Кривичните санкции и превенција на криминалот

Стефановска, Весна (2017) Кривичните санкции и превенција на криминалот. Македонска Ревија за кривично право и криминологија, МРКПК, бр. 1/2017, год. 24.

Full text not available from this repository.

Abstract

Казненоправниот систем и казненото право имаат заштитна функција која ги штити граѓаните и општеството од криминал, но истовремено ги штити основните човекови слободи и права од злоупотреба на власта. Таа функција се остварува со примена на респресивните средства од страна на државата и, затоа казненоправниот систем претставува облик на формална контрола на криминалот, за разлика од превентивната политика која се остварува со превентивни мерки и активности, надвор од тој систем. Ваквото разграничување е разбирливо од прагматични причини и се заснова на репресивниот карактер на мерките што претпоставува дека со нив се ограничуваат или контролираат одредени однесувања и појави и се откриваат, спречуваат и казнуваат сторителите. Меѓутоа, кога ја проучуваме превенцијата како широк пристап и одговор на криминалот, ја проучуваме и превентивната улога на казненоправниот систем. Тоа го правиме од следниве причини: целта на казненоправниот систем е да го намали обемот на криминалот, и затоа се зборува за неговата функција во превенција на криминалот и целта на кривичните санкции е да го спречи сторителот (и потенцијалните сторители) да извршат кривични дела и затоа се зборува за превентивни цели на кривичните санции. Имајќи го предвид наведеното, покрај заштитната и репресивната функција на казненоправниот систем, ние во трудот ќе ставиме акцент на превентивната функција на кривичните санкции (иако во литературата почесто се разгледува улогата во намалување на криминалот). Тие можат да го спречат и намалат криминалот со влијанието на ефектите од затворањето и онеспособувањето на сторителите, како и со ефектите од специјалното и генералното застрашување.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Olivera Trajanova
Date Deposited: 29 Jun 2021 16:23
Last Modified: 29 Jun 2021 16:23
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6442

Actions (login required)

View Item View Item