КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Dujovski, Nikola (2010) КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН. In: БЕЗБЕДНОСТА, ЕКОЛОШКАТА БЕЗБЕДНОСТ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 17-18, Ohrid.

Full text not available from this repository.
Official URL: https://fb.uklo.edu.mk/wp-content/uploads/2019/07/...

Abstract

Трудот дава приказ на основните критериуми кои државата треба да ги исполни за членство во ЕУ, со посебен осврт на Копенхашките критериуми и перспективите на земјите од Западниот Балкан. Воведувањето на Копенхашките критериуми требаше да значи фер и праведен третман за сите земји со евроатлански aспирации, односно јасни правила на игра за сите земји кои побарале, или во иднина ќе побараат членство во ЕУ. Јасното определување на политичките и економските критериуми, како и прифаќањето на законодавството на Унијата имаше за цел да им овозможи на земјите кандидати, пред членството, да ги подготват демократските и економските системи, коишто ќе можат да се носат со особено конкурентната економија на земјите членки на Унијата, како и демократските принципи и вредности кои ги промовира ЕУ. Сепак, засега ЕУ не покажува капацитет да ги надмине билатералните прашања на некоја од своите членки и да се посвети исклучиво на Копенхашките критериуми (правила кои доследно беа почитувани при проширувањата во 2004 и во 2007 година). Земјите од Западниот Балкан се последниот поголем предизвик за политиката на проширување на ЕУ. Различните програми кои Унијата ги спроведува во овие земји имаат за цел да ги зајакнат нивните демократски капацитети, како и да им овозможат поуспешно достигнување на европските вредности. Останува процесот да кулуминира за неколку години (можеби и децении), со членство на сите земји од овој регион во ЕУ. Клучни зборови: европски интеграции, Копехашки критериуми за членство, Западен Балкан.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Olivera Trajanova
Date Deposited: 23 Feb 2021 20:55
Last Modified: 25 Feb 2021 09:22
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6262

Actions (login required)

View Item View Item