“Ревизорски постапки при тестирањето на нетековните средства “

Деспотоски, Александар (2026) “Ревизорски постапки при тестирањето на нетековните средства “. Masters thesis, Faculty of Economics - Prilep.

[thumbnail of Izvestaj za ocenka na prijava Aleksandar Despotoski.doc] Text
Izvestaj za ocenka na prijava Aleksandar Despotoski.doc

Download (83kB)

Abstract

Со се поголемиот раст и развој на деловните субјекти, глобализацијата на светските пазари и економии, се наметнува се поголемата потреба од ревизија на финансиските извештаи. Зборот ревизија се повеќе се користи во секојдневниот стопански и нестопански живот и е поврзан со сметководството. Сметководството ги снима сите економско финансиски трансакции и преку основните финансиски извештаи ја покажува состојбата на средствата и изворите на средства. Потврдата на нивната точност се потрдува токму со ревизијата на финансиските извештаи.
Чесноста и вистинитоста на презентираните податоци во финансиските извештаи е тесно поврзана со ревизијата на финансиските извештаи. Целта на ревизијата на финансиските извештаи е да утврди дали иситите се изработени во согласност со општо прифатените меѓународни сметководствени стандарди и меѓународни ревизорски стандарди. Во таа насока ревизорските постапки при тестирањето на нетековните средства имаат посебно место и улога во спроведувањето на ревизијата на финансиските извештаи.
Имајќи во предвид дека фокусот на интерес на овој магистерски труд се ревизорските постапки при тестирањето на нетековните средства, нивната улога во спроведувањето на ревизијата на финансиските извештаи, посочува дека тие се база односно основа без чие постоење и употреба не може ниту да се замисли уште помалку во реалноста да се спроведе ефективна и ефикасна ревизија на финансиските извештаи.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Oct 2026 04:32
Last Modified: 21 Oct 2026 04:32
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11906

Actions (login required)

View Item View Item