За акронимите во новинарскиот потстил на МСЈ

Janusheva, Violeta (2019) За акронимите во новинарскиот потстил на МСЈ. In: Меѓународна научна конференција „Унапредување на статусот и корпусот на македонскиот стандарден јазик - Рацин и македонскиот јазик“, 14 и 15 јуни, 2018, Велес, РМ.

[thumbnail of За акронимите во новинарскиот потстил на МСЈ.docx] Text
За акронимите во новинарскиот потстил на МСЈ.docx

Download (1MB)

Abstract

Постојаните општествени промени доведуваат до појава на низа нови јазични поими, чија употреба, првенствено во новинарскиот потстил, станува сè почеста. Во оваа смисла, особено внимание привлекуваат акронимите кои претставуваат посебен вид изведени зборови, добиени со скратување на зборовите што влегуваат во составот на сложеното име. Оттука, предмет на трудот се акронимите што се употребуваат во македонскиот јазик. Целта на трудот е да се анализираат овие акроними од гледна точка на начинот на кој се создадени, на реализацијата (латинична или кирилична), на почитувањето на правописните правила, на согласувањето со останатите членови од реченицата, на потеклото, како и од гледна точка на областа на која ѝ припаѓаат.
Истражувањето има квалитативна парадигма и дескриптивен дизајн. Примерокот го сочинуваат голем број акроними присутни во македонскиот јазик што се ексцерпирани од електронски извори што припаѓаат на новинарскиот потстил. Истражувањето, во исто време, има и квантитативна парадигма, затоа што се испитуваат ставовите на голем број родени зборувачи на македонскиот јазик во однос на перцепцијата за согласувањето на акронимот со другите реченични членови. Од методите за обработка на информациите и донесување на заклучоци се употребуваат анализа, синтеза и компарација.
Истражувањето покажува дека од гледна точка на начинот на кој се создадени постојат неколку групи акроними, а во однос на реализацијата, иако се присутни двете, кириличната и латиничната, сепак, преовладува кириличната. Од истражувањето се гледа дека при создавањето на најголем број акроними се почитуваат правописните правила, но и дека постојат дилеми во однос на согласувањето на одделни акроними со останатите членови од реченицата. Овие дилеми се потврдуваат и со колебањето меѓу родените зборувачи на македонскиот јазик во однос на согласувањето. Истражувањето, исто така, покажува дека акронимите имаат различно потекло и дека припаѓаат на различни сфери од општествениот живот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Prof. d-r Violeta Januseva
Date Deposited: 03 May 2020 14:44
Last Modified: 20 Apr 2023 05:27
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5147

Actions (login required)

View Item View Item