3627

Actions (login required)

View Item View Item