Промоција на дипломираните студенти на Економски факултет-Прилеп

Risteska, Aneta (2011) Промоција на дипломираните студенти на Економски факултет-Прилеп. Еквилибриум (5). pp. 11-12. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На 14 декември на Економскиот факултет-Прилеп се одржа свечена промоција на дипломираните економисти. За првпат промоцијата беше организирана во холот на Факултетот што беше соодветно декориран, а беше збогатена и со културна програма во изведба на гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска, „Стрингс“. Свечениот собир, со свое обраќање го поздравија деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески и проректорот за настава на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Сашо Атанасоски. На прославата присуствуваше и градоначалникот на општина Прилеп, г-дин Марјан Ристески и други претставници од бизнис секторот.
Економскиот факултет-Прилеп континуирано придонесува за унапредување на процесите на економскиот и општествениот развој на општина Прилеп и традиционално остварува конструктивна и плодна соработка со локалните власти. Во тој контекст, пред присутните, градоначалникот истакна дека ќе биде склучен договор за вработување меѓу најдобриот студент и општина Прилеп. Исто така, во оваа пригода градоначалникот Марјан Ристески, на деканот на Факултетот свечено му ја додели Спогодбата за соработка меѓу Економскиот факултет-Прилеп и Економскиот факултет во Чернигов со што значително ќе се зголеми научно-истражувачката дејност меѓу овие две институции, како и мобилноста на академскиот кадар и студентите.
Во оваа пригода Економскиот факултет-Прилеп традиционално ги награди најдобрите дипломирани студенти со доделување парични награди и пофалници. Студент со постигнат највисок просек во текот на студирањето на Економскиот факултет-Прилеп, во периодот од 1 април 2011 до 31 октомври 2011 година, е Тодоровска Маринела со просечен успех 10,00. На најдобриот студент Факултетот му додели пофалница и парична награда во износ од 10.000 денари, а долгогодишниот партнер од бизнис секторот Скопско пиво МЗ му подари лаптоп компјутер. Исто така, Факултетот ги награди и студентите кои дипломирале со просечна оценка повисока од 9,50, а тие добија пофалници и парична награда од 5.000 денари.
Се надеваме дека овој ден засекогаш ќе остане во сеќавањата на дипломираните студенти и останатите присутни, а на новите членови на академската заедница им ја упатуваме пораката: да веруваат во себе и да го продолжат патот на успехот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Feb 2020 19:49
Last Modified: 04 Mar 2020 11:29
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3264

Actions (login required)

View Item View Item