ArticlePDF Available

УЧЕЊЕ ПРЕКУ ИСТРАЖУВАЊЕ И ВИДОВИ НА ПРАШАЊА ШТО ИНИЦИРААТ ПРОБЛЕМСКИ СИТУАЦИИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ФОРМИРАЊЕ НА ГЕОГРАФСКИ ПОИМИ ВО НАСТАВАТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА, ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО

Authors:
УЧЕЊЕ ПРЕКУ ИСТРАЖУВАЊЕ И ВИДОВИ НА
ПРАШАЊА ШТО ИНИЦИРААТ ПРОБЛЕМСКИ
СИТУАЦИИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ФОРМИРАЊЕ
НА ГЕОГРАФСКИ ПОИМИ ВО НАСТАВАТА ПО
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА, ПРИРОДА И
ОПШТЕСТВО
м-р Милена Пејчиновска
Педагошки факултет - Битола
milena_pejcinovska@yahoo.com
Апстракт
Активното вклучување на учениците во процесот на учење преку
истражување (УИ) во наставата води кон стекнување на знаења,
способности, вештини, ставови, вредности и други компетенции кои се
одликуваат со повисок квалитет и поголема трајност. Резултатите од
поучувањето со примената на пристапот на (УИ) во наставата се
позадоволителни доколку наставата соодветно дидактичко-методички
се обликува. Во таа насока прашањата од наставникот играат важна
стимулативна улога во сознајниот процес кај учениците.
Во таа смисла во трудот акцентот, првенствено, е ставен на значење-
то на пристапот на УИ во природо-научното подрачје, односно во пред-
метите запознавање на околината (ЗО), природа (П) и општество (О) со
осврт на прашањата од наставникот кои се погоден начин за иницирање
на стимулативни проблемски ситуации за истражување во наставата и
притоа го ефектуализираат процесот на формирање на географски
поими.
Клучни зборови: УИ, прашања, проблемски ситуации, географски
поими
Abstract
The active implementation of students in the learning process through
research (LR) in the teaching practice leads to gaining knowledge, abilities,
skills, attitudes, values and other competences which have higher quality and
which last more. In the teaching process the results from teaching with
implementation of the approach of LR are more satisfactory if the teaching
process is suitable didactically and methodically formed. In that sense, the
questions from the teacher have an important stimulating role in the
students’ cognitive process.
Regarding to this, in the paper, primarily, the significance of the approach
of LR in the nature-science field, i.e. in the subjects Introducing of
Environment (IE), Nature (N) and Society (S) is stressed with a review of
the teacher’s questions which are an appropriate way to initiate stimulating
problem situation for research in the teaching process and which make the
process of forming the geographical concept more effective.
Keywords: LR, questions, problem situation, geographical concepts
ВОВЕД
Поаѓајќи од цврстите теориски основи и согледби на многу педагози
и психолози и од сознанијата на современите теории, особено од
конструктивистичките теории за наставата и учењето, кои акцентот
првенствено го ставаат на применливоста на знаењето што е плод на
активното вклучување на учениците во процесот на учење, УИ е од
големо значење во наставата. Следствено на тоа, УИ е неизоставен
пристап при обработката на содржините што содржат географски
поими во наставата по ЗО, П и О, во процесот на нивното формирање.
Притоа, прашањата во УИ се моќна алатка со која се активираат
повисоките мисловни процеси и се стимулира љубопитноста при
истражувањето.
УИ во првиот развоен период од основното образование започнува
со поставување на учениците пред проблемски ситуации поттикнати со
едноставни прашања, преку кои тие мисловно се активираат, а кои
проблемски ситуации се надоврзуваат на нивното знаење и искуство.
УИ во понатамошните години од основното образование продолжува и
се заснова на посериозни форми на истражување во природната и
општествената средина кои вклучуваат поставување на хипотези,
прибирање на податоци за истите, мисловно обработување (анализа,
синтеза, генерализација, апстракција итн.) и доаѓање до заклучоци за
проблемот што се истражува.
Спроведените истражувања за ефектите од УИ врз постигањата на
учениците укажуваат дека наставата во која постои можност за
проучување и решавање на проблеми по пат на непосредно истражу-
вање влијае мотивационо на учениците, го мобилизира нивното внима-
ние, го поттикнува љубопитството и учениците остануваат подолго
време фокусирани на проблемот што го истражуваат. Знаењата,
умеењата, вештините и другите компетенции (на когнитивен, психо-
моторен и социоемоционален план) до кои се доаѓа на таков начин се
потрајни и постои можност за проверка со нивна примена во одредени
(нови) ситуации. Следствено на тоа, сознајниот процес во насока на
формирање на претстави и поими е поефикасен кога се применува
пристапот на УИ во природната и општествената средина1.
