Прослава по повод 50-годишнината од постоењето на Економски факултет-Прилеп

Nikoloski, Dimitar (2010) Прослава по повод 50-годишнината од постоењето на Економски факултет-Прилеп. Еквилибриум (1). p. 7. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

50-годишнината од постоењето на Економски факултет-Прилеп беше одбележана со голем број активности што на овој јубилеј му го дадоа заслуженото значење и тежина. Така, чествувањето започна на 27 октомври кога беше организирана свечена седница на Наставно-научниот совет на Факултетот. На седницата, воведен збор зеде деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, а потоа беа доделени благодарници на претходните декани на Економски факултет-Прилеп за особен придонес во неговиот развој и афирмација.
Главната манифестација за одбележување на петдеценискиот јубилеј беше одржана на 29 октомври во просториите на Факултетот. Прославата започна со поздравно обраќање од страна на деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, по што следеше обраќањето на ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Златко Жоглев. Од името на Владата на Република Македонија манифестацијата ја поздрави министерот за образование и наука, г-дин Никола Тодоров. Притоа, на премиерот на Република Македонија, г-дин Никола Груевски кој беше покровител на прославата, му беше доделена плакета за особен придонес во развојот на Економски факултет-Прилеп. На прославата, меѓу другото, беа доделени пофалници за постигнат највисок просечен успех на студенти од секоја студиска година на Економски факултет-Прилеп, а исто така беа доделени и благодарници на институциите со коишто Факултетот има остварено долгогодишна успешна соработка.
Во рамките на уметничката програма на прославата присутните можеа да уживаат во повеќе музички нумери, изведени од страна на музичката етно група „Синтезис“ и гудачкиот квартет „Марија“. По завршувањето на свечениот дел на прославата, во просториите на Факултетот беше организиран пригоден коктел за сите поканети гости.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 13:53
Last Modified: 21 Feb 2020 09:39
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3151

Actions (login required)

View Item View Item