Развојот на ресторативната правда низ призмата на правата на жртвата

Стефановска, Весна (2016) Развојот на ресторативната правда низ призмата на правата на жртвата. Македонска Ревија за кривично право и криминологија (2).

Full text not available from this repository.

Abstract

Криминолошката и казненоправната научна мисла и практика во обидот да пронајдат ефикасни решенија во одговор на криминалот се вратија на почетоците на казнените реакции за негативните екцесни поведенија кога многу поголема улога се давало на жртвата, на сторителот и на нивните заедници. Незадоволството од долгите и неефикасни судски постапки, од една страна и разочарувањето во репресивната политика на државите, од друга страна предизвикаа размисли за менување на пристапот во решавање на кривичните спорови и за пронаоѓање посоодветни решенија за отстранување на последиците од кривичното дело. Станува збор за воведување на ресторативната правда, односно на ресторативните мерки и програми кои најдоа свое заслужено место во речиси сите казнени законодавства во светот. Трудот се осврнува на две клучни прашања што се поврзани со развојот и со традицијата на ресторативната правда. Првото се однесува на разработката на старите традиционални реакции на негативните екцесни поведенија кои во себе содржеле одредени форми и приниципи на ресторативност, особено примената на мерките на реституција и композиција. Второто прашање се однесува на потребата од подобрување на положбата на жртвата во рамките на кривичната правда, но и за сè погласните обиди тоа да се реши надвор од казненоправниот систем, а како дел од ресторативните практики и програми. Клучни зборови: ресторативна правда, жртва, лечење, надомест, повреда

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: PhD Zlate Dimovski
Date Deposited: 18 Nov 2017 08:46
Last Modified: 18 Nov 2017 08:46
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/937

Actions (login required)

View Item View Item