ПРОЦЕС НА ФОРМИРАЊЕ НА ГЕОГРАФСКИ ПОИМИ ВО
НАСТАВАТА
Наставата по ЗО, П и О опфаќа содржини преку кои учениците се
запознаваат со природните и општествените појави, процеси и
предмети и со нивната заемна условеност и поврзаност. Содржините во
овие наставни предмети се засновани на научни сознанија и факти кои
се педагошко-психолошки обработени, и се област во која се наоѓаат
зачетоците и на географијата, што значи дека основните елементи на
географската наука се формираат во првиот и вториот развоен период
од основното образование. Токму поради тоа, систематското и постап-
но усвојување на географските факти и формирањето на географските
поими е клучно за подоцнежното нивно проширување. Процесот на
формирање на географските поими е единство на сетилното и
логичкото сознание, односно преку сетилното сознание се формираат
претстави, со чиешто логичко поврзување се изградуваат географските
поими2. Непосредното истражување во географската средина обезбеду-
ва богато сетилно искуство кое служи како основа за мисловно обрабо-
тување во процесот на формирање на поимите.
Правилното формирање на поимите во наставата по ЗО, П и О,
воопшто, придонесува за олеснување на преминот од еден во друг
развоен период и за изучувањето на посебните, природни и општестве-
ни дисциплини во наредните години на образование, додека првилното
формирање на географските поими во овие предмети е мошне значајно
бидејќи е тесно поврзано со развојот на одделни способности и вешти-
ни3. Поради важноста од правилно формирање на географските поими,
1 в. М. Пејчиновска. (2010). Методика на формирање на географски поими во настава-
та по ПиО, П, О. Магистерски труд, стр. 176-177. Битола: Педагошки факултет.
2 Во Трудот не се навлегува во понатамошно објаснување на сложениот процес на
формирање на географските поими, како и во методиката на формирање на
географските поими во наставата по ЗО, П и О. в. Пејчиновска, 2010, стр. 62-68,
магистерски труд.
3 На пример, успешно формираните поими од содржините за ориентација во просторот,
скица, релјеф, географска карта и географски знаци, треба да бидат основа на која кај
учениците ќе се развијат способности за ориентирање во поблиската и пошироката
околина со одредување на страните на светот врз основа на одредени објекти на
теренот, како и способности за поинтензивно вреднување и примена на картата и сл.
УИ претставува погоден пристап преку кој процесот го постигнува
посакуваниот ефект.
ЗНАЧЕЊЕ НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ПРОЦЕСОТ
НА ФОРМИРАЊЕ НА ГЕОГРАФСКИТЕ ПОИМИ
УИ4 во наставата во првиот и вториот развоен период од основното
образование се одвива индуктивно и во наједноставна смисла тоа се
движи од: поставување на проблем и дефинирање на претпоставка
(хипотеза), кон доаѓање до решение и извлекување на заклучоци.
Тежината на проблемите и методологијата на истражување се адапти-
рани на возрасните карактеристики на учениците од првиот и вториот
развоен период на основното образование. Суштината на УИ во
наставата се сведува на елементите на научното истражување и на
законитостите на мисловниот процес.
Во УИ се застапени сите облици на наставна работа и најчесто во
УИ учениците се непосредно вклучени во решавањето на проблемските
ситуации5, чија ефикасност во голема мера зависи од прашањата на
наставникот.
Значењето на УИ првенствено се согледува во поставувањето и
соочувањето на учениците со ситуации слични на оние во реалниот
живот кои подоцна ќе им помогнат полесно да се справат со / во исти
или слични такви ситуации. Благодарение на сознајната димензија на
4 Во методичката литература УИ се сведува на проблем - решение, и често се користат
поимите: истражување, истражувачки процес, истражувачки постапки итн. Во Трудот
нема да се навлегува во анализа на овие поими и притоа ќе се употребува поимот УИ
под кој се подразбира таква организација на наставата што се одвива во постапни
методолошки чекори, планирани од страна на наставникот при што учениците се
поставуваат пред проблемска ситуација, чиешто решавање бара мисловно да се
активираат и притоа, во истражувањето на проблемот / предметот се вклучуваат и
активностите од типот: проучување на извори, самостојна истражувачка работа на
ученикот во насока на решавање / давање одговор на проблемската ситуација со приме-
на на (едноставни) научни методи, истражувачки постапки (набљудување, експеримен-
тирање, студија на случај, анкетирање итн.), инструменти, средства итн. УИ вклучува
логички мисловни операции со прибраните податоците (анализа, синтеза, генерализа-
ција, апстракција, индукција, дедукција итн.) и интерпретација на резултатите што
мисловно и статистички се обработуваат врз основа на што се изведуваат заклучоци и
се донесуваат судови од истражувањето, кои се одредува како ќе бидат објавени и
презентирани.
