Innovative Solutions for Improved Access to Services at Local Level: Creating a Network for Inclusive Development of the Pelagonija Planning Region of the Republic of N. Macedonia, Mapping of potentials for development of different types of rural tourism and preparing Register of Potentials for Rural Tourism (RPRTs)

Marinoski, Naume and Nestoroska, Ivanka and Andreeski, Cvetko and Risteski, Michael and Naumov, Kliment (2017) Innovative Solutions for Improved Access to Services at Local Level: Creating a Network for Inclusive Development of the Pelagonija Planning Region of the Republic of N. Macedonia, Mapping of potentials for development of different types of rural tourism and preparing Register of Potentials for Rural Tourism (RPRTs). Center for Development of the Pelagonija Planning Region.

[thumbnail of PPR-FINALEN- DRAFT 04.12.2017.pdf] Text
PPR-FINALEN- DRAFT 04.12.2017.pdf

Download (2MB)

Abstract

Пелагонискиот плански регион (ППР) е карактеристичен по застапеноста на значајна урбана и рурална конфигурација. Се работи за средина каде се наоѓаат два поголеми градови во Република Македонија, Битола и Прилеп, во кој степенот на урбанизација е најизразен. Меѓутоа, паралелно тој поседува и посебни рурални целини со забележително етнографско и природни наследство. Ваквата сложеност упатува на тоа дека развојот на руралниот туризам ќе се потпира на автентични вредности во настапот на туристичкиот пазар и ќе биде основа за посета на странски и домашни туристи надвор од регионалните рамки, но и посетители кои практикуваат урбан живот во Битола, а во излетничка и екскурзивна форма можат да ги посетат руралните средини. Руралниот туризам во ППР треба да придонесе подобрување на содржината на престој на сите туристи во регионот и посебно на оние кои имаат аспирации кон руралните простори. На тој начин руралниот туризам ќе придонесе поинтензивно вклучување на овие средини во развојните процеси, ќе ги афирмира локалитетите и објектите, општините во кои треба да се одвива и регионот во целина.
Во функција на евидентирање на туристичките потенцијали се креира регистар. Тој ќе овозможи основа во на која ќе се надоградува информатичкиот систем за квалитетот, квантитетот, просторната и временската димензија на појавите и доносите во руралните средини. Регистарот има полифункционален карактер бидејќи овозможува засегнатите страни да ги препознаат вредностите во руралните средини, но во исто време да има промотивно значење. Промоцијата на вредностите ќе го искористи регистарот за надоградување на неопходните компоненти во развојот на руралниот туризам. Во поглед на оптимално користење на регистарот посебно место зазема неговата формална и содржинска основа за реализација на основни и конкретни проектни активности за апликативно управување со процесите и за вклучување на релевантни фактори во насока на подобрување на условите за живот и работа во руралните средини. Од круцијална важност е фактот дека инвестициските активности можат да се операционализираат преку регистарот бидејќи тој дава информации за објекти, локалитети и регионални целини во кои постои погодна почва за успешна реализација во овој поглед. Ова истражување има амбиции да овозможи регистрација на појавите и односите кои заслужуваат посебна заштита како елементи на природно и културно наследство, и содржини кои ќе овозможат одржлив развој во еколошка, економска и социјална смисла.
За да може да се реализира истражувањето неопходно е да се води сметка за веќе постигнатите нивоа на рурално регистрирани појави и односи кои ќе најдат место во овој документ. Тие во исто време се подлога за проширување на содржинските квалитети, така што регистарот одговара како на реномираните туристички вредности, на оние кои немаат ваков епитет и вредностите кои помагаат туристичките системи за развој на руралните области да бидат заокружени. Мапирањето на содржинските елементи во регистарот имаат мисија која овозможува прецизно утврдување на зони, локалитети и полови на развој на руралниот туризам. Во просторно-планска смисла мапирањето овозможува да се дојде до илустративно лоцирање. Врз основа на лоцираноста просторно-интеракциските односи овозможуваат компаративен пристап во интерна и екстерна смисла, односно овозможуваат во рамките на зоните да се диференцираат општински локациски рамки, а да надвор од зоните се утврди конкурентноста на вредностите со окружувањето.
Пелагонискиот плански регион има значајно место во развојот на туризмот во Република Македонија од аспект на своето природно и антропогено богатство, а исто така и во поглед на неговата комуникативност. Во рурално-туристичка смисла комуникативноста има дисперзирани својства така што низ елементите кои се содржани во регистарот инвеститорите ќе препознаат целини со општо-туристичкикарактеристики и со посебни рурални компоненти. Во оваа смисла селективниот пристап во развојот на туризмот е документиран во рамките на регистарот и нема исклучив карактер туку напротив претставува синергична форма која различните туристички производи ги става во функција на забрзан рурален развој. Регистарот во оваа смисла може да претставува основна рамка за донесување просторно-плански решенија, утврдување на генерални урбанистички планови и утврдување на детално планирање во рурални средини. Покрај тоа, во рамките на вака утврденото планирање на просторот, определени објекти и локалитети (селски ансамбли и поединечни куќи, профани сакрални објекти) ќе најдат основа за заштита и унапредување и ставање во функција на афирмација на руралниот простор.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Michael Risteski
Date Deposited: 30 Mar 2021 12:58
Last Modified: 30 Mar 2021 12:58
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6335

Actions (login required)

View Item View Item