“Интегрирани маркетинг комуникации во банките во Република Северна Македонија”

Нанчески, Дамјан (2026) “Интегрирани маркетинг комуникации во банките во Република Северна Македонија”. Masters thesis, Faculty of Economics - Prilep.

[thumbnail of Izvestaj za ocenka na prijava Дамјан Нанчески.doc] Text
Izvestaj za ocenka na prijava Дамјан Нанчески.doc

Download (101kB)

Abstract

Темата што ќе биде предмет на истражување во магистерскиот труд е составена од четири засебни, но логично поврзани сегмента, како и вовед во почетокот и заклучни согледувања, на крајот од трудот.
Во воведниот дел, најнапред, ќе се даде објаснување на целта од проучувањето на проблематиката, опфатена со овој труд, со што ќе се укаже на потребата од ваков тип истражувања. Натаму, во воведот, ќе биде образложена методологијата на истражувањето.
Во првиот дел од магистерскиот труд предмет на анализа ќе биде улогата и значењето на банките во финансискиот систем. Банките претставуваат значајни финансиски посредници што заземаат централно место во рамките на финансискиот систем. Денес активностите на современите банки не се ограничени само на традиционалните банкарски работи (прибирање депозити и одобрување кредити), туку тие нудат и голем број небанкарски услуги (брокерски услуги, инвестициско банкарство, управување со инвестициските фондови, управување со имотите, финансиско советување итн), претворајќи се на тој начин во универзални финансиски институции. Достигнувањата во компјутерската и телекомуникациската технологија, коишто со драстичното намалување на трошоците за процесирање на финансиските трансакции, условија појава на нови финансиски производи и услуги што и се нудат на пазарот.Тоа се должи на огромните промени што се случија во финансискиот сектор (дерегулација, глобализација, секјуритизација, технолошки промени итн.).
Под влијание на тие
процеси банките драстично ја менуваат природата на своето
функционирање. Во овој дел ќе бидат опфатени и основните видови банкарски производи и услуги, како и современите трендови во работењето на банките, со посебен осврт на влијанието на дигитализацијата и технолошките иновации врз развојот на банкарскиот сектор.
Вториот дел од магистерскиот труд ќе биде насочен кон анализа на примената на интегрираните маркетинг комуникации во банките. Во овој дел ќе се разработи концептот на интегрирани маркетинг комуникации и нивната улога во современото банкарско работење. Ќе се анализираат процесите на планирање и развој на комуникациски стратегии, дефинирањето на комуникациските цели, како и изборот на соодветни комуникациски инструменти. Посебно внимание ќе се посвети на маркетинг комуникацискиот микс, кој ги опфаќа економската пропаганда, односите со јавноста, директниот и on - line маркетинг, продажната промоција и личната продажба. Во рамки на ова поглавје посебно внимание ќе се посвети врз дигиталните маркетинг комуникации, вклучувајќи ги интернет маркетингот, социјалните медиуми и другите on – line канали преку кои банките комуницираат со своите клиенти. Дополнително, ќе се анализираат и етичките и општествено одговорните аспекти на маркетинг комуникациите во банкарскиот сектор.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Oct 2026 04:34
Last Modified: 21 Oct 2026 04:34
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11917

Actions (login required)

View Item View Item