Воведување на нови стандарди за задолжителна инспекција на машините и опремата за апликација на пестициди

Dimitrovski, Zoran and Cvetkov, Slavco and Dzidrov, Misko and Sovreski, Zlatko and Dimitrov, Sasko and Jakimovska, Svetlana and Stojanova, Teodora (2015) Воведување на нови стандарди за задолжителна инспекција на машините и опремата за апликација на пестициди. In: ПРОЈЕКТ - Воведување на нови стандарди за задолжителна инспекција на машините и опремата за апликација на пестициди, fevruari 2015, Stip, Republika Severna Makedonia.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12812

Abstract

Прекумерната и неправилна употреба на пестициди претставува закана за животната средина и опасност по здравјето на фармерите во земјоделското производство. Остатоците од пестицидите во храната директно влијае врз здравјето на консументите и зголемување на бројот на заболени лица. Покрај тоа, извозниците на храна мора да се придржуваат кон стандардите за минимално дозволено присуство на резидуи во процесираната храна, свежото овошје и зеленчук а непридржувањето кон овие стандарди може катастрофално да се одрази врз зголемување на извозот, кон кое посебно се стреми нашата земја. Застарената технологија, неквалитетно производство и лошо одржување на машините и опремата за апликација на пестициди претставува директен причинител за зголемен број на третирања, неквалитетна заштита и неконтролирано ширење на болести и штетници во земјоделското производство. Европската комисија изминатите години донесе цел сет на правила (директиви) и го прошири полето на примена на сите тие прописи. Според упатствата кои се презентирани во директивите, сите национални прописи во земјите членки мора да се хармонизираат кога во земјите се воведуваат нови закони. Директивата 2009/128/EC на Европскиот парламент воспоставува рамка за спроведување на Национален акционен план во секоја држава, кој се однесува на одржливото користење на пестициди. Една од областите кои се опфатени во директивата се однесува директно на воведување контрола и задолжителна инспекција на машините за апликација на пестициди. Имајќи во предвид дека Република Македонија како земја кандидат е обврзана да ги хармонизира своите прописи, основна цел на овој проект е разработување на методологија и имлементација на стандардите за инспекција на машините и опремата за апликација на пестициди со што директно ќе се влијае врз здравјето на луѓето, животните, растенијата и заштита на животната средина.

Item Type: Conference or Workshop Item (Other)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Engineering and Technology > Mechanical engineering
Scientific Fields (Frascati) > Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Technical Sciences
Depositing User: Prof. d-r. Zlatko Sovreski
Date Deposited: 28 Sep 2020 09:05
Last Modified: 28 Sep 2020 09:06
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5801

Actions (login required)

View Item View Item