Посета на Државниот Универзитет во Тетово по повод „Денот на Европа“

Nakovska, Marija (2015) Посета на Државниот Универзитет во Тетово по повод „Денот на Европа“. Еквилибриум (17). pp. 8-9. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Денот на Европа или Денот на победата против фашизмот, 9 - ти мај, е ден кога се одбележува европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент. Европа го одбележува овој ден со низа манифестации, откако пред точно 60 години, тогашниот шеф на француската дипломатија Роберт Шуман, иницираше обединување на земјите во едно големо семејство коешто на почетокот беше Европска заедница, за подоцна, да се преименува во Европска унија. Шумановата декларација предвидуваше создавање на организирана Европа како опција за одржување на мирот меѓу нациите наместо војните на разурнатиот и поделен континент.
Шумановата декларација се смета за почеток на формирањето на она што денеска прерасна во Европска унија. 9-ти мај преставува европски симбол што заедно со заедничката валута - еврото, знамето и химната, го претставува политичкиот идентитет на Европската унија. Денот на Европа се користи како добра можност да се организираат активности и свечености што уште повеќе ќе ја приближат Европа до граѓаните на континентот и кои ќе придонесат за дополнително меѓусебно приближување на народите во Унијата.
Европското движење во Република Македонија по повод одбележувањето на 9-ти мај, Денот на Европа, организираше студентска манифестација на која учествуваа студенти од поголемите универзитети во нашата држава. Оваа година универзитет - домаќин беше Државниот универзитет во Тетово, а манифестацијата се одржуваше во амфитеатарот на ректоратот на овој универзитет. Учесници на таа манифестација беа и студентите од нашиот Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола и тоа од Економски факултет-Прилеп, ФИКТ-Битола и Правен факултет-Битола.
Манифестацијата свечено ја отвори вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, притоа посочувајќи дека „Европската Унија денеска е важен политички фактор што има голема улога во светската политика, мирот и безбедноста на глобално ниво. ЕУ, со политиката што ја промовира, ги натера владите од земјите членки да ги надминат тесните државни граници. Република Македонија во 2005 година го доби кандидатскиот статус и ние сега напорно работиме да станеме членка на ЕУ“. Манифестацијата ја поздрави и Ректорот на ДУТ, Вулнет Ахмети, додавајќи дека “Не смее да се заборави изреката на познатиот француски дипломат Роберт Шуман што направи пресврт пред 63 години кога рече дека „Европа треба да се обедини и да престанат војните и конфликтитенанејзинототло“. Свое обраќање имаше и Јоханес Д. Реј, официјален претставник на политичката фондацијата „Конрад Аденауер“, од Германија.
На самата манифестација, студентите имаа можност да бидат дел и да дебатираат на темата: „Демократијата предизвик за студентите“. Тие имаа можност да ги искажат своите мислења и да ги бранат аргументирано, и тоа секој на свој начин, од своја гледна точка. Понатаму, беше организиран натпревар во ораторство на тема „Европа во мојата визија за иднина“ поради што беа доделени награди за прво, второ и трето освоено место.Во натпреварот за ораторство учество зедоа двајца студенти и од Правниот факултет- Битола.
Навистина беше чест да се биде дел од оваа манифестација, бидејќи имаше навистина што да се види и чуе. Се надеваме дека токму оваа манифестација која се одржувапо повод Денот на Европа, ќе биде организирана и на нашиот универзитет зашто овој настан има првична цел да ја поттикне соработката меѓу студентите во Република Македонија придонесувајќи за размена на универзитетските практики, а со тоа да ја поттикне и соработката меѓу самите универзитети.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 27 Feb 2020 09:37
Last Modified: 27 Feb 2020 09:37
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3502

Actions (login required)

View Item View Item