КОИ СЕ ТРИТЕ ВОДЕЧКИ ЦЕЛИ НА ЕК ВО СФЕРАТА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД ДО 2030?

Европски столб на социјални права (European Pillar of Social Rights)

Автор: Проф. Д-р Димитар Николоски, експерт за пазарот на труд

Европа денес е дом на наједнаквите општества во светот, со највисоки стандарди во работните односи и обемна социјална заштита. Во тој контекст, Европскиот столб на социјални права беше објавен од страна на Европскиот Парламент, Советот и Комисијата на Самитот во Гетеборг, 2017 година. Столбот воспоставува 20 клучни принципи кои претставуваат своевиден патоказ кон силна социјална Европа која е правична, инклузивна и изобилува со можности. Принципите на Столбот треба да помогнат во градењето поправични и функционални пазари на труд, како и солиден систем на благосостојба во корист на Европските граѓани. Со Акцискиот план за Европскиот столб на социјални права, Комисијата утврдува конкретни иницијативи за постигнување токму на овие заложби. Постигнувањата на заложбите дефинирани во Европскиот столб на социјални права претставува заеднички напор на институциите во ЕУ, националните, регионалните и локални власти, социјалните партнери, како и граѓанското општество.

Во основата на Европската социјално-пазарна економија се наоѓа конкурентната одржливост, заснована врз одржлив и инклузивен модел на развој со кој се постигнува најдоброто за луѓето и планетата. Европската социјална и економска флексибилност е резултат токму на овој уникатен модел, кој е ценет од страна на европските граѓани. Предноста на овој модел е тоа што обезбедува можности за сите, без разлика на полот, расната или етничката припадност, религијата, попреченоста, возраста или сексуалната определба. Амбицијата на ЕУ да успее во ветувањето за споделен просперитет што е во суштината на Европскиот столб на социјални права е објавен од страна на Европскиот Парламент, Советот и Комисијата во 2017 година.

Климатските промени и предизвиците од животната средина, дигитализацијата, глобализацијата и демографските трендови забрзано го менуваат секојдневниот живот. Пандемијата со COVID-19 го изложи европското општествено ткиво на натамошни драстични промени во работните места, образованието, економијата, благосостојбата и општествениот живот. Овие длабоки трансформации го ставаат на тест ветувањето за успешна социјално-пазарна економија, со работни места кои овозможуваат пристојно живеење и заштита во кризни времиња. Денес, 90% од европските граѓани сметаат дека социјална Европа е важна за нив и би требало да понуди еднави можности и пристап до пазарот на труд, како и правични работни услови и социјална заштита. Подобрувањето и прилагодувањето на европскиот т.н. „социјален правилник“ т.е. негување на економија што функционира за луѓето и промовира општествен прогрес се суштина на европскиот одговор на ваквите промени.

Силниот одговор на политиките на национално и Европско ниво во однос на пандемијата со COVID-19 се покажа како успешен во ограничување на нејзините последици врз вработеноста и општеството во целост. Со помош на цврсто единство и координација, европската солидарност овозможи поддршка за земјите членки во воспоставување краткорочни мерки за зачувување на работните места со цел зауздување на невработеноста во непредвидени ситуации. Ова помогна за одржување на вработеноста, приходите и економијата во целина.

Вакво единство, координација и солидарност ќе бидат потребни и во наредните години за натамошно истапување кон зелена и дигитална трансформација преку која Европските граѓани ќе можат да напредуваат. И покрај тоа што се карактеризираат со разлики и специфичности, сите земји членки се соочуваат со слични предизвици кои претстојат во наредниот период. Европа мора да тежнее кон нов т.н. „социјален правилник“ кој овозможува солидарност меѓу генерациите, создава можности за сите, ги наградува претприемачите кои се грижат за своите вработени, се фокусираат на работните места, промовира подобри работни и животни услови, инвестира во квалитетно и инклузивно образование, обуки, вештини и иновации и обезбедува соодветна социјална заштита за сите. Во тој контекст, неопходно е да се зајакнат социјалните права и да се зацврсти Европската социјална димензија во сите политики на Унијата. На тој начин би се овозможило транзицијата кон климатска неутралност, дигитализација и демографска промена да биде социјално правична.

Дваесетте принципи на Европскиот столб на социјални права претставуваат ѕвезда-водилка кон силна Социјална Европа и поставуваат визија за новиот „социјален правилник“. Тие ги изразуваат принципите и правата кои се суштински за правични и функционални пазари на труд и системи на благосостојба за Европа на 21-от век. Некои од принципите ги реафирмираат правата кои веќе се присутни во acquis-то на ЕУ, додека други поставуваат јасни цели за претстојниот пат во решавањето на предизвиците кои произлегуваат во општествениот, технолошкиот и економскиот развој.

Ефективната имплементација на Европскиот столб на социјални права во моментов е важен повеќе од било кога и во голема мера зависи од решителноста на земјите членки, кои главно ја имаат одговорноста за вработеноста, вештините и социјалните политики. Активностите на ниво на ЕУ можат да ги надополнат националните активности, а во тој контекст, Акцискискиот план е придонес на Комисијата за имплементација на принципите на Социјалниот столб во согласност со повиците на Европските лидери и Европскиот Парламент. Во доменот на вработеноста потребно е создавање можности за вработување во реалната економија, прилагодување на работните стандарди, стандардите за безбедност и здравје при работа и мобилноста на работната сила. Во доменот на вештините потребно е инвестирање во такви вештини и образование кои ќе креираат нови можности за сите. Социјалната заштита и вклученост би требало да обезбедат достоинствено живење, промоција на здравствената нега и прилагодување на социјалната заштита.

