Интеркултурно образование/Intercultural education

Kochoska, Jasminka (2022) Интеркултурно образование/Intercultural education. Faculty of Education - Bitola, Bitola. ISBN 978-9989-100-70-3 (Педагошки факултет) 978-608-66247-6-7 (Центар за Балканска cоработка Лoja)

[thumbnail of Interkulturno obrazovanie.doc] Text
Interkulturno obrazovanie.doc

Download (2MB)

Abstract

Во последно време, сведоци сме на забрзаниот економски, социјален и културен развој на општеството. Благодарение на четирите важни моменти, како што се транспортот, развојот на комуникациската технологија, економската глобализација и миграцијата, светот стана гло¬бал¬но село. Овие големи и клучни промени ги интензивираа кому-н謬ка¬ци¬јата и интеракцијата помеѓу луѓето и потребата за мултикул-турен и интеркултурен дијалог.
Етничката, националната, јазичната, верската и општествено-економската разновидност на поединци, припадници на различни култури, кои живеат едни до други се нарекува мултикултурализам. Овој термин се користи за да се опише општество во кое културите живеат едни до други, без голема интеракција. Од друга страна, интер-кул¬турализмот подразбира воспоставување односи помеѓу групите со различни култури, т. е. интеракција и изразува верување дека, преку оствବру¬ва¬ње контакти и споделување искуства, луѓето се збогатуваат и развиваат.
Интеркултурното образование е неизбежен фактор во процесот на меѓусебното запознавање и разбирање на различните култури и на воспоставувањето позитивни интеркултурни релации. Бројни истражува¬ња, теоретски дискусии и нормативни текстови, во однос на културните разлики, мултикултурализмот/интеркултурализмот и мул-ти¬културното/интеркултурното образование, несомнено, ја потврдуваат важноста на прашањето за подобрување на интеркултурните односи, преку интеркултурното образование.
Основата на интеркултурното образование се темели врз визијата за свет, во кој се почитуваат човековите права и во кој демократското учество и владеењето на правото се гарантирани и еднакви за сите. Практичната цел на оваа глобална визија е создавање погрижливо општество, кое покажува поголема солидарност, под-готвеност и способност за намалување на негативните ефекти од индивидуализмот, маргинализацијата и социјалната исклученост. Тоа е општество во кое демократијата не претставува само политичка организација или форма на владеење туку начин на живот, кој е заснован на заедница, комуникација и меѓузависност (Europe, 2003).
За да може успешно да се оствари визијата за одржливи демократски општества, најважната алка во нивното функционирање е образованието. Во мултикултурните општества, еден од најзначајните и централни аспекти на „образованието за демократско граѓанство“, мора да биде „интеркултурното образование“ и стекнувањето интеркултурна компетентност. Со оглед на новонастанатите промени во светски рамки, интеркултурното образование повеќе не може да се смета само како дел од повремени проекти или обичен додаток на наставната програма, туку мора да се прошири и да ја замени монокултурната и еднојазичната поставеност на нашите училишта и да придонесе за промена во начинот на размислување во целокупниот образовен систем. Имено, интеркултурното образование треба да направи значаен исчекор во обезбедување способни професионалци во образованието, кои ќе бидат фокусирани на училишната практика и кои, преку креативно и кооперативно работење, ќе придонесат за промените во училницата и во училиштето како целина.
Долгорочните промени во училиштата и развојот на наставната програма, претставуваат клучна насока на интеркултурното образо-вание, кое служи како рамка за развој на нови методи и практика на настава и учење во училницата. За остварување на оваа цел, неопходно е вклучување на сите актери, кои се релевантни за образовниот процес и училишниот живот започнувајќи од вработените во образовните институции, учениците/студентите, па сѐ до културните институции и организациите во локалната и пошироката социјална средина.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences
Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Josif Petrovski
Date Deposited: 18 Sep 2022 20:34
Last Modified: 11 Jul 2023 10:20
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/7118

Actions (login required)

View Item View Item