Промовирани доктори на науки на Унивезитетот „Св. Климент Охридски“-Битола

Stojanoski, Lazar (2011) Промовирани доктори на науки на Унивезитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. Еквилибриум (5). pp. 13-14. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Традиционално секоја година, по повод патрониот празник на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола, се врши промоција на кандидатите кои ги одбраниле своите докторски дисертации во тековната година. Во календарската 2011 година на единиците од Универзитетот беа одбранети вкупоно 10 докторски дисертации и тоа: една од областа на економските науки; една од областа на јавната администрација; една од областа на биотехнички науки; две од областа на техничките науки; две од областа на педагошките науки; и три од областа на безбедноста.
Оваа година промоцијата на доктори на науки се одржа на 06.12.2011 год. Промоцијата ја изврши ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола, проф. д-р Златко Жоглев, во присуство на проректорите, деканите и продеканите од единиците каде што кандидатите ги одбраниле докторските дисертации, менторите и голем број гости.
Единствениот промовиран доктор од областа на економските науки оваа година беше Кристина Боцевска која, на 15 јуни оваа година, на Економскиот факултет-Прилеп ја одбрани докторската дисертација, под наслов ”Развивање стимулативен систем за вработените во зависност од природата на работата”. На чинот на промоцијата во Ректоратот, покрај докторантот Боцевска, присуствуваа продеканот за настава, доц. д-р Марјан Ангелески и проф. д-р Лазар Стојаноски во својство на ментор. Продеканот М. Ангелески, ги презентираше биографските податоци за кандидатката, а менторот, Л. Стојаноски, го соопшти предметот и научните резултати од истражувањето направено во дисертацијата.
Предмет на истражување во докторската дисертација беше потребата од развивање и имплементирање систем за стимулација на вработените којшто е условен од постоењето различни работни места во организациите, со различна природа на работа. Актуелноста на темата особено е важна кога се знае дека во деловните субјекти во Р. Македонија постои недостиг од системи за стимулација или нивна несоодветност.
Научните резултати од спроведеното истражување, накратко, можат да се сублимираат преку следниве констатации: прво, потврдени се научно заснованите хипотези за постоење разлики во мерките на системот за стимулација на вработените за работни места со различна природа на работа; второ, добиени се нови сознанија за ваквите разлики во контекст на постојната состојба на пазарот на трудот во Р. Македонија; трето, добиени се показатели за реалната состојба на македонските организации според примерот на еден индустриски сектор-рударството. На крај вредно е да се истакне потребата од изработка на стандард на ниво на национална стратегија при што ќе се изврши детална квантитативна класификација на работните места во Р. Македонија, а со тоа би било олеснето стандардизирањето на називите на работните места. Оваа констатација и препорака од докторантот добива значење кога се знае дека во нашата држава се користи старата номенклатура на работните места од поранешна СФРЈ, што не одговара на новото окружување и промените што настанаа во општествено-економската сфера воопшто. Преку предложената квантитативна класификација на работните места ќе се избегнат недоразбирањата со коишто се соочуваат не само македонските работодавачи, туку и странските инвеститори кога станува збор за определување на работните места, а паралелно со тоа и определување плата на вработените според факторите што го дефинираат секое работно место.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Feb 2020 19:49
Last Modified: 21 Feb 2020 19:49
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3265

Actions (login required)

View Item View Item