Preparing a Strategy for Tourism Development of the Municipality of Cair for the period 2019-2024

Marinoski, Naume and Korunovski, Saso and Risteski, Michael and Georgioska, Maja and Kadriu, Arta (2018) Preparing a Strategy for Tourism Development of the Municipality of Cair for the period 2019-2024. Municipality of Cair.

[img] Text
STRATEGIJA ZA RAZVOJ NA TURIZMOT VO OPSTINA CAIR 2019-2024 - MAKEDONSKI.pdf

Download (1MB)

Abstract

Стратегијата за развој на туризмот во општина Чаир за периодот (2019-2024) претставува документ кој овозможува оптимално користење на ресурсите за поттикнување на економскиот и општествениот развој. Имено туризмот треба да се сфати како акцелератор не само на стопанскиот прогрес, туку и на дејностите кои имаат социјална и културна димензија. Врз основа на стратегиското планирање на туризмот Општината Чаир ќе може да ги операционализира своите ресурси за да може да ги реализира развојните диспозиции кои и стојат на располагање. Овие ресурси се основни туристички вредности. Општината Чаир е карактеристичен по застапеноста на изразитата урбана конфигурација во главниот град на Република Македонија- Скопје, Овој степенот на урбанизација е плод на градската традиција која спаѓа во најдолгите, не само во Скопје, туку и на целата територија на Р. Македонија . Таа има забележително културно-историско и етнографско наследство. Ваквата сложеност упатува на тоа дека развојот на туризмот ќе се потпира на автентични вредности. Тие треба да бидат основа на туристичката понуда и креирањето на препознатливи туристички производи кои во настапот на туристичкиот пазар ќе имаат успешна прифатливост за туристичката клиентела од земјата и странство.. Општината во која во прв план е урбан живот може да пледира на стационарност во посетата, како и на излетнички и екскурзивни активности. Стратегискиот приод во развојот на туризмот во идниот период, односно од 2019 до 2024 год., треба да придонесе за подобрување на содржината на престој на посетителите, постојно да го унапредува квалитетот на услугите и да ги задоволува посебно оние кои имаат аспирации кон урбаните содржини и атрактивности. На тој начин туризмот ќе придонесе поинтензивно вклучување на овие средини во развојните процеси, ќе ги афирмира локалитетите и објектите во општината, но исто така во поширок контекст и на главниот град, Скопскиот плански регион и републиката во целина. Успешноста на стратегијата произлегува од зацртаните компоненти кои ќе им помогнат на носителите и извршителите да ги искористат мерките и активностите тие да се реализираат во предвидените просторни и временски рамки со оптимална финансиска и кадровска поддршка. Во оваа смисла е важено да се имаат предвид методолошките приоди и принципи, потребите и рамките за нејзино донесување. За да можат да се определат идните развојни проекции потребно е да се согледаат развојните домени во изминатиот период и актуелните состојби. Врз релевантните показатели се определува развојната мисија и визијата за идните развојни тенденции. Развојот на туризмот во општината Чаир е во тесна врска со промотивните активности кои претставуваат основа за унапредување на туризмот во сите негови сфери. За реализирање на утврдените цели и реализација на очекуваните резултати неопходна е реализацијата на воспоставените институционални мерки и активности, кои се операционализираат со акционен план. Спроведувањето на планот овозможи засегнатите страни да ги реализираат придобивките од туристичкиот развој, а туризмот да го добие местото на една од приоритетните дејности на општината.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Michael Risteski
Date Deposited: 09 Apr 2021 12:48
Last Modified: 09 Apr 2021 12:48
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6346

Actions (login required)

View Item View Item