“Интерна ревизија на изворите на средства кај деловните субјекти во Република Северна Македонија”

Соклевска, Христина (2026) “Интерна ревизија на изворите на средства кај деловните субјекти во Република Северна Македонија”. Masters thesis, Faculty of Economics - Prilep.

[thumbnail of Izvestaj za ocenka na prijava Hristina Soklevska.doc] Text
Izvestaj za ocenka na prijava Hristina Soklevska.doc

Download (95kB)

Abstract

Со постојаниот раст и развој на деловните субјекти, како и со сè поинтензивната динамика на светската економија, се наметнува се поголемата потреба од ревизија на финансиските извештаи. Интерната ревизија претставува значаен елемент во процесот на управување, контрола и унапредување на финансиското работење на секој деловен субјект. Таа овозможува навремено идентификување на ризиците, контролирање на финансиските текови и потврдување на законитоста и ефикасноста при користењето на изворите на средства.
Чесноста и вистинитоста на презентираните податоци во финансиските извештаи е тесно поврзана со ревизијата на финансиските извештаи. Целта на ревизијата на финансиските извештаи е да утврди дали иситите се изработени во согласност со општо прифатените меѓународни сметководствени стандарди и меѓународни ревизорски стандарди. Во таа насока ревизорските докази имаат посебно место и улога во спроведувањето на ревизијата на финансиските извори
Имајќи во предвид дека фокусот на интерес на овој магистерски труд е интерна ревизија на изворите на средства кај деловните субјекти, улогата во спроведувањето на ревизијата на финансиските извештаи, посочува дека дека тоа е основа без чие постоење и употреба не може ниту да се замисли уште помалку во реалноста да се спроведе ефективна и ефикасна ревизија на финансиските извештаи.
Ревизијата во текот на својот ангажман прибира релевантен доказен материјал, врз онова на кој донесува професионален суд за реалноста и објективноста на презентираните финансиски извештаи.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Oct 2026 04:33
Last Modified: 21 Oct 2026 04:33
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11913

Actions (login required)

View Item View Item