ФИГУРАТИВНИПЕРСОНАЛНИ ПЕРИФРАЗИВОМАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК

Јанушева, Виолета (2020) ФИГУРАТИВНИПЕРСОНАЛНИ ПЕРИФРАЗИВОМАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК. Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања „Палимпсест“, 5 (10). pp. 13-25. ISSN 2545-3998

[img] Text
3834-Article Text-6450-2-10-20210205.pdf

Download (7MB)

Abstract

Персоналните перифрази претставуваат вторична номинација на денотатот, односно замена на директното име на денотатот (првичната номинација) со описна синтагма. Оваа синтагма, всушност, се однесува на една особеностна денотатот која, според авторот на текстот, е токму таа што го изделува него од другите. Овој труд има за цел да ги претстави најчестите семантички формули за изразување на фигуративните персонални перифрази во македонскиот јазик. Истражувањето е квалитативно и има описен карактер. Корпусот го сочинуваат 4000 фигуративни персонални перифрази ексцерпирани од јазикот на електронските весници од 2019 г. Од методите за обработка на податоците и за донесување заклучоци се користат анализа и синтеза. Резултатите од истражувањето покажуваат дека во македонскиот јазик се разликуваат повеќесемантички формули за изразување на фигуративните персонални перифразикои се одликуваат со информативност, експресивност и сугестивност. Во исто време, резултатите укажуваат на тоа дека инхерентнатакарактеристика на денотатот кај овие перифрази се однесува на функцијата и професијата што ја има денотатот во општеството. На крај, резултатите покажуваат дека најчесто употребуваните семантички формули за изразување на фигуративните перифрази се: СФ 1 и СФ 2кои се однесуваат на општествената функција што ја има денотатот и СФ 2,СФ 3, СФ 4, СФ 5, СФ 7,СФ 8 и СФ 9 кои претставуваат комбинација од професијата и оцената на авторот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Prof. d-r Violeta Januseva
Date Deposited: 05 Feb 2021 18:42
Last Modified: 05 Feb 2021 18:42
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6195

Actions (login required)

View Item View Item