5 Истражувањето покажува дека во практиката непосредното УИ во географската
средина е условено од: временските услови, материјалните можности, оддалеченоста на
целта што е предмет на истражување (набљудување, анализирање, експериментирање
итн.), недостаток на време за изведување на УИ во природната и општествена средина
и сл. в. Пејчиновска, 2010, стр. 154-157, магистерски труд.
УИ се ставаат во акција интелектуалните капацитети на учениците, кои
во реалните ситуации учат критички да мислат, проникнуваат и го
откриваат проблемот на истражување, бараат одговори на своите
прашања, а притоа, учат и да соработуваат. УИ при обработката на
содржини што вклучуваат географски поими во наставата по ЗО, П и О,
како впрочем и во другите наставни предмети е мошне погоден пристап
за промовирање и развој на тимската работа, лидерството, претприем-
ничкиот дух, отвореноста кон промени, комуникативните вештини,
критичкото размислување итн.
Во УИ важно е кај учениците да се поттикне иницијативноста што
произлегува од проблемските ситуации кои се поставени на начин на
кој учениците ќе се насочат кон размислување, задржување на
интересот и разрешување на конкретната проблемска ситуација.
Притоа, клучно е тоа што на ученикот не му се пласираат сите инфор-
мации, така што тој неопходно самостојно проучува и открива со цел
да дојде до одговор на поставениот проблем / ситуација преку самостој-
но размислување и со поставување на прашања. Наведените карактери-
стики и ефектите што притоа ги има УИ во практичната имплемента-
ција, на што укажува и спроведеното истражување6, го прават особено
значајно при совладувањето на географските содржини и формирањето
на географските поими во наставата по ЗО, П, О.
Наставникот, во оспособувањето на учениците да го применуваат
УИ во наставата во процесот на формирањето на поимите7 и притоа, да
ги стекнуваат основните вештини на истражување и да учат истражу-
вајќи, генерално, треба да води сметка на следниве димензии на УИ8:
воведување на учениците во суштината на проблемот што се истра-
жува и воведување и оспособување на учениците за истражување.
Значењето на УИ во наставата се согледува и во мотивационата
димензија на истото. Во УИ вниманието на учениците е интензивирано
и поголема е можноста за активно учење со фокусирање на проблемот
што непосредно се истражува9. Уште од првиот училиштен ден во
6 Според резултатите од спроведеното истражување, 60% од анкетираните наставници
сметаат дека УИ особено придонесува за процесот на формирање на географските
претстави и поими (опфатени 35 наставници во III и IV одделение од урбаното подрачје
на општина Битола и руралното подрачје на општина Битола и општина Новаци). в.
Пејчиновска, 2010, стр. 156, магистерски труд.
7 Процесот на формирање на географските поими не е изолиран процес и притоа преку
УИ се развиваат и останатите компетенции на учениците предвидени со целите на
наставата.
8 в. Б. Колонџовски. (2001). Детето - истражувач на природата. стр. 38-39. Битола:
Факултет за учители и воспитувачи.
9 в. Пејчиновска, 2010, стр. 160, магистерски труд.
наставата по ЗО се започнува со истражување, најпрво на училницата,
потоа на училиштето и неговата поблиска околина. На таков начин
учениците активно се вклучуваат во процесот на сознавање на
природната и општествената средина врз основа на што формираат
правилни географски претстави и поими за светот што ги опкружува и
притоа, нивното љубопитство се стимулира и се задржува интересот.
Додека пак, совладувањето на посложената методолошка организација
на УИ е долготраен процес кој се совладува, развива и усовршува во
текот на целото основно образование на учениците.
