Примена на актуарската математика во управувањето со ризикот кај животно осигурување

Janeska, Margarita and Sotiroski, Kosta and Angeleski, Marjan (2008) Примена на актуарската математика во управувањето со ризикот кај животно осигурување. Drustvo za nauka i umetnost, Prilep.

[thumbnail of trud za DNU 2008.doc] Text
trud za DNU 2008.doc

Download (201kB)

Abstract

Животното осигурување можеби е најинтересниот и најголем предизвик на модерната финансиска и актуарска математика.
Осигурувањето на живот се однесува на сите видови осигурувања кај кои со престанувањето или во текот на траењето на животот на еден или повеќе осигуреници доаѓа до исплата на осигурената сума од страна на осигурувачот. Тоа е специфичен вид осигурување што успешно ги комбинира осигурувањето и штедењето. Осигурувањето на живот значи акумулирање на огромни финансиски средства кои се долгорочни, и затоа истото има големо значење не само за осигуреникот и осигурителната компанија, туку и за стопанството во целина.
Животното осигурување се карактеризира со различни видови на случајност, т.е. случајност од смрт, променлива интересна стапка и сл. Поради тоа осигурувањето на живот сноси ризик. Остварените ризици кај осигурените лица не можат реално никогаш да се надокнадат, но можат се ублажат последиците на настанување на ризикот со материјалната надокнада, односно со исплата на осигурената сума.
Кај осигурителните компании, ризикот (или можноста од финансиска загуба) се мери со потенцијалното отстапување на остварените од предвидените резултати, а точноста на предвидувањето се базира на големиот број единици кои се земаат во предвид при пресметувањето. Но, со оглед на фактот што стварните настани можат да се разликуваат од предвидените, постои ризик за осигурителната компанија.
Техничка основа за пресметување на ризикот кај животното осигурување се законот на големите броеви и теоријата на веројатност, додека пак пресметковна основа претставуваат таблиците на живот, односно морталитетните таблици. Но, сепак треба да се потенцира дека применетата теорија на веројатност има битна улога само кога осигурувањето функционира врз основа на однапред платената премија, со тоа што учесниците однапред го плаќаат својот дел за загубите.
Во овој труд ќе бидат разработени методите за пресметување на ризикот при животно осигурување, кои ќе бидат основа за превземање активности за ублажување на истиот, односно врз основа на нив ќе мочат да се рзвијат методи за мерење и контрола на ризикот. Во овој контекст финансиската и актуарска математика нудат нетривијални и неоспорни вистини за прецизно утврдување на ризикот.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 23 Jun 2016 06:20
Last Modified: 23 Jun 2016 06:20
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/140

Actions (login required)

View Item View Item