Европската Комисија предлага три водечки цели кои треба да бидат остварени до крајот на деценијата во сферите на вработеноста, вештините и социјалната заштита. Овие целни вредности се во согланост со целите на одржлив развој на ОН и претставуваат водич на заедничките напори за силна Социјална Европа и постигнување на одржливо влијание. Социјалните цели како надополнувањето на смелите политички цели на ЕУ за зелена и дигитална транзиција, ќе помогнат за фокусирање на политичките напори во постигнување конкретни резултати и претставуваат важен поттик за реформа и инвестирање. Тие треба да ги насочуваат политичките одлуки во земјите членки, вклучувајќи го контекстот на плановите за национално заздравување и флексибилност. Тие, исто така, овозможуваат мерење и мониторинг на напредокот кон амбициите и политичката заложба на Столбот. Додека повеќето инструменти за нивно постигнување се во надлежност на земјите членки, водчките цели на ЕУ ја одразуваат заедничка амбиција до 2030 година.

Но, кои се трите водечки цели во ЕУ до 2030 година?

  1. Најмалку 78% од популацијата на возраст меѓу 20 и 64 години би требало да биде вработена до 2030 година

И покрај големите напори, кризата со COVID-19 доведе до застој на претходниот напредок во вработеноста. Имено, во третиот квартал од 2020 година стапката на вработеност кај мажите изнесуваше 78,3% додека кај жените 66,6%. Со поставувањето на новата цел за 2030 година, ЕУ ги реафирмира заложбите за инклузивна висока вработеност. Со цел да се постигне оваа цел, Европа мора да настојува да биде постигнато следново:

  • родовиот јаз во вработеноста барем да биде преполовен
  • зголемување на формалното рано детско образование и нега
  • намалување на стапката на млади кои не се ниту вработени, ниту во образование или обука на возраст 15-29 години од 12,6% на 9%.

Во порастот на инклузивната вработеност придонесува и поттикнувањето за учество во пазарот на труд на останатите помалку застапени групи до максимумот на нивните капацитети. Во нив спаѓаат: постари лица, лица со ниски квалификации, лица со попречености, оние кои живеат во рурални и оддалечени области, ЛГБТ заедница, Роми и останати етнички или расни малцинства кои се со голем ризик од исклученост или дискриминација, како и оние со мигрантска провиниенција. Лицата кои тековно се обесхрабрени активно да бараат работа, мора да бидат охрабрени да учествуваат во пазарот на труд за истиот да може брзо да заздрави.

  1. Најмалку 60% од возрасните секоја година би требало да посетуваат обуки

Во контекст за заздравувањето и двојната транзиција (зелена и дигитална), зголемувањето на учеството на возрасните во обуки до 60% е клучно за подобрување на вработливоста, зголемување на иновациите, обезбедување социјална правичност и намалување на дигиталниот јаз во вештините. Така, во 2016 година само 37% од возрасните учествувале во едукативни активности на годишно ниво, додека кај ниско-квалификуваните лица оваа стапка  едвај изнесувала 18%. Клучен фактор за успех кај вклучување на возрасните во преквалификација и доквалификација во подоцнежна фаза од животот е силно формирање на основни и трансверзални вештини кои се стекнати во почетното образование и обука, особено кај обесправените групи. Во 2019 година, 10,2% од младите го напуштиле образованието и обуката со најмногу тригодишно средно образование и понатаму не биле вклучени во образовни активности и обуки, а постои ризик овие показатели да се влошат како резултат на тековната криза. Заради тоа, потребно е засилување на напорите за зголемување на учеството на возрасните во обуки и подобрување на нивото на постигнување во почетното образование и обука. Меѓу другото, тоа вклучува следново:

  • Најмалку 80% од лицата на возраст 16-74 години би требало да имаат основни дигитални вештини до 2030 година
  • Раното напуштање на образованието понатаму треба да се намалува
  1. Бројот на лица во ризик од сиромаштија и социјална исклученост би требало да се намали за најмалку 15 милиони до 2030 година

Сиромаштијата и социјалната исклученост во ЕУ во текот на последната деценија континуирано се намалуваат. Во 2019 година, околу 91 милиони лица (од кои 17,9 милиони биле деца на возраст 0-17 години) биле во ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Сепак, амбициозната цел за намалување од 20 милиони до 2020 година сеуште не е постигната. Пандемијата со COVID-19 ја влоши состојбата, доведувајќи до повиоко ниво на финансиска несигурност, сиромаштија и нееднаквост на приходите на краток рок. Фокусот врз децата треба да обезбеди не само пристап до нови можности, но ќе придонесе да се прекине меѓугенерацискиот циклус на сиромаштија, превенирајќи да израснат во возрасни во ризик од сиромаштија или социјална исклученост а со тоа постигнување на долгорочни системски ефекти.

Овие три водечки цели за 2030 година, во исто време, се чинат амбициозни и реалистични. И покрај тоа што нивото на несигурност од актуелните кризи и нивното влијание врз нашето општество и економија не дозволува целосно и точно да се предвиди очекуваниот развој во наредните години, предложените цели ги одразуваат тековните економски предвидувања со помош на најновите расположливи податоци и минатото искуство. Настојувањето за нивно постигнување е неопходно за Европа да го зачува нејзиното лидерство во промоцијата на човековата благосостојба. Врз основа на водечките цели, Европската Комисија ги повикува земјите членки да дефинираат свои национални цели како придонес кон оваа заедничка заложба.