И наставникот и учениците имаат мошне одговорна улога и задачи
кои треба да ги реализираат со цел наставата во која се практикува УИ
да го има посакуваниот ефект. Наставникот во УИ има задача да им
пружи неопходна помош на учениците додека размислуваат при реша-
вањето на проблемот, додека учат, да ги поттикнува да ги препознаваат
фактите и да ги генерализираат претпоставките и идеите. Мошне
значајна и сложена задача на наставникот е оспособувањето на
учениците за рефлексија и интегрирање на наученото, за вреднување на
стекнатите компетенции со УИ, за вреднување на методите, постапките
и сл. Во таа смисла, се согледува мошне комплексната улога на
наставникот во УИ, кој УИ неопходно треба да го поврзува со целите
на наставата. За илустрација, наставникот планира какви когнитивни,
афективни и социјални способности сака да се развијат кај учениците
со УИ (на пример, да прават јасни споредби меѓу: појавите, процесите и
предметите од географската средина; да се оспособат за тимска работа
итн.); какви метакогнитивни способности сака да се развијат кај
учениците (да размислуваат за УИ, ги насочува учениците да ја
вреднуваат ефикасноста и ефикасноста на методите со кои би се
подобрило УИ); размислува за типот на проблемот кој сака неговите
ученици да го решаваат (да се оспособат да истражуваат; да примену-
ваат научни методи); одлучува / размислува за поимите и принципите
кои сака да ги применуваат учениците (во животот да ги применуваат
основните принципи на екологијата и на заштитата на средината и да ги
познаваат односите меѓу причините и последиците)10. Во таа насока,
планирањето на наставникот на еден час на кој ќе се учи преку
истражување може да ги содржи следните прашања: Кои цели сакам да
ги постигнам преку УИ (стекнување на знаења, развивање на вештини
итн.)?; Како да ги формирам групите? Кои прашања ќе им ги поставам
на учениците за да ги поттикнам на истражување/учење? Кои ресурси
10 в. Herman, Achbacher, Winters. (1992). Select or Design Assessments That Elicit
Established Outcomes. Retrieved March 10, 2010 from
http://www.ncrel.org/sdrs/areas/issues/methods/assment/as7sele2.htm
им се потребни? Како да се воведат и подготват учениците за работа?
Како ќе ја насочувам работата на учениците?
Некои од задачите на учениците во УИ се да: истражуваат; согледу-
ваат; споредуваат; размислуваат и продуцираат идеи; бараат и нудат
решенија; соработуваат меѓусебно и со наставникот; прават рефлексија;
го применуваат претходно стекнатото знаење во нови ситуации; учат
низ искуството; користат најразлични ресурси; ја евалвират работата;
размислуваат критички, решаваат проблеми итн.
НЕКОИ ВИДОВИ НА ПРАШАЊА ВО НАСТАВАТА ПО ЗО, П И О
ШТО ИНИЦИРААТ ПРОБЛЕМСКИ СИТУАЦИИ ВО ПРОЦЕСОТ НА
ФОРМИРАЊЕ НА ГЕОГРАФСКИ ПОИМИ
На почеток наставникот ги поттикнува учениците да забележуваат
што се случува околу нив и преку прашања ги поставува пред проблем-
ска ситуација што иницира истражување. Притоа, наставникот треба да
води сметка за следново: прашањата да бидат јасно и концизно
поставени; колку од прашањата се од отворен или затворен тип;
прашањата да бидат поставувани во логична последователност; учени-
ците да се охрабруваат да поставуваат прашања итн. Во таа смисла,
наставникот треба добро да испланира какви прашања ќе им постави на
учениците, како и да испланира алтернативни прашања и да ги
предвиди очекуваните одговори од учениците.
Ефективното истражување во природната и општествената средина
и предметите, појавите и процесите во неа ќе зависи од квалитетот на
поставените прашања. Во една класификација, според Сторм (Storm,
1989) наведени се пет основни прашања кои можат да се искористат во
процесот на формирање на општествено-географските поими11: Какво е
ова место? (предмет, појава, процес); Зошто местото е такво и како се
менува истото?; Како тоа место е поврзано со други места? (сличности /
разлики); Како би се чувствувале да живеете во ова место?12
Во продолжение се наведуваат некои видови на прашања што можат
да се употребат во наставата по ЗО, П, О, кои водат кон создавање
проблемска ситуација, кон подигнување на свеста за проблемот што се
истражува и овозможуваат развој на мисловните активности кај учени-
11 в. М. Пејчиновска. (2011). Значењето на географските поими во наставата по ЗО, П и
О во првиот и вториот развоен период од основното образование во Република
Македонија. Современо општество и образование: Шести меѓународен балкански
конгрес за образование и наука: Педагошки факултет - Скопје, (прифатено за печат).
