Митрова, Тања (2025) “Интеграција на ESG – принципите во деловното работење на финансиските институции во Република Северна Македонија”. Masters thesis, Faculty of Economics - Prilep.
|
Text
Izvestaj za ocenka na prijava Tanja Mitrova.doc Download (108kB) |
Abstract
Во современите деловни услови, компаниите сè повеќе го напуштаат традиционалниот начин на работење и се насочуваат кон задоволување на потребите на потрошувачите, како и кон интересите на останатите засегнати страни. Концептот на општествена одговорност, познат како корпоративна општествена одговорност, е веќе широко прифатен и применуван. Тој подразбира насочување на деловните активности кон општествено одговорни цели и зголемен ангажман на компаниите, надвор од минималните обврски утврдени со законската регулатива. Меѓутоа, со текот на времето, се јави потреба од систематизиран пристап, аналитичка рамка и јасен патоказ кој ќе им помогне на компаниите да знаат што да применуваат, каде и како да ги насочат своите активности, но и на кој начин истите ќе бидат измерени и транспарентно презентирани. Оттука, концептот на ESG (Environmental, Social, and Governance), иако не е нов, доби особена актуелност во последните години, пред сè поради зголемениот притисок од регулаторните тела и инвеститорите. ESG концептот се однесува на трите клучни аспекти на деловното работење: животната средина (Environmental), општествените прашања (Social) и корпоративното управување (Governance). Овој концепт не ја исклучува ниту заменува корпоративната општествена одговорност, туку претставува нејзино надградување и систематизација. Неговата цел е да даде одговор на прашањето како компанијата управува со ризиците и можностите што произлегуваат од променливите услови во животната средина, економијата и општеството.
Степенот на примена на ESG практиките зависи од големината, структурата и природата на компанијата, како и од државата во која таа делува. Во Република Северна Македонија, моментално не постои законска регулатива која ги обврзува компаниите – без разлика на нивната големина или дејност – задолжително да изготвуваат ESG извештаи. ESG моментално има карактер на препорачан принцип, особено релевантен за поголемите компании и оние што котираат на берза.
| Item Type: | Thesis (Masters) |
|---|---|
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
| Divisions: | Faculty of Economics |
| Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
| Date Deposited: | 21 Oct 2026 04:34 |
| Last Modified: | 21 Oct 2026 04:34 |
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11916 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |
