Десетта меѓународна научна конференција IBANESS

Nikoloski, Dimitar (2018) Десетта меѓународна научна конференција IBANESS. Еквилибриум (27). p. 7. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На 27 октомври 2018 година, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид беше одржана десеттата по ред Меѓународна балканска и блискоисточна конференција за општествени науки (International Balkan and Near Eastern Social Science Congresses Series - IBANESS). Како ко-рганизатори на конференцијата се јавуваат Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Универзитетот „Намик Кемал“ од Текирдак (Турција) и Универзитетот за агробизнис од Пловдив (Бугарија). На конференцијата беа презентирани околу 100 трудови на автори од повеќе балкански земји.
Врз основа на утврдената агенда, конференцијата започна со церемонија на отворање. На почетокот, од името на програмскиот одбор, свое обраќање имаше проф. д-р Димитар Николоски кој ги поздрави учесниците и им се заблагодари за вложениот труд да пријават трудови и да истражат различни аспекти од комплексните социо-економски проблеми. Потоа, пред присутните се обрати претседателот на програмскиот одбор на Конференцијата, проф. д-р Расим Јилмаз кој го истакна значењето на конференцијата за зајакнување на истражувачките капацитети во областа на општествените науки, како и градењето меѓусебна доверба за соработка во сферата на научно-истражувачката работа во Балканскиот регион. Во продолжение, деканот на Факултетот за туризам и угостителство, проф. д-р Цветко Андреески се заблагодари за укажаната доверба и изрази спремност Охрид и во иднина да биде домаќин на IBANESS и други слични конференции.
Целта на конференцијата беше да се истакнат повеќе аспекти на современите општествени промени во регионот на Балканот и Блискиот исток. Поконкретно, конференцијата овозможи креирање заедничка платформа за презентирање различни академски и професионални пристапи и дебати за проблемите со кои се соочуваат општествените науки во регионот. Конференцијата понуди можност за размена на идеи, градење партнерства, споделување на искуства за унапредување на современото општествено живеење.
Во рамките на работниот дел, авторите имаа можност во 4 паралелни сесии да ги презентираат сознанијата до кои дошле во своите истражувања. Од работниот дел на конференцијата може да се заклучи дека беа презентирани мошне интересни научни трудови во коишто се разработуваа различни проблеми во општествените науки. Од друга страна, научните дискусии овозможија авторите да добијат корисни сугестии за подобрување на квалитетот на нивните истражувања со цел нивно натамошно публикување во стручни и научни списанија.
Покрај работниот дел, учесниците имаа можност да учествуваат во богата социјална програма за којашто се погрижија организаторите на Конференцијата којашто се состоеше од организирана гала вечера и туристички посети на градовите Охрид и Битола. Според бројноста и квалитетот на презентираните трудови може да се заклучи дека конференцијата беше успешно реализирана, а Економскиот факултет-Прилеп во соработка со останатите партнерски институции уште еднаш ја потврди својата улога на лидер во научно-истражувачката дејност во регионот на Југоисточна Европа.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 18:09
Last Modified: 29 Feb 2020 18:09
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3660

Actions (login required)

View Item View Item