Курсеви и семинари надвор од редовните студиски програми

Kostoska, Olivera (2011) Курсеви и семинари надвор од редовните студиски програми. Еквилибриум (3). p. 10. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Акцелерацијата на научниот и технолошкиот прогрес претставува фундаментален мотив за перманентно образование. Знаењето и вештините, стекнати во процесот на основното, средното и традиционалното универзитетско образование, вообичаено, не се доволни за професионална кариера долга две или три децении. Проблемски ориентираниот пристап, критичкото резонирање и антиципативното учење претставуваат само дел од вештините и компетенциите со коишто треба да располага секоја индивидуа во услови на неизвесност и непредвидливост на деловната средина. Токму поради тоа, сентенцата „никогаш не е прерано или предоцна за учење“ претставува основен постулат на концептот за доживотно образование - филозофија што треба активно да придонесе за полесно соочување со промените во окружувањето и подобрување на квалитетот на животот. Со други зборови, „учењето не е нешто што единствено се случува кај младите луѓе на возраст од 5 до 25 години, ами активност во којашто, од различни причини, треба да партиципираат луѓе од сите возрасти, со различен бекграунд, на различни нивоа и временски хоризонти како во рамките на формалното, така и во неформалното окружување“.
Поаѓајќи токму од овие постулати, Економскиот факултет – Прилеп, преку својот Центар за перманентно професионално усовршување, се определи за флексибилно структуирање на едукативната понуда и нејзино збогатување со нови содржини, пристапи и методи. Антиципираните потреби за стекнување нови знаења, техники и вештини, всушност, претставуваат главни детерминанти на преземените иницијативи во рамките на Центарот за организирање курсеви и семинари наменети за едукација и стручно усовршување на поединци, претставници од бизнис секторот и други институции и организации.
Понудените содржини во целост се компатибилни на потребите на пошироката заедница и апликативни во сè потурбулентното деловно окружување, со оглед на тоа што тие претставуваат одличен спој на теоретската издржаност и емпириската анализа, а ќе се реализираат преку дискусии, понудени примери, симулации и останати форми на интерактивна настава. Секој од посетителите на курсевите и семинарите добива работни материјали, а по завршувањето на програмата се стекнува со сертификат за посета на курс или семинар од соодветната област. Во принцип, перманентната едукација ќе им овозможи на посетителите адекватно да одговорат на проблемите и предизвиците со коишто се соочуваат во секојдневното работење, а на компаниите поголема успешност, можност за максимално искористување на сопствените потенцијали и подобрување на нивната конкурентност.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 18:56
Last Modified: 21 Feb 2020 09:56
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3176

Actions (login required)

View Item View Item