Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2020) Воведен збор. Еквилибриум (30). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

[img] Text
ekvilibrium30_0.pdf

Download (9MB)
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium30_0....

Abstract

Почитувани читатели, Живееме во турболентен период кога последиците од пандемијата со корона вирусот и пропратните мерки за изолација оставаат длабоки траги во функционирањето на секој човек. Економскиот факултет-Прилеп во овој период и покрај нарушувањето на нормалниот тек на работење, продолжува да биде мошне активен. Имено, со користење на онлајн платформата Google Classroom наставата во летниот семестар продолжи да течи непречено, со примена на нови и инвентивни методи во услови на социјална дистанцираност. Нашите професори и студенти продолжија да бидат активни но, овојпат во виртуелниот свет на интернетот, преку објавување на свои текстови, видеа, учества на онлајн конференции и сл. Токму затоа, овој број на Еквилибриум го посветуваме на корона кризата и придонесот на нашите професори и студенти за справување со последиците од неа. На почетокот, пренесуваме текстови на наши професори кои веќе се објавени но, сметаме дека заслужуваат да бидат реобјавени на ова место, бидејќи во нив се изнесени ставовите од специфични полиња за мерките и политиките што треба да се превземат во услови на пандемија. Во тој контекст, ги реобјавуваме колумните на проф. д-р Оливера Костоска кои се пишувани за популариот интернет портал fakulteti.mk, потоа статиите на проф. д-р Мирослав Гвероски и проф. д-р Гордана Трајкоска објавени во неделникот „Зенит“, како и статијата на проф. д-р Димитар Николоски објавена во списанието „Економија и бизнис“. Во рамки на рубриката „Бизниси што го променија светот“, проф. д-р Марјан Ангелески и доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска нé запознаваат со компанијата Нетфликс која како и многу други компании кои работат врз принципите на онлајн комуникација во овој период остваруваат големи приходи. Натаму, ви пренесуваме текстови на доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска за нејзините активности во рамките на #EUvsVirus хакатон и мачатон и Стратегијата за комплексни проблеми на Харвард, како и традиционална рубрика „Универзитетска хроника“ која ја пишува нашата дописничка од Ректоратот при УКЛО, Елизабета Ангелеска-Атанасоска. Во рамки на рубриката „Препорачуваме“, проф. д-р Мери Бошкоска нé запознава со интересни книги и филмови кои, на некој начин, ја предвиделе сегашната пандемија. Студентите пак, пишуваат за нивните активности во изменети услови на живеење и функционирање а меѓу нив се поместени традиционалната рубрика „Моето Еразмус+ искуство“ и творбите на секцијата „Економисти-оптимисти“. На крајот од оваа невообичаена академска година сакам да поскам многу здравје, сила и трпение во борбата со корона вирусот. Искрено, верувам дека со упорна работа, посветеност и дисципина ќе го пребродиме овој период и ќе излезиме уште посилни. Само на овој начин, ќе се зафатиме во костец со идите предизвици и ќе успееме во остварување на уште поголеми успеси.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 18 Sep 2020 20:15
Last Modified: 18 Sep 2020 20:15
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5757

Actions (login required)

View Item View Item