12 G. Dinkele. (2004). Geographical enquiries and investigations, in Primary geography.
Handbook, p. 96. UK: Geographical association.
ците13. Притоа, покрај наведените постојат уште многу други можности
за иницирањето на проблемски ситуации во наставата кои водат кон
поттикнување на УИ, што првенствено зависат од видот на наставните
содржини што се обработуваат, како и од креативноста и искуството на
наставникот кој што ги осмислува и користи.
Прашања за насочување на вниманието - служат за насочување на
вниманието на појави, процеси кои без тоа насочување можат да не се
забележат, на пр.: Дали забележавте…?, Што мислите за тоа...?.
Прашања за споредување
- Опиши ги разликите помеѓу местото во кое живееш и местото во
кое трае вечна зима?, Што е исто за домашните и дивите животни?,
го насочуваат вниманието на сличностите и разликите на одредени
поими и овозможуваат нивно обопштување и групирање во одредени
категории.
Прашања кои водат кон мерење и броење
- Колку многу?, Колку долго?, итн. прашања кои даваат квантита-
тивен облик на истражувањето.
Акциони прашања (дејство, акција, движење, менување итн.)
- Што се случува кога ќе зајде Сонцето, Што се случува кога доаѓа
пролетта?, Што ќе се случи ако…? - прашања кои објаснуваат дејство,
промена, движење и сл.
Проблемски прашања
- Овој вид на прашања бараат знаење и искуство од учениците, во
спротивно би немале смисла. Напишете есеј на тема: Дали озонската
обвивка влијае на живиот свет на Планетата Земја?
Прашања за откривање на тоа како размислува ученикот за одре-
дени појави, процеси, настани (на пример, сложениот процес на кру-
жење на водата во природата) што често се поставуваат при прак-
тично манипулирање со одредени направи или средства, при набљуду-
вање или цртање на одредени појави, процеси и настани.
- Што се случува со топлиот воздух кој се загрева од земјата и
предметите кои се наоѓаат на неа?; Што се случува со ладниот
воздух?; Како притоа настануваат облаците?; Што се случува во
облаците?
Прашања кои го поттикнуваат мислењето
Имаат за цел да ги развиваат идеите на учениците. Откако преку
прашањата за откривање на размислувањето наставникот ќе открие кои
се идеите на учениците, преминува на овој вид на прашања. На пример,
Кажи ми зошто сметаш дека тоа што го кажуваш е така? (Зошто,
13 Harlen, Qualter, 2004, p. 25-27.
загадената вода во реките во твоето место лошо влијае на здравјето
на човекот?), Што покажува дека тоа... е полошо од...?, Што можеш
да направиш за тоа да биде подобро? бараат учениците да размислу-
ваат за проблемот и да доаѓаат до одговорите мисловно активирајќи се.
Прашања што водат кон: охрабрување и развој на вештините во
примената на истражувачките постапки во УИ (на пример, при
набљудување); предвидување во УИ; планирање во УИ; интерпретира-
ње итн. Бараат од учениците да употребат вештини при одговорот и
треба да овозможат потврдување и развој на знаењето.
Набљудување - на пример: набљудување на промените што настану-
ваат кај гравчињата засадени во различни видови на почва, со цел да се
утврди плодноста на почвата. Прашања: Што е разликата помеѓу грав-
чињата?; Какви беа условите под кои гравчињата растеа?; Во која
саксија изникна најголемо растение?.
Предвидување - прашања: Што ќе се случи со гравчињата засадени
во глинестата почва?; Што би можеле да направиме растението во
глинестата почва побрзо да порасне? итн.
Планирање - Што ти е потребно за да го откриеш тоа..?.
Интерпретирање - прашања: Дали најде врска помеѓу...?; Како мо-
же да се подобри плодноста на песокливата и глинестата почва? итн.
ЗАКЛУЧОК
УИ е еден од најзначајните пристапи за активно учење на учениците
во природо-научното подрачје, преку кое се овозможува, како оспосо-
бување на учениците за примена на методологијата на истражувањето,
така и оспособување на учениците да навлегуваат во суштината на
проблемите што ги истражуваат. Притоа, наставникот има мошне
комплексна улога да го поврзе УИ со целите на наставата, овозможувај-
ќи оптимален психо-физички развој на учениците. УИ обезбедува
мотивациона атмосфера што го поттикнува интересот и го задржува
вниманието на учениците на истражуваниот проблем / ситуација. Од
квалитетот на прашањата на наставникот во голема мера ќе зависи
колку проблемските ситуации ќе доведат до ефективен процес на
сознавање на предметите, појавите и процесите во природната и
општествената средина.
