Неуро-лингвистичко програмирање како алат за поставување на индивидуални и организациски цели

Galovska, Biljana and Petrovska, Biljana (2018) Неуро-лингвистичко програмирање како алат за поставување на индивидуални и организациски цели. V Меѓународна научна конференција – Современите менаџерски предизвици и организациските науки, БАС Институт за менаџмент. pp. 143-149. ISSN 978-608-4729-08-2

Full text not available from this repository.

Abstract

Неуро-лингвистичкото програмирање како врвна методологија за личен и професионален развој се користи во областа на менаџментот, медицината, маркетингот, продажбата и другите сфери. Оваа методологија ја поврзува уметноста на живеењето со максималното поттикнување на ресурсите на вработените на работното место што ни овозможува истовремено да бидеме среќни и исполнети, но и најпродуктивни. Го шири ,,погледот,, и од поинаков агол може да се согледаме себеси , но и другите наспроти нас. Нејзината примена ја олеснува меѓусебната комуникација, ја подобрува тимската работа, ги поттикнува сопствените капацитети за достигнување на максимален резултат и го подигнува квалитетот на крајниот производ или услуга на високо ниво. Истовремено нуди алатки за правилно поставување на цели, разгорување на огнена желба за остварување на целите која е од суштинска важност за надминување на предизвиците при реализација. Ако оваа наука во основа е начин на размислување на исклучително успешните луѓе кои имаат уникатен креативен пристап врз основа на кој ги поставуваат своите цели, среќна околност е што тоа може да се научи. Познато е дека приближно 99% од луѓето не ги дефинираат добро своите цели и затоа неможат да ги остварат. Друго прашање е зошто не се доволно мотивирани и инспирирани.Неуро-лингвистичкото програмирање овозможува да се научат техники, алатки и методи за правилно поставување на цели. Ако знаеме дека постои алат кој може значително да го поедностави дефинирањето на цели дали би имале отворен ум и да го примениме како иновација која е пред се индивидуална потреба, но и потреба на организацијата? Клучни зборови: нлп, цели, мотивација.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Veterinary science
Divisions: Faculty of Veterinary Medicine
Depositing User: Mr Aleksandar Lozanovski
Date Deposited: 18 Jun 2021 13:10
Last Modified: 18 Jun 2021 13:10
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6412

Actions (login required)

View Item View Item