Терминолошко збогатување на францускиот јазик

Николовски, Зоран (2013) Терминолошко збогатување на францускиот јазик. International Journal of Education - TEACHER. pp. 201-208. ISSN 1857- 8888 (Submitted)

[img] Text
Terminolosko zbogatuvanje na francuskiot jazik.pdf

Download (197kB)

Abstract

За да може еден јазик да остане современ и витален, мора да бидe способeн да го изрази модерниот свет во сета своја разноликост и комплексност. Со брзиот технолошки развој, секоја година во светот се појавуваат илјадници нови поими и идеи во сите области од човековото творење на коишто треба да им се даде име и да се разберат. На тој начин, професионалните лица од одредена област ќе можат јасно и прецизно да комуницираат на својот јазик, преведувачите да ги преведуваат соодветно сите специјализирани поими во односната област, а говорителите на одреден јазик ќе можат побрзо и поефикасно да ги усвојат новите концепти коишто често се многу сложени. Врз основа на овие општи лингвистички насоки и францускиот јазик мора постојано да се збогатува со нови термини од сите области со што ќе може адекватно да ја изразува современоста. Всушност, збогатувањето на францускиот јазик е една од карактеристиките на современата јазична политика на Франција. Целта на овој труд е накратко да го објасни современиот административен систем за збогатување на францускиот јазик врз основа на одредени правни акти (Законот од 4 август 1994 година за употреба на францускиот јазик и Декретот од 3 јули 1996 година за збогатување на францускиот јазик). Системот за збогатување на јазикот претставува симбиоза на работењето на Генералната комисија за терминологија и неологија, специјализираните министерски комисии за терминологија и неологија кои се тесно поврзани со Министерството за култура и комуникации т.е. Генералната комисија за француски јазик и за јазиците на Франција, Француската академија, франкофонските партнери и другите сродни институции кои даваат своевиден придонес во терминолошкото збогатување на францускиот јазик.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: терминолошко збогатување, француски јазик
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 06 Jun 2017 09:29
Last Modified: 06 Jun 2017 09:29
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/519

Actions (login required)

View Item View Item