Во процесот на формирање на географски поими во наставата по ЗО,
П и О, што се заснова на нагледно стекнување на претстави, кои се
основа за подоцнежните воопштувања во правилни поими, активното
истражување на природната и општествената средина, има огромно
значење. Притоа, прашањата во процесот се најефективниот начин за
подобрување на можностите учениците да разберат што е предмет на
истражување, ja отвораат можноста за совладување на географските
поими во наставата, ја откриваат нивната содржина, даваат насоки во
реализирањето на процесот, преку нив се нагласува што и зошто се
истражува итн.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Адамческа, С. (1996). Активна настава, стр. 146-181. Скопје: Легис.
Dinkele, G. (2004). Geographical enquiries and investigations, in Primary
geography. Handbook, p. 95-98. UK: Geographical association.
Јанушева, В., Пејчиновска М. (2009). Questions Posing Importance and
Role in the Teaching Process. IIT, New Delhi: Proceedings on
International Conference: Excellence in school education.
Колонџовски, Б. (2001). Детето - истражувач на природата. стр. 38-
62. Битола: Факултет за учители и воспитувачи.
Пејчиновска, М. (2010). Методика на формирање на географски поими
во наставата по ПиО, П, О. Магистерски труд. Битола:
Педагошки факултет.
Stefanovich, M. (2001). Didaktika, str. 173-183. Rijeka: Express digitalni
tisak.
Talevski, D. J., Janusheva, V. Pejchinovska, M. (2010). Learning through
Research, a Possibility for Permanent Professional Improvement
of the Teaching Staff in the Elementary Education, p. 251-255, vol.
17. Sliven: National Conference with International Participation:
Educational Technologies.
Talevski, D. J., Janusheva, V. Pejchinovska, M. (2011). Teachers’
Development in Relation to Evaluation - Learning Teams as a
Possibility for More Effective Assessment Process of Students’
Achievements. In Journal Plus Education/ Educatia Plus, Faculty
of Science Education, Psychology and Social Work, Aurel Vlaicu
University of Arad. ISSN: 1842-077X, E-ISSN (online) 2068
1151, Vol VII, No. 1: 44-57. Romania: Journal Plus Education.
Harlen, W., Qualter, A. (2004). The teaching of science in primary school.
London: David Fulton publishers.
Herman, Achbacher, Winters. (1992). Select or Design Assessments That
Elicit Established Outcomes. Retrieved March 10, 2010 from
http://www.ncrel.org/sdrs/areas/issues/methods/assment/as7sele2.h
tm
ResearchGate has not been able to resolve any citations for this publication.
Conference Paper
Full-text available
The aim of the program Learning through research is an in-depth cognition with teachers for the importance and the role of the research tools in the educational process and the professional improvement of the teachers for their effective use. The idea for this kind of education came as a result from the need of the teacher to organize the curricula in an optimal way, to make the right choice for the research tools depending on the content that is being taught and with that, to improve the activity and the participation of the students in the Educational Process (EP), and that is part of the tenets of the permanent improvement of the teaching staff. The program, in its core, amounts to the improvement and professional improvement of the teaching staff which will be able to effectualize the process of learning, and with that the students will be actively involved in the process of learning, will develop their creativity, independence, critical thinking, will plan by themselves, evaluate, improve the communication through mutual interaction relations, will take initiatives and est., which will further on, influence their motivation and making bigger their interest for the curricula in general.
Активна настава, стр
  • С Адамческа
Адамческа, С. (1996). Активна настава, стр. 146-181. Скопје: Легис.
Geographical enquiries and investigations
  • G Dinkele
Dinkele, G. (2004). Geographical enquiries and investigations, in Primary geography. Handbook, p. 95-98. UK: Geographical association.
Детето -истражувач на природата. стр. 38-62. Битола: Факултет за учители и воспитувачи
  • Б Колонџовски
Колонџовски, Б. (2001). Детето -истражувач на природата. стр. 38-62. Битола: Факултет за учители и воспитувачи.
Select or Design Assessments That Elicit Established Outcomes
  • Achbacher Herman
  • Winters
Herman, Achbacher, Winters. (1992). Select or Design Assessments That Elicit Established Outcomes. Retrieved March 10, 2010 from http://www.ncrel.org/sdrs/areas/issues/methods/assment/as7sele2.h tm