Микроскопски симулационен модел на движење на пешаци

Bunevska Talevska, Jasmina (2012) Микроскопски симулационен модел на движење на пешаци. In: Зборник на трудови 2012, Proceedings 2012. Технички факултет Битола, Битола, pp. 289-299. ISBN 978-9989-786-86-0

[img] Text
trud28.pdf

Download (3MB)
Official URL: http://tfb.uklo.edu.mk

Abstract

Оценувањето на влијанијата врз животната средина – EIA (Environmental Impact Assessment), е процес - алатка за вреднување на ефектите коишто конкретен проект ги има или би можел да ги има врз животната средина. Добиените резултати, понатаму, се користат за модификување на проектот од различни аспекти, како на пример промени на алтернативни решенија. Овој труд како според поставената цел, така и според содржината го следи горенаведениот пристап, и дава прилог кон содржината, начинот на подготовка, реализацијата и примената на EIA процесот, и е насочен кон давање на значителен придонес во напорот за зголемување на свеста кај сите инстанци, за потребите на животната средина во сите фази од нивното работење. Наша основна цел е да со овој труд дадеме придонес кон подобрување на методологиите за анализа на нивото на услуга за пешаците кои како рамноправни учесници во сообраќајот, но ранливи корисници на улицата, го чувствуваат движејќи се по должина на сообраќајниците за пешаци – тротоарите. Подобрувањето кое го предлагаме е во насока на определување на ниво на услуга, врз основа на показатели добиени со микроскопско моделирање и симулација на нивното движење. Имено, развиен е микроскопски симулационен модел SFSpeedSIModel, version 1.0 кој симулира движење и на возила и на пешаци на отсек од градска улица. Покрај останатите параметри, моделот симулира и петнаесет минутен интензитет на пешаци по насоки, како показател за квалитетот на услугата којa пешаците ja чувствуваат поради постоењето и влијанието на „страничното триење“ предизвикано од низа пречки и на коловозот и на тротоарот. Во трудот ќе биде претставен модулот кој се однесува на моделирање на состојбата на пешаците, нивните атрибути и симулација.

Item Type: Book Section
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Technical Sciences
Depositing User: Prof. d-r. Jasmina Bunevska Talevska
Date Deposited: 17 Jul 2020 09:10
Last Modified: 17 Jul 2020 09:10
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5564

Actions (login required)

View Item View Item