Јанева, Љубинка (2026) “Анализа на финансиските перформанси на ТПУ ФУК-ТАК ТП”. Masters thesis, Faculty of Economics - Prilep.
|
Text
Izvestaj za ocenka na prijava Љубинка Јанева.doc Download (96kB) |
Abstract
Темата што ќе биде предмет на истражување во магистерскиот труд е составена од три засебни, но логично поврзани сегмента, како и вовед во почетокот и заклучни согледувања, на крајот од трудот.
Во воведниот дел, најнапред, ќе се даде објаснување на целта од проучувањето на проблематиката, опфатена со овој труд, со што ќе се укаже на потребата од ваков тип истражувања. Натаму, во воведот, ќе биде образложена методологијата на истражувањето.
Во првиот дел од магистерскиот труд, под наслов Улога и значење на финансиската анализа за потребите на компаниите, најнапред ќе бидат презентирани целите што треба да се реализираат со посредство на финансиската анализа во остварувањето на задачите на финансиската политика. Финансиските извештаи претставуваат значајна алатка во процесот на креирањето на деловната и финансиската политика на компанијата и во процесот на донесување финансиски одлуки. Податоците што се добиваат од финансиските извештаи, а се однесуваат на структурата на средствата и обврските, големината и структурата на капиталот, приходите и расходите и резултатите од работењето, тековите на финансиските средства треба да бидат основа во креирањето на финансиската политика, финансиската ситуација, финансиската структура, трајната способност за финансирање и плаќање и за дефинирање на идните правци за развој на компанијата.
Во вториот дел, под наслов Финансиската анализа во функција на оценка на ликвидноста и профитабилноста на компаниите, акцентот ќе биде ставен врз улогата, значењето и начините за мерење на ликвидноста и профитабилноста на компаниите. Ликвидноста претставува значаен економски принцип во работењето на компаниите. Компаниите што се неликвидни се соочуваат со низа негативни последици во нивното функционирање. Затоа, во овој дел најнапред ќе бидат прикажани карактеристиките, односно предностите и недостатоците на одделните политики на ликвидност, а потоа и начините за мерење на ликвидноста во компаниите. Профитабилноста, исто така претставува битен економски принципи во работењето на компаниите. При анализата на профитабилноста на компаниите круцијално значење треба да има стапката на принос на капиталот, што се пресметува како однос меѓу нето добивката и капиталот на компанијата. Стапката на принос на средствата, што е вториот најважен збирен показател при оценката на профитабилноста претставува однос меѓу нето добивката и вкупните средства на компанијата. Претходно споменатите збирни показатели можат да претставуваат солидна основа за изведување дополнителни показатели со коишто уште подетално ќе се изврши анализа и оценка на профитабилноста на компаниите.
Третиот дел од магистерскиот труд, под наслов Финансиска анализа на ТПУ ФУК-ТАК ТП се однесува на анализа на финансиските перформанси на компанијата ТПУ ФУК-ТАК ТП. Врз основа на информациите од финансиските извештаи, ќе бидат презентирани и анализирани показателите за ликвидноста и профитабилноста на оваа компанија и ќе бидат предложни мерки и препораки за максимизирање на ефикасноста во работењето.
| Item Type: | Thesis (Masters) |
|---|---|
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
| Divisions: | Faculty of Economics |
| Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
| Date Deposited: | 21 Oct 2026 04:33 |
| Last Modified: | 21 Oct 2026 04:33 |
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11910 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |
