Деспотоски, Сашо (2026) “Специфичности на интерната ревизија на постојаните средства кај Акционерските друштва и нивната поврзаност со меѓународните ревизорски стандарди”. Masters thesis, Faculty of Economics - Prilep.
|
Text
Izvestaj za ocenka na prijava Saso despotoski.doc Download (85kB) |
Abstract
Со зголемениот раст и развој на деловните субјекти, како и со процесите на глобализација на светските пазари и економии, се наметнува сè поголема потреба од интерна ревизија на финансиските извештаи. Поимот ревизија сè почесто се користи во секојдневното стопанско и нестопанско работење и е тесно поврзан со сметководството. Сметководството ги евидентира сите економско-финансиски трансакции и преку основните финансиски извештаи ја прикажува состојбата на средствата и изворите на средства. Точноста и веродостојноста на овие извештаи се потврдува токму преку интерна ревизија на финансиските извештаи.
Чесноста и вистинитоста на презентираните податоци во финансиските извештаи е во тесна поврзаност со нивната интерна ревизија. Целта на ревизијата на финансиските извештаи е да утврди дали тие се изготвени во согласност со општо прифатените меѓународни сметководствени стандарди и меѓународните ревизорски стандарди.
Имајќи во предвид дека фокусот на интерес на овој магистерски труд се специфичностите на интерната ревизија на постојаните средства кај Акционерските друштва и нивната поврзаност со меѓународните ревизорски стандарди, се нагласува нивната значајна улога во спроведувањето на интерната ревизија на финансиските извештаи. Тие претставуваат основа без која не може да се замисли, а уште помалку во пракса да се спроведе ефективна и ефикасна интерна ревизија. Интерната ревизија во текот на својот ангажман прибира релевантен доказен материјал, врз онова на кој донесува професионален суд за реалноста и објективноста на презентираните финансиски извештаи.
| Item Type: | Thesis (Masters) |
|---|---|
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
| Divisions: | Faculty of Economics |
| Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
| Date Deposited: | 21 Oct 2026 04:32 |
| Last Modified: | 21 Oct 2026 04:32 |
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11909 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |
