ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДИМЕНЗИИТЕ НА ЛИЧНОСТА - ФАКТОР ЗА СПРАВУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

Petrovska, Biljana and Galovska, Biljana ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДИМЕНЗИИТЕ НА ЛИЧНОСТА - ФАКТОР ЗА СПРАВУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА. СЕДМИ СТРУЧЕН СИМПОЗИУМ МЕНАЏМЕНТОТ И СОВРЕМЕНИТЕ ПРАКТИКИ.

[img] Text
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДИМЕНЗИИТЕ НА ЛИЧНОСТА ФАКТОР ЗА СПРАВУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА.docx

Download (461kB)

Abstract

Индивидуалното однесување на една личноста во организацијата е примарен фактор кој го детерминира организациско однесување. Однесувањето на личноста во самата организација може да се разликува од однесувањето во приватниот живот, но она што е важно да знаеме е тоа дека однесувањето е определено од карактеристиките на една личност, нејзините особини и црти. Откривањето на карактеристиките на една личност, ни овозможува да го предвидиме и контролираме однесувањето на таа личност. Тоа многу ги интересирало менаџерите и вработените во секторот за човекови ресурси кои исправени пред промените во пандемијата се во постојана потрага за алати кои ќе ја олеснат работењето, но ќе го задржат задоволството од работата на задоволително ниво. Oд големиот број на особини и црти на личноста издовени се пет основни димензии, по кои се разликуваат сите личности, како и останати димензии на личноста кои се важни за организациско однесување. Препознавањето на истите од страна на менаџерите и вработените во човекови ресурси, најпрво кај себе, а потоа кај колегите односно вработените е важен фактор за справување на работно место во услови на пандемија. Тоа даде нови можности за прилагодување и флексибилност во комуникацијата и интеракцијата со другите луѓе на начин соодветен за нив. Познавањето на основните и останатите димензии на личноста кај менаџерите дава можност за предвидување и контролирање на однесувањето на вработените, низ кривата на промени настаната во време на светска пандемија.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Veterinary science
Divisions: Faculty of Veterinary Medicine
Depositing User: Mr Aleksandar Lozanovski
Date Deposited: 27 Sep 2021 08:48
Last Modified: 27 Sep 2021 08:48
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6557

Actions (login required)

View Item View Item