Николоска, Марија (2026) “Данокот на додадена вредност како значаен фискален инструмент”. Masters thesis, Faculty of Economics - Prilep.
|
Text
Izvestaj za ocenka na prijava Marija Nikoloska.doc Download (101kB) |
Abstract
Во современите економски услови, даночните системи претставуваат еден од клучните механизми преку кои државата обезбедува финансиски средства за функционирање на јавниот сектор, како и за спроведување на економските и социјалните политики. Во рамките на овие системи, данокот на додадена вредност (ДДВ) зазема особено значајно место како индиректен данок што обезбедува стабилен и континуиран прилив на приходи во државниот буџет.
Данокот на додадена вредност претставува современ облик на оданочување на потрошувачката, кој е широко прифатен и применуван во најголем број земји во светот. Неговата основна карактеристика се состои во оданочувањето на додадената вредност што се создава во секоја фаза од процесот на производство и промет на добрата и услугите. Ваквиот пристап овозможува зголемена транспарентност на економските трансакции, поефикасна контрола врз даночните обврзници, како и унапредување на целокупната ефикасност на даночниот систем.
Значењето на данокот на додадена вредност како фискален инструмент особено се нагласува во современите економии, каде што тој претставува еден од најиздашните извори на јавни приходи. Покрај неговата фискална функција, данокот на додадена вредност има и значајна економска и социјална улога, имајќи предвид дека влијае врз нивото и структурата на потрошувачката, распределбата на даночниот товар, како и врз економското однесување на деловните субјекти.
Имајќи ја предвид улогата и значењето на данокот на додадена вредност како значаен фискален инструмент, основна цел на истражувањето во овој магистерски труд ќе биде анализа на неговите економско-фискални импликации со цел подобро разбирање на неговата улога во современата економија во контекст на обезбедување стабилни јавни приходи.
| Item Type: | Thesis (Masters) |
|---|---|
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
| Divisions: | Faculty of Economics |
| Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
| Date Deposited: | 21 Oct 2026 04:33 |
| Last Modified: | 21 Oct 2026 04:33 |
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11912 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |
