Трговска логистика (Trade Logistics)

Trajkov, Aleksandar (2015) Трговска логистика (Trade Logistics). ЦНИР, Факултет за туризам и угостилство, Охрид. ISBN 978-608-4676-24-9

[img] Text
Trgovska logistika.pdf

Download (171kB)
Official URL: http://ftu.uklo.edu.mk

Abstract

Трговската логистика е важна алка во системот на општествена репродукција, односно ги поврзува производството, размената, распределбата и потрошувачката. Оваа стопанска дејност воедно е неизоставен сегмент од синџирите на снабдување преку кој се создава определен производ и истиот се става на располагање на крајниот потрошувач. Развојот на меѓународната трговија, а со тоа и на националната и светската економија не може да се замисли без активностите кои ги опфаќа оваа услужна дејност. Трговската логистика е сложен и динамичен систем кој се наоѓа во пресекот на речиси сите општествено - економски подистеми, што значи вклучува и координира огромен број субјекти што вршат различни дејности со цел успешна реализација на меѓународниот стоков промет. Трудот „Трговска логистика“опфаќа еден дел од суштинските и актуелните прашања од областа на трговската логистика, при што се внимава да се воспостави еден оптимален сооднос меѓу теоретските аспекти на оваа материја и практичните знаења неопходни во непосредното работење на логистичките оператори. Материјата во овој труд која ги опфаќа економските, правните и техничките аспекти на трговската логистика е структуирана во два дела. Концепциски, градивото е структурирано во два дела и тоа: прв дел, Општо за трговската логистика и втор дел, Логистички активности во меѓународниот стоков промет, при што на крајот од секој дел се содржани прашања за проверка на знаењето и преглед на поширока литература. Првиот дел од трудот Општо за трговската логистика става акцент на основите на оваа научна дисциплина, а ги третира и теоретските аспекти на трговската логистика како стопанска дејност преку утврдување на нејзиниот поим и значење; функциите и местото на трговската логистика во економскиот систем; современите трендови во давањето на логистички услуги; видовите логистички провајдери и извори на право во трговската логистика. Вториот дел од трудот Логистички активности во меѓународниот стоков промет се однесува на практичните аспекти на трговската логистика и ги обработува начинот на организација, деловната политика и тарифно – конјуктивните активности на логистичките оператори; испорака на стоки во меѓународната трговија во различните модалитети на транспорт; транспортната инфраструктура во Македонија и останатите видови логистички активности во текот на испораката и приемот на стоката. Овој труд е работен според програмата за предметот Трговска логистика кој е изборен предмет на сите наставни програми на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Истиот може да им користи и на сите субјекти кои на било каков начин се вклучени во меѓународниот стоков промет.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Aleksandar Trajkov
Date Deposited: 14 Oct 2020 08:08
Last Modified: 14 Oct 2020 08:08
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5755

Actions (login required)

View Item View Item