Innovative Solutions for Improved Access to Services at Local Level: Creating a Network for Inclusive Development of the North-East Planning Region of the Republic of N. Macedonia, Mapping of potentials for development of different types of rural tourism and preparing Register of Potentials for Rural Tourism (RPRTs)

Marinoski, Naume and Nestoroska, Ivanka and Andreeski, Cvetko and Risteski, Michael and Risteski, Nadica (2016) Innovative Solutions for Improved Access to Services at Local Level: Creating a Network for Inclusive Development of the North-East Planning Region of the Republic of N. Macedonia, Mapping of potentials for development of different types of rural tourism and preparing Register of Potentials for Rural Tourism (RPRTs). Center for Development of the Nort-east Planning Region.

[img] Text
Registar SIPR final-04.07.2016-ID.pdf

Download (2MB)

Abstract

Регистрирањето на туристичките вредности за развој на руралниот сектор претставува методолошка и истражувачка активност со која ќе се издиференцираат и ќе се структурираат карактеристиките на просторот во функција на поттикнување на овој вид на дејност и вкупните интер-регионални и меѓуопштински содржини кои можат да го унапредат развојот. Развојот на руралниот туризам преку идентификацијата на потенцијалите ќе овозможи идни преземања кои ќе бидат во функција на користење на расположливите можности. Регистарот како инструмент има применлива функција бидејќи се базира на издржаност која е во согласност на Светската туристичка организација (WTO). Тоа подразбира дека со динамиката која ја наметнува туризмот условува поттикнување на различни дејности во определена локална средина. Туризмот така добива улога на чинител на општествениот и економскиот развој, афирматор на вредностите на просторот, значаен фактор во заштитата и унапредувањето на животната средина и промотор на постоечките потенцијали. Овие активности се однесуваат на оспособување на локалните лидери и засегнати групи за идентификување, вреднување и креирање на политики кои ќе овозможат динамизирање на туристичките процеси во Североисточниот плански регион Овој пристап има позитивна поддршка во голем дел од окружувањето на Република Македонија, како на пример во Р. Србија, меѓутоа најрелевантно е дека применетата ФАС-методологија има широка препорака не само на просторот во кој веќе е реализирана, туку и надвор од неа. Изворното толкување на применливоста на ФАС-методологијата подразбира дека во различни средини и на различни потенцијали може да се проширува и доградува. Поради тоа, пристапот што се имаше со користењето на ФАС-методологијата како значајна методолошка категорија овозможи проширување на релевантните категории во согласност со специфичностите на Североисточниот плански регион (СИПР). ФАС-методологијата овозможува поврзување на кабинетските или експертските сознанија, како форма на користење на секундарни извори со ставовите и мислењата на познавателите на приликите или засегнатите страни во оценувањето на содржинските елементи од Регистарот. Поради потребата од вакво усогласување, методолошкиот пристап подразбираше не само експертско толкување, лоцирање, класификација и мапирање на појавите и односите во функција на развој на руралниот туризам, туку и примарно истражување кое овозможува таксативно и недвосмислено утврдување на значењето на компонентите кои ги поседува Регистарот. Поради тоа од голема важност е студиозниот пристап од страна на експертската структура во откривањето на факторите, атракторите и поддршката и оценките кои ги даваат познавателите на приликите како вкрстен аналитички инструмент во регистрирањето на туристичките вредности за развој на руралниот туризам во Североисточниот плански регион.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Michael Risteski
Date Deposited: 29 Mar 2021 14:20
Last Modified: 29 Mar 2021 14:20
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6329

Actions (login required)

View Item View Item