Strategy for Development of Tourism in the Municipality of Ohrid

Andreeski, Cvetko and Marinoski, Naume and Korunovski, Saso and Risteski, Michael (2020) Strategy for Development of Tourism in the Municipality of Ohrid. Municipality of Ohrid.

[img] Text
FINAL - СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД.pdf

Download (4MB)

Abstract

Стратегијата за развој на туризмот во Општина Охрид претставува документ кој овозможува да се задржи континуитетот на водечка туристичка дестинација во РСМ, во која одржливоста има препознатливи карактеристики. Тоа подразбира оптимално користење на веќе вклучените ресурси во туризмот и активирање на нови потенцијали во насока на подобрување на условите за креирање на туристички производи. Нивната конкурентност и прифатливи на туристичкиот пазар треба да подразбира рационално користење. Оптималноста треба да се постигне со издржано стратегиско планирање и развојна проекција која ќе има оперативен карактер. Развојот на Охрид како најпривлечна туристичка дестинација се темели на долгата традиција, посветеноста на менаџментските структури во управувањето со општината, засегнатите страни вклучени во оваа дејност и условите кои подразбираат поврзаност на атрактивната и рецептивната развојна основа. Одржливиот развој на туризмот во оваа туристичка дестинација има посебно значење затоа што ресурсите за развој се со изразита димензија. Тој е туризмот е поттикнувач на вкупниот стопански сектор, урамнотежувачки фактор на недоволно развиените, претежно рурални средини и акцелератор на социјалниот и културниот подем. Стратегиското планирање на туризмот во општината треба да ги валоризира и оптимално користи своите ресурси со оглед на богатството што го поседува, како во природната така во културната сфера, што го негово го определува како приоритетна категорија. Одржливиот туристички развој треба да се прифати како дејност во која вреди да се инвестира, да се прецизираат придобивките од неговиот развој, да се подобри интересот на домашната и меѓународната јавност и да биде фундамент врз кој ќе се донесуваат други акти, планови и програми. Стратегијата треба да придонесе за подобрување на квалитетот на живеење, подигање на нивото на задоволство од престојот на посетителите, перманентно унапредува квалитетот на услугите, освојување на нови вредности, подобрување на промотивните активности и ширење на доменот на насоченост на туристичката понуда кон емитивни зони со различна сегментација на туристичка клиентела.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Michael Risteski
Date Deposited: 19 Apr 2021 12:12
Last Modified: 19 Apr 2021 12:12
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6358

Actions (login required)

View Item View Item