Воведен збор

Angeleski, Marjan (2012) Воведен збор. Еквилибриум (9). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Почитувани читатели,
Пред вас го имате деветтиот број на „Еквилибриум“, гласило коешто во изминатиов период се наметна со своите информативни, едукативни и забавни содржини не само кај вработените и студентите од Економскиот факултет-Прилеп, туку и кај пошироката читателска публика. Овој број се совпаѓа со крајот на уште една календарска година и завршетокот на зимскиот семестар, па во тој контекст на сите студенти им посакуваме многу успех во полагањето на испитите и колоквиумите. Крајот на годината претставува период кога се сумираат постигнатите резултати во текот на целата година и искрено се надевам дека на изминатата 2012. година ќе се сеќаваме по многу убави настани и постигнати успеси.
И овој број на „Еквилибриум“ изобилува со богати и интересни содржи коишто ќе го задржат вашето внимание. Во изминатиот тримесечен период се случија голем број настани меѓу коишто несомнено значаен белег остави Меѓународната научна конференција посветена на миграцијата и пазарот на труд, чиј коорганизатор беше Економскиот факултет-Прилеп. Големиот број заинтересирани учесници како од земјата, така и од странство само ја потврдија атрактивноста на темата, а беспрекорната организација на овој научен собир уште еднаш потврди дека нашиот Факултет претставува лидер во развојот на економската наука во Република Македонија.
Економскиот факултет-Прилеп перманентно ги иновира и осовременува студиските програми од сите три циклуси на студии. Во изминатиот период беше добиена акредитација за три студиски програми од третиот циклус. Имено, станува збор за докторски студии по менаџмент, маркетинг и меѓународен бизнис за коишто подетално се осврнува раководителот на третиот циклус студии, проф. д-р Марика Башеска-Ѓорѓиеска.
Како и многупати досега на нашата високообразовна институција пригодни предавања одржаа голем број истакнати бизнисмени и стручњаци од практиката. Во овој број ви ги пренесуваме импресиите од предавањето на тема „Економијата и бизнисот“, одржано од нашиот искусен стопанственик г-дин Трифун Костовски. Освен тоа, во овој број се презентирани и низа интересни текстови за значењето на актуарската математика и професијата актуар, безбедноста на економските информации, улогата на модерниот сектор за финансии и сл. Во рамките на рубриката влијателни економисти е презентиран ликот и делото на нобеловецот Џон Неш, додека во рубриката успешни алумни ви го претставуваме кариерниот развој на нашата поранешна студентка Љубица Неделкоска. Исто така, и во овој број континуирано ве информираме за новостите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, активностите на меѓународната студентска асоцијација АИЕСЕК, спортските активности и други новости од функционирањето Факултет.
Со верба дека и натаму ќе останете наши верни читатели, од мое име и од името на Редакцискиот одбор на „Еквилибриум“ ви ја честитам Новата година и Ви посакувам успех како на професионален, така и на приватен план.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 23 Feb 2020 17:47
Last Modified: 23 Feb 2020 17:47
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3335

Actions (login required)

View Item View Item