INDICATORS FOR SUSTAINABLE DEVELOPMENT OF THE ENVIRONMENT IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Kebakoski, Borislav and Dimoska, Tatjana (2014) INDICATORS FOR SUSTAINABLE DEVELOPMENT OF THE ENVIRONMENT IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA. Proceedings from the student conference on energy efficiency and sustainable development.

[img]
Preview
Text
INDICATORS FOR SUSTAINABLE DEVELOPMENT OF THE ENVIRONMENT IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA.pdf

Download (354kB) | Preview

Abstract

Човечкиот вид постојано се стреми да ја зголеми својата благосостојба, а тоа е можно единствено со зголемување на економскиот раст и развој. Но, покрај позитивните ефекти, економскиот развој резултира и со мноштво негативни ефекти особено во контекст на животната средина, при што во крајна линија се доведува во опасност опстанокот на човечкиот вид на планетата Земја. Единствен излез од тој “маѓепсан круг” претставува практицирањето на одржливиот развој кој се стреми да ја зголеми благосостојбата на сегашните генерации, со истовремено ставање акцент на заштитата на животната средина. Иако одржливиот развој е нашироко прифатен во светот, сепак претставува релативно нов поим за кого не постои една универзална и општоприфатена дефиниција. Станува збор за мултидимензионален и комплексен концепт кој сéуште се развива, а дефиницијата постојано се ревидира, преработува, дополнува и усовршува. Поради фактот што не постои единствена методологија за мерење на одржливиот развој, за таа цел се предлагаат индикаторите кои во зависност од тоа на кој аспект од одржливиот развој се однесуваат, може да бидат економски, еколошки и социо-културни, а претставуваат солидна база во процесот на донесување на одлуки на сите нивоа. Индикаторите на одржливиот развој може да се однесуваат на меѓународно, национално, регионално или дестинациско ниво.Во овој труд е направен обид да се одредат и оценат индикаторите за одржливиот еколошки развој во Република Македонија со цел да се утврди квалитетот на животната средина и степенот на исцрпеноста на природните ресурси и да се алармира кај надлежните органи за навремено преземање на адекватни мерки за зголемување на одржливиот еколошки развој во иднина. Клучни зборови: одржлив развој, животна средина, индикатори, Република Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Ftu Eprints
Date Deposited: 24 Mar 2020 14:55
Last Modified: 24 Mar 2020 14:55
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/4215

Actions (login required)

View Item View Item