Innovative Solutions for Improved Access to Services at Local Level: Creating a Network for Inclusive Development of the Skopje Planning Region of the Republic of N. Macedonia, Mapping of potentials for development of different types of rural tourism and preparing Register of Potentials for Rural Tourism (RPRTs)

Marinoski, Naume and Nestoroska, Ivanka and Andreeski, Cvetko and Risteski, Michael and Naumov, Kliment (2017) Innovative Solutions for Improved Access to Services at Local Level: Creating a Network for Inclusive Development of the Skopje Planning Region of the Republic of N. Macedonia, Mapping of potentials for development of different types of rural tourism and preparing Register of Potentials for Rural Tourism (RPRTs). Center for Development of the Skopje Planning Region.

[img] Text
SPR-FINALEN-02.12.2017.pdf

Download (2MB)

Abstract

Скопскиот плански регион претставува регион во кој туризмот има препознатливи карактеристики. Поради тоа регистрирањето на туристичките вредности е од круцијална важност не само за развојот на руралниот туризам туку и за вкупниот економски и социјален подем во наредниот период. Развојот на руралниот туризам во овој регион има двоен интеракциски карактер. Од една страна тој треба да биде основа за витализација на руралните средини, а од друга страна да ги прифати урбаните дефинирани и веќе афирмирани туристички производи како комплементарност во туристичкиот развој, што значи дека тие ќе му овозможат на руралниот туризам да се унапреди во насока на инкорпорирање на вакви туристички вредности. Идејата за формирање на регистар на рурални туристички вредности има интернационален искуствен карактер. Имено тој својата основа ја наоѓа во активностите кои ги презема UNDP во Република Македонија,а методолошките и систематските пристапи ги црпи од веќе утврдени процеси во рамките на Светската туристичка организација (UNWTO) како институција на Обединетите Нации (ОН). Сугестијата на овие институции е афирмираниот статус на руралниот туризам да се третира како функционален дел на унапредување на односите во локалните средини. Руралниот туризам во СПР треба да биде во функција на динамизирање на компонентите кои ги содржи руралниот туризам и забрзување на развојот низ призма на оптимално користење на руралните ресурси како посебна вредност. Преку креирањето на регистарот СПР влегува во групата на просторни целини кои имаат подлога за идни активности во развојот на туризмот во руралните средини и нивни интеракциски односи. Во креирањето на регистарот на рурални туристички потенција користена е ФАС-методологијата која е усвоена во рамките на ОН како истражувачка методологија од областа на туризмот. Таа е применета во истражувачките активности на четири плански региони во Република Македонија за изработка на регистри на рурални туристички потенцијали. Добиените резултати во овие истражувања покажуваат позитивни одрази така што имајќи ги во предвид и позитивните искуства надвор од границите на Република Македонија имаат оправданост на примената. Во функција на унификација и стандардизација на добиените резултати, примената на ФАС методологијата овозможува во Република Македонија да се дојде од заокруженост на вака утврдениот проект во кој успешно се вклучува СПР. Користењето на ФАС-методологијата овозможува поврзување на кабинетските или експертските сознанија, како форма на користење на секундарни извори со ставовите и мислењата на познавателите на приликите или засегнатите страни во оценувањето на содржинските елементи од Регистарот. Поради потребата од вакво усогласување, методолошкиот пристап подразбираше не само експертско толкување, лоцирање, класификација и мапирање на појавите и односите во функција на развој на руралниот туризам, туку и примарно истражување кое овозможува таксативно и недвосмислено утврдување на значењето на компонентите кои ги поседува регионот.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Michael Risteski
Date Deposited: 30 Mar 2021 12:58
Last Modified: 30 Mar 2021 12:58
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6334

Actions (login required)

View Item View Item