Отворен ден на Економски факултет-Прилеп

Midovska, Marija (2012) Отворен ден на Економски факултет-Прилеп. Еквилибриум (7). pp. 6-7. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Во рамките на промотивните активности што ги реализира Економскиот факултет-Прилеп, на 6 април 2012 година беше организиран отворен ден на којшто беа присутни околу 500 матуранти од повеќе средни училишта од земјава. Во оваа манифестација беше вклучен целокупниот наставнички и соработнички кадар на Факултетот, како и вработените во стручните служби. Целта на отворениот ден беше матурантите да се запознаат со целокупните можности што ги нуди Економскиот факултет-Прилеп, и тоа како инфраструктурни, така и едукативни. Во тој контекст, вредно е да се напомене дека Факултетот располага со извонредни просторни услови, како што се: амфитеатри, предавални и компјутерски училници. Студентите на располагање имаат библиотека, опремена со богата стручна литература, читална, лабораторија за странски јазици, интернет клуб, како и студентска кафетерија. Информирањето на студентите се одвива преку современи видео дисплеи, како и преку интернет страницата на Факултетот (www.eccfp.uklo.edu.mk).
Покрај тоа, на идните бруцоши детално им беа презентирани алтернативите за студирање на Економски факултет-Прилеп според европскиот кредит трансфер систем којшто е имплементиран преку различните студиски програми. Притоа, на прв циклус студии запишувањето ќе се врши на следниве студиски програми: Е-бизнис, Меѓународна економија и бизнис, Сметководство, финансии и ревизија, Менаџмент и бизнис, Маркетинг менаџмент, Банкарство и финансиски менаџмент и Бизнис информатика; додека, пак, на втор циклус студии се застапени студиските програми по е-бизнис, Меѓународна економија и бизнис, Сметководство, финансии и ревизија, Бизнис адиминистрација – менаџмент, Маркетинг менаџмент, Финансиски менаџмент и Бизнис информатика. Вредно е да се напомене дека сите студиски програми континуирано се усовршуваат и осовременуваат за да бидат компатибилни со светските трендови.
Во поглед на спроведувањето на наставниот процес, пак, матурантите беа информирани дека, освен матичните професори и соработници, на Економскиот факултет-Прилеп се вклучени и голем број визитинг професори од други универзитети во земјата и странство. Исто така, на идните студенти им беше презентирана и добрата соработка на Факултетот со деловните субјекти, преку којашто на студентите им се овозможува реализација на практична работа, чија цел е запознавање со можностите за имплементација на стекнатите теоретски знаења, но и диверзификација на алтернативите за нивното идно вработување. Дополнително, на учениците им беше потенцирано дека, преку активностите на Центарот за перманентно професионално усовршување, како што се Недела на деловен субјект и предавања од истакнати стручњаци и еминентни професори, перманентно се збогатува едукативната понуда на Факултетот. Секако, учениците беа запознати и со можностите за вклучување во бројни дополнителни активности, како на пример, спортски натпревари, студенски забави и објавување свои статии во факултетското гласило „Еквилибриум“, чија цел е да информира за активностите на Факултетот и да ја популаризира економската наука. Се надеваме дека, и овојпат отворениот ден ги постигна планираните цели и дека преку успешната презентација, беа задоволени очекувањата на идните студенти на Економскиот факултет-Прилеп.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 10:03
Last Modified: 22 Feb 2020 10:03
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3302

Actions (login required)

View Item View Item