Ковид-19 прати јасна порака - економистите треба да ја напуштат комфорната зона

Kostoska, Olivera and Kocarev, Ljupco (2020) Ковид-19 прати јасна порака - економистите треба да ја напуштат комфорната зона. Еквилибриум (30). pp. 4-8. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium30_0....

Abstract

Ковид-19 е последната, исклучително загрижувачка манифестација на непредвидлив шок врз разноликите, меѓусебно поврзани системи, каде што меѓународното закрепнување ќе има значителни импликации за идната економска, социјална и владина активност. Интерконективноста меѓу системите претставува една од структурните карактеристики што го детерминираат современото живеење – појавата на Ковид-19, всушност, претставува перфектен пример за спознанието дека светот во кој живееме не е линеарен свет во кој акциите предизвикуваат предвидливи реакции. Напротив, ние сме дел од еден комплексен систем (на енвироментални, социо-политички и економски системи) кој е предмет на постојана реконфигурација и кој перманентно влијае врз сите нас. Голем дел од дебатите за тоа како да се отворат економиите (како последица на Ковид-19) имаат инкрементален карактер (на пример, одземете некаков износ од социјалното дистанцирање и постигнете определен износ на раст); како да постои некој нумерички trade-off меѓу двете големини кој би можел лесно да се дефинира. „Овој вид феномени не работат така“, ќе подвлече Вилиам Хајнс, раководител на единицата „Нови пристапи за економските предизвици“ при Организацијата за економска соработка и развој (Organization for Economic Co-operation and Development - OECD). „Пандемиите не се линеарни – тие се експоненцијални. Кога работите излегуваат надвор од колосек, тие не секогаш се враќаат во стабилна состојба. Зборуваме за комплексни системи“. Оттука, предвидувањето не може да се заснова врз екстраполација од минатото или врз анализа на однесувањето на изолирана, „репрезентативна“ индивидуа или фирма. Овој заклучок би можел целосно да се преслика и врз животната средина, финансискиот систем и, се разбира, врз глобалната економија. Своевремено Енди Холдејн, главниот економист на Банката на Англија (Централната банка на Обединетото Кралство), на целосно ист начин го спореди неуспехот на САРС и колапсот на инвестициската банка „Леман Брадерс“. „И двата настани беа манифестација на однесување ‘под стрес’ од страна на комплексна, адаптивна мрежа. Комплексна, бидејќи овие мрежи претставуваат сплет на меѓусебни (финансиски и нефинансиски) врски. Адаптивна, бидејќи однесувањето во овие мрежи е предизвикано од интеракцијата меѓу оптимизирачки (но збунети) агенти. Деградацијата на екосистемите, ширењето на епидемијата и дезинтеграцијата на финансискиот систем – секој од нив, во суштина, претставува различна гранка на исто мрежно семејно дрво“.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 18 Sep 2020 20:16
Last Modified: 21 Sep 2020 07:59
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5758

Actions (login required)

View Item View Item