БИБЛИОГРАФИЈА НА НАУЧНИОТ ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН - ПРИЛЕП (2004 - 2014)

Корубин - Алексоска, Ана and Гвероска, Биљана and Димитриески, Мирослав (2014) БИБЛИОГРАФИЈА НА НАУЧНИОТ ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН - ПРИЛЕП (2004 - 2014). 016:[633.71:005.71(497.775) . Европа 92 – Кочани, Кочани. ISBN 978-608-65785-1-0

Full text not available from this repository. (Request a copy)
Official URL: http://www.tip.edu.mk/files/bibliografija2014.pdf

Abstract

ПРЕДГОВОР Библиографијата на Научниот институт за тутун –Прилеп претставува збир на податоци за научноистражувачката дејност на научните работници во институтот, како и оние кои твореле во областа на тутунот. Со тоа, таа сведочи за развојот на научната мисла за тутунот и институтот низ историјата. Опфатени се податоци од јубилејот „80 години од своето постоење, развој и научноистражувачка работа до денес. Комплетирајќи ги библиографските податоци, таа го следи развојот на институтот од Јавна Научна установа во единица на Универзитетот Св.Климент Охридски - Битола. Обработена е релевантна содржина презентирана главно во списанието на тутунската наука и струка Тутун / Tobacco. Со податоците за издавачката дејност на институтот опфатена со ова списание се надоградува периодот по 2004 година. Но, исто така отвора една нова страница во историјата на ова списание – добивањето на меѓународен карактер во 2010 година. Внесени се податоци за монографии, библиографии, практикуми и прирачници издадени од страна на научните работници, или во издание на институтот. Исто така и научни трудови презентирани и соопштени на советувања, симпозиуми, конгреси и разни научни собири, со што во целост е осведочен процесот на осовременување на научноистражувачките процеси во земјава. Регистарот на автори ги содржи имињата на лица кои учествувале во духовното создавање на содржините. Тој е азбучно подреден и е доволен начин за да овозможи брза и непосредна информација за библиографските единици. Внесените библиографски податоци се само една база која ќе овозможи надополнување со нови содржини, во иднина. Библиографијата е изработена и во ASP.NET со база на податоци која работи на SQL Сервер, со што овозможува брзо пребарување и добивање на информации. Веруваме дека презентираната библиографија претставува прилог за идните генерации и дека ќе го претстави растежот и развојот на Институтот низ една значајна димензија на неговото деветдецениското постоење. Од уредниците

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Scientific Tobacco Institute
Depositing User: Prof. d-r. Ana Korubin - Aleksoska
Date Deposited: 03 Apr 2020 08:17
Last Modified: 03 Apr 2020 08:17
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/4756

Actions (login required)

View Item View Item