“Перспективи во развојот на женското претприемништво во општина Прилеп”

Христоска, Маја (2025) “Перспективи во развојот на женското претприемништво во општина Прилеп”. Masters thesis, Faculty of Economics - Prilep.

[thumbnail of Izvestaj za ocenka na prijava Маја Христоска.doc] Text
Izvestaj za ocenka na prijava Маја Христоска.doc

Download (103kB)

Abstract

Актуелноста на оваа тема произлегува од растечкиот придонес на жените во претприемничкиот сектор, кој се повеќе се препознава како значаен двигател на економскиот и социјалниот развој. Женското претприемништво не претставува само економска активност, туку и важен механизам за зголемување на родовата рамноправност, зајакнување на економската независност на жените и создавање инклузивни можности на пазарот на труд.
Во современите економии, претприемништвото, вклучително и женското претприемништво, е тесно поврзано со појавата на иновации, креативни решенија и нови деловни модели. Жените-претприемачки честопати внесуваат поинаков пристап во бизнисот, ориентиран кон одржливост, општествена одговорност и локален развој. Трендовите на глобално ниво укажуваат дека се поголем е бројот на жени кои започнуваат сопствен бизнис, особено во секторите поврзани со дигиталната економија, услугите и креативните индустрии. Бројот на жени претприемачи расте, но тие се уште се соочуваат со структурни бариери – ограничен пристап до финансии, недостаток на менторска поддршка, културни предрасуди и недоволно учество во формалните деловни мрежи.
Во Македонија, и конкретно во општина Прилеп, женското претприемништво има значителен, но се уште недоволно искористен потенцијал. Иако во изминатата деценија се забележуваат напори за негово промовирање преку програми за поддршка, субвенции и кредитни линии, процентот на жени сопственици на бизниси останува понизок во споредба со мажите. Дополнително, економските и социјалните услови, како и културните стереотипи, често влијаат врз одлуката на жените да започнат или да го прошират својот бизнис.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Oct 2026 04:34
Last Modified: 21 Oct 2026 04:34
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11918

Actions (login required)

View Item View Item