Препорачуваме - Фикции кои ја предвидоа реалноста

Boshkoska, Meri (2020) Препорачуваме - Фикции кои ја предвидоа реалноста. Еквилибриум, 30. pp. 24-25. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium30_0....

Abstract

Дали научната фантастика ја предвидува иднината или таа само ги инспирира идните откритија? Ова е прашањето коешто често си го поставуваме кога читаме или гледаме некои литературни или филмски остварувања. Денес, реалноста може да биде почудна од фикцијата, но уште почудно е кога нечија фикција ќе стане реалност. Имено, многу писатели, режисери, продуценти на некој начин успееја да „предвидат“ како ќе изгледа реалноста. Меѓу многуте книжевни дела би ги спомнала „1984“ најдоброто дело на англискиот автор Џорџ Орвел кој ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен режим, го претскажа модерниот живот и го предвиде „големиот брат“, како и масовното надгледување. Маја Лунд во „Историја на пчелите“ преку спојување на минатото, сегашноста и иднината успеа да го вознемири светот со мрачното предупредување за неизбежната судбината на планетата ако дозволиме пчелите да изумрат како вид. Епидемиите и болестите, коишто со векови му задавале проблеми на човештвото се преточени во фиктивни приказни во коишто има доволно преклопување со тековните настани за да се запрашаме, на некој начин, авторите успеале да ја предвидат моменталната пандемија. На почетокот од пандемијата, на интернет беа споделувани делови од романот „Очи на темнината“ од авторот Дин Кунц. Имено, авторот пишува токму за опасниот вирус Вухан-400 кој ги напаѓа белите дробови, а се споменува и Вухан којшто се смета за епицентар на епидемијата на коронавирусот. Сепак, според азискиот портал Mashable, разликите помеѓу вистинските настани и заплетот во книгата се големи. Во трилерот објавен во 1981 година, постојат големи разлики помеѓу вистинскиот вирус што започна од Вухан и оној опишан во романот. Вухан-400 е развиен како биолошко оружје со цел да ги убие сите луѓе на Земјата, со стапка на смртност од 100% и со исклучително краток период на инкубација од четири часа. Уште поинтересно е тоа што во првичното издание на неговиот роман вирусот го нарекол Горки-400 и потекнувал од Советскиот Сојуз. Писателот го променил изворот на вирусот во Кина дури по падот на Советскиот Сојуз, така што вирусот го преименувал во Вухан-400, но само во изданија што излегле по 1989 година.Пандемиите често пати претставуваат инспиративна тема за многу филмски продуценти и режисери. Така, глобалната пандемија со коронавирусот ја зголеми популарноста на акциониот трилер „Зараза“ од 2011 на Стивен Содерберг и тоа заради неверојатната сличност со актуелната пандемија. Иако, дејството во филмот претставува комбинација на научна фантастика и научни факти сепак, многу потсетува на моменталната состојба со коронавирусот во светот иако, за разлика од вирусот од филмот, реалната состојба не е толку драматична. Филмот го следи обидот на меѓународниот тим на научници да се справат со епидемијата на фиктивниот смртоносен вирус МЕВ-1, којшто убива меѓу 25 и 30% од заразените. Девојката Beth Emhoff, која ја глуми Gwyneth Paltrow, се враќа во САД од службено патување во Кина со симптоми на вирус и само два дена подоцна умира во просторијата за итни случаи. Наскоро, и други луѓе почнуваат да ги чувствуваат истите мистериозни симптоми: кашлица, треска, напади, крварење во мозокот... и конечно - смрт. Состојбата во Минеаполис, Чикаго, Лондон, Париз, Токио и Хонг Конг станува драматична. Така, со геометриска прогресија еден случај води до четири, потоа на шеснаесет, потоа на неколку стотици и илјадници, а инфекцијата се шири преку границите благодарение на безбројните меѓучовечки контакти што се случуваат секој ден. Во услови на глобална закана од новиот вирус луѓето се борат да се заштитат себеси и своите најблиски. Во една ваква ситуација, блогерот Jude Law тврди дека јавноста не е свесна за вистината за тоа што всушност се случува со што предизвикува епидемија на параноја и страв заразна исто толку колку што е заразен и самиот вирус. Во американските центри за контрола и превенција на болести, истражувачите се обидуваат да го разбијат кодот на единствениот биолошки патоген што постојано мутира. Како што расте епидемија, 25Еконмнсинфа си. 30Светската здравствена заедница брза да пронајде вакцина и да ја контролира паниката што се шири побрзо од самиот вирус. Девет години по објавувањето, „Зараза“ стана филм du jour во време кога светот се справува со многу реална болест предизвикана од Ковид-19 вирусот од кој се заразија над 6 милиони луѓе, во повеќе од 200 земји во светот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 18 Sep 2020 19:50
Last Modified: 18 Sep 2020 19:50
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5490

Actions (login required)

View Item View Item