НЕКОИ ФРАНЦУСКИ КОНСТРУКЦИИ СО НЕЗАДОЛЖИТЕЛЕН АТРИБУТ НА ДИРЕКТЕН ОБЈЕКТ И НИВНИТЕ МАКЕДОНСКИ ЕКВИВАЛЕНТИ

Касапоска-Чадловска, Милена (2020) НЕКОИ ФРАНЦУСКИ КОНСТРУКЦИИ СО НЕЗАДОЛЖИТЕЛЕН АТРИБУТ НА ДИРЕКТЕН ОБЈЕКТ И НИВНИТЕ МАКЕДОНСКИ ЕКВИВАЛЕНТИ. PALIMPSEST: International Journal for Linguistics, Literary and Cultural Research, 5 (9). pp. 29-40. ISSN 2545-3998

[img] Text
НЕКОИ ФРАНЦУСКИ КОНСТРУКЦИИ СО НЕЗАДОЛЖИТЕЛЕН АТРИБУТ НА ДИРЕКТЕН ОБЈЕКТ И НИВНИТЕ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК.pdf

Download (4MB)
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL

Abstract

Предмет на анализа во овој труд се француските граматички конструкции со незадолжителен атрибут на директен објект, од типот: Je bois le thé chaud/Чајот го пијам врел, кои содржат атрибутивен глагол (boire), дополнение за директен објект (le thé) и атрибут (chaud) кој опишува особина или својство на директниот објект. Тргнувајќи од фактот дека метајазичен и функционален еквивалент на францускиот атрибут во македонската граматика е именскиот дел на глаголскоименскиот прирок, нашата прва цел е да провериме дали и во овој тип анализирани примери, односно во нивните македонски еквиваленти, придавката врши ваква функција или таа се среќава со друга функција. Друг аспект на кој се осврнуваме при анализата на овие конструкции е тоа што на семантичко рамниште покриваат разновидни прилошки значења. Тргнувајќи од претпоставката дека на македонски јазик како најчест еквивалент се среќава временска реченица, во трудот ние ќе провериме и кои други прилошки еквиваленти се среќаваат на македонски јазик. Кога станува збор за македонските еквиваленти, интересно е тоа што има две можни варијанти за превод на ваквите конструкции кои се комплетно различни. Имено, освен преводниот еквивалент Чајот го пијам врел, наведениот пример Je bois le thé chaud може да се преведе и како Го пијам врелиот чај, бидејќи во француската конструкција придавката chaud, освен како атрибут, може да се толкува и како епитет на директниот предмет le thé. Целта ни е овде да провериме која е функцијата на придавскиот елемент во македонските еквиваленти на тие конструкции.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Prof. d-r. Milena Kasaposka
Date Deposited: 24 Nov 2020 09:41
Last Modified: 24 Nov 2020 09:41
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5783

Actions (login required)

View Item View Item