Отворен ден на Економски факултет-Прилеп

Risteska, Aneta (2014) Отворен ден на Економски факултет-Прилеп. Еквилибриум (14). p. 5. ISSN 2671-3349

This is the latest version of this item.

Full text not available from this repository.

Abstract

И оваа година Економскиот факултет - Прилеп во рамките на своите промотивни активности за уписот во новата академска година, на 8 април 2014 година организираше отворен ден. Слично како и во претходните години, за оваа манифестација, интерес покажаа голем број средношколци од повеќе населени места. Имено, факултетот го посетија над 500 матуранти заедно со нивните професори од средните училишта од Прилеп, Битола, Кавадарци, Македонски Брод, Неготино, Демир Хисар, Крушево и Кичево. Овој настан претставуваше одлична можност матурантите одблиску да се запознаат со инфраструктирните и техничките капацитети, академскиот и соработничкиот кадар, како и со многу други соджини и можности коишто ги нуди нашата високобразовна институција.
Во текот на целиот ден студентите организирани во групи правеа обиколка низ Факултетот, и тоа низ амфитеатрите, предавалните, библиотеката, читалната, компјутерскиот центар, интернет клубот и сл. Во насока на информирање за едукативните можности, матурантите имаа можност да проследат презентации преку коишто се запознаа со современите услови и начинот на студирање според европскиот кредит трансфер систем и содржините на атрактивните студиски програми. Во тој контекст, вредно е да се напомене дека Економскиот факултет - Прилеп нуди бројни студиски програми за прв, втор и трет циклус студии. Треба да се истакне дека оваа респектирана високообразовна институција настојува да профилира кадри кои ќе бидат подготвени да одговорат на конкуренцијата на пазарот на труд па, токму поради тоа,студиските програми многу често се обновуваат со нови содржини со цел да кореспондираат со современите услови и барања на работодавачите. Во поглед надградување на наставниот процес со нови теоретски и практични знаења, матурантите беа информирани, дека во неговото реализирање континуирано се вклучени бројни визитинг професори од земјата и странство. Економскиот факултет - Прилеп има добра соработка со деловните субјекти, со што се овозможува студентите да реализираат практична работа. Во тој контекст беше нагласено дека голем број стручњаци од праксата реализираат предавања на коишто своите практични искуства несебично ги споделуваат со студентите.
Меѓу другото, учениците се запознаа и со можностите за вклучување во дополнителни активности, како на пример спортски натпревари, студентски забави, членување во Студентскиот парламент и АИЕСЕК што би им овозможило попријатен и побогат студентски живот. Се надеваме дека и овојпат, со организирање на активностите во рамките на отворениот ден ги постигнавме очекувањата на голем дел од матурантите кои го посетија нашиот Факултет. Оваа прилика ја користиме на идните броцоши да им посакаме многу среќа во реализирање на матурскиот испит и изразуваме искрена желба да направат вистинскиот избор на факултет и професија со којашто ќе се гордеат и ќе имаат добра иднина.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 05 Mar 2020 12:11
Last Modified: 05 Mar 2020 12:11
